Забава
(Видео) Расел Кроу: Гневот стана распространет во западното општество
На многумина од нас не им се непознати инциденти со излив на бес на пат – без разлика дали сме извршители или жртви. Но, што се случува кога еднa едноставнa сирена на автомобил се утврди дека е една од најлошите кошмари во вашиот живот?
Тоа е она што новиот трилер Unhinged се обидува да го истражи, а оскаровецот Расел Кроу ја презема улогата на нестабилен странец, кој прогонува жена по бесна конфронтацијата на автопат.
Во имејл-интервју за „Ејжа уан“, 56-годишниот холивудски актер откри дека првично не сакал да ја прифати улогата сметајќи дека дејствата на ликот се нерационални.
Тој објаснува: „Мојата прва реакција на сценариото беше дека тоа нема да биде нешто што некогаш би го направил затоа што не видов никаков рационален процес зад дејствата на ликот“.
„Приказната во фимот се фокусира на еден човек, кој верува дека неговиот живот не значи ништо и дека сите други треба да бидат виновни за тоа. Нема инфраструктура на донесување одлуки што ќе го доведат таму каде што е. Не сакав да глумам ваков лик затоа што јас сум многу загрижен дека, всушност, сите ние сме во таква ситуација“.
Но, иронично, фактот дека ликот ја отсликува сегашната состојба на работите во светот го натера Расел да ја прифати улогата. Тој за Би-би-си изјави дека улогата одразува еден вид бес, кој е распространет во западното општество.
„Почнав да сфаќам дека овој вид бес се случува постојано, се чини дека тоа е местото во кое пристигнавме во западното општество. На пример, тоа е човек што користи автомобил како оружје, луѓе што одат во цркви или џамии, училишта, ноќни клубови и отвораат оган. Луѓе што збеснуваат во супермаркет поради пакет тоалет хартија“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Најсекси фотографиите од нејзината кариера: Хејли Бибер се соблече за „Вог“ и ги помести границите
Хејли Бибер ја краси насловната страница на новиот мартовски број на австралиското списание „Вог“, а за оваа пригода позираше во неколку луксузни креации од светски познати дизајнери, идеални за претстојната пролет.
Постојат три различни насловни страници, па Хејли е во едната фустан од Ив Сен Лоран, на другата акцентот е на впечатливи очила за сонце од Баленсијага, а на третата насловна страница носи розов капут од брендот Муглер.
Со оглед на тоа што Хејли Бибер е и моден инфлуенсер и трендсетер, а поседува и сопствен бренд за козметика Rhode, беше очекувано дека нејзините модни комбинации за едиторијалот ќе послужат како инспирација за многу дами за претстојниот период.
Познатата манекенка донесе различни стилови и впечатливи модни комбинации, меѓу кои некои се издвоија на прв поглед, оставајќи впечаток за нејзините најпредизвикувачки и најсмели изданија во нејзината кариера.
По палтото од вештачко крзно кое е апсолутен моден хит оваа сезона, таа носи само црни хеланки и има интересен детаљ на градите, додека на втората фотографија позира во смело елегантно сако и необичен транспарентен фустан кој речиси ништо не покрива.
Позираше и во кожна јакна и гаќички, но и во црвен градник од чипка. На едната од фотографиите беше уште похрабра – додека позираше во црн долг фустан, нејзиниот гол задник е во преден план, додека на другата е покриен само со голема црна сатенска машна.
Забава
Дејвид Гета (58) го доби четвртото дете
Дејвид Гета го пречека своето четврто дете. Познатиот 58-годишен француски диџеј и неговата 34-годишна девојка Џесика Ледон го пречекаа своето второ заедничко дете, синот Скајлер, а веста ја објавија на Инстаграм.
Двојката веќе има син, Сијан, а Гета е и татко на 22-годишниот Тим Елвис и 18-годишната Анџи од бракот со поранешната сопруга Кети.
Во заедничка објава, која беше споделена и на профилот на Џесика Ледон, тие напишаа: „Добредојде на овој свет, Скајлер ❤️ Најубавата тајна што некогаш сме ја чувале“.
На една фотографија се гледа нивниот син Сијан, кој наскоро ќе наполни две години, како ѕирка во креветчето каде што спие Скајлер. Гета објави и кратко видео во кое новороденчето спие на гради. „Ова мало спие на моите гради“, рече тој, додавајќи: „Шшш“.
Голем број познати личности брзо одговорија во коментарите. „Честитки“, напиша Џенифер Лопез, а Иванка Трамп рече: „Толку сум среќна за вас! Честитки Дејвид и Џесика!“
И колегите диџеи исто така им честитаа – Тиесто напиша: „Честитки, брате“, а Армин Ван Бурен: „Честитки, човече“. Пејачот на Каскада додаде: „О, честитки и целата среќа на светот“.
Дејвид Гета и Џесика Ледон првпат се запознаа во 2015 година. Се вели дека се разделиле во 2022 година, но повторно се зближиле следната година. Во март 2024 година, тие го добија својот прв син.
Забава
(Фото) Трикот за подолги нозе што го обожава Марго Роби: Се враќаме на трендот од 70-тите
Марго Роби често е инспирација за многу жени и секоја облека навистина ѝ стои совршено, па затоа едвај чекаме да видиме со какви нови работи ќе нè изненади и што ќе можеме да „употребиме“ за нашите комбинации.
Сведоци сме на големо враќање на 90-тите, особено кога станува збор за модата, но ова враќање не е ограничено само на модата, туку влијае и на нашите животи.
Марго Роби и Џенифер Лопез го вратија фокусот на широките фармерки што некогаш се носеа; модел што ја нагласува фигурата и ги издолжува нозете. И токму ова е трендот што ги одбележа 70-тите, а многу дами со задоволство се враќаат на него.
Во едно од своите изданија, Марго Роби носеше фармерки со висок струк, тесни на половината и широки ногавици под колената, и покажа дека овој ретро детаљ е сè уште меѓу најголемите трендови, и јасно е зошто.
Фармерките ги комбинираше со кратка јакна што подоцна ја соблече, со потпетици и трендовски елек, а одлично одат и со патики или други рамни чевли, како и со полежерни и елегантни парчиња.

