Забава
(Видео) Рецептот што стана глобален хит: микогаш порано ручекот не бил толку едноставен, а толку вкусен
„Тик-ток“ веќе некое време ги диктира трендовите во кујната, а еден од наједноставните рецепти во последните месеци стана и еден од најпопуларните.
Видео во кое американската учителка Кортни Кук Бејлс за ручек јаде цел печен сладок компир со кора, полнет само со сирење, се прошири на социјалната мрежа со неверојатна брзина, а сите сега го обожаваат овој брз рецепт.
Станува збор за рецепт со само две состојки, кој, според достапните податоци, е прегледан речиси 10 милиони пати. Наместо само да продолжат да бараат, многу корисници решија да ја пробаат оваа необична комбинација во своите кујни, а реакциите се претежно позитивни. Токму оваа едноставност и леснотијата на подготовка го претворија овој ручек на учителката во глобален хит.
Како да подготвите вирален сладок компир со сирење
Во оригиналната верзија слаткиот компир се пече во фритеза на топол воздух или во рерна на 150°C, од еден час до еден час и 20 минути, додека не омекне целосно. По печењето, се остава во рерна уште еден или два часа за да остане топол, но не врел. Потоа, парчиња сирење, едноставно, се ставаат во слаткиот компир, кој малку се топи, но задржува дел од својата текстура.
@courtneylcook Monday: complete. #teachersoftiktok #mukbang #cheesestuffedsweetpotato #butterkase #foodtok ♬ original sound – Courtney Cook
Многумина што го пробале рецептот го приспособиле на своите навики. Слатките компири често се печат на повисока температура (околу 190°C) за пократко време, со додавање маслиново масло и сол за да се направи кората повкусна. Се покажува дека клучот е кога да се додаде сирењето – кога слаткиот компир е сè уште топол, но не премногу жежок. На овој начин, сирењето не се топи целосно, туку останува кремасто и богато со текстура.
Зошто оваа комбинација функционира
Успехот на рецептот лежи во комбинацијата на две состојки, кои природно се надополнуваат. Слатките компири имаат изразена, малку слатка арома, а сирењето носи соленост, полнота и длабочина на вкусот. Поради минималниот број состојки, двата вкуса доаѓаат до израз, без непотребни додатоци.
@stefffine sweet potatoe & cheese? 🍠 @Courtney Cook #sweetpotatoes #cheese ♬ original sound – Love Marie
Разните видови сирење даваат разни резултати што го прави рецептот подложен на експериментирање.
Иако јадењето е доволно вкусно само по себе, многумина додаваат свежо мелен црн пипер, кој малку ја разбива сладоста на компирот и дополнително го подобрува вкусот на сирењето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Комичарка го исмеа Леонардо Ди Каприо на „Златните глобуси“, неговата реакција е вирална
Комичарката Ники Глејзер беше домаќинка на доделувањето на наградите „Златен глобус“ втора година по ред, а церемонијата одржана на 11 јануари беше обележана, меѓу другото, со шега за Леонардо Ди Каприо и неговите врски со многу помлади жени.
Глејзер се осврна на номинацијата на Дикаприо за неговата улога во „Една битка по друга“.
„Безброј иконски улоги, си работел со сите големи режисери. Освои три Златни глобуси и еден Оскар. И најимпресивното од сè е што успеа да го направиш сето ова пред твојата девојка да наполни 30 години. Мислам, тоа е едноставно лудо.“
51-годишниот актер, навикнат на вакви досетки, се насмеа и кимна со главата во знак на одобрување. Неговата 27-годишна девојка, Виторија Черети, со која неодамна беше на одмор во Сент Бартс, не беше со него таа вечер.
„Лео, жал ми е за шегата, ефтина е, се обидов да ја избегнам“, рече Глејзер.
„Но, не знаеме ништо друго за тебе, човече. Нема ништо друго… Направив малку истражување, најдлабинското интервју што некогаш си го дал е за Тин Бит во 1991 година. Дали твојата омилена храна сè уште е „тестенини, тестенини и уште тестенини“?“
„Да“, промрмори актерот од својата маса со палец нагоре, „секако дека е“.
фото/депозитфотос
Забава
Концерт на Слаткар на 2 август во Охрид
На 2 август, на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, во организација на „Прагма продукција“, Марко Маринковиќ – Слаткар ќе го одржи својот најголем концерт досега.
Настан што ја отсликува зрелоста на една кариера и нејзиното цврсто место на домашната сцена како резултат на континуиран и јасно изграден авторски пат.
Концертот во Охрид ќе отслика една ера и едно време, преку песни што оставија значаен белег на нашата музичка сцена – сега со нова енергија, пред илјадници луѓе, на отворена сцена, во град кој е симбол на културата и уметноста.
„Овој концерт за мене е од голема важност. Тој е круна на мојата досегашна работа. Вечерта, на Илинден, сите мои блиски пријатели ќе бидат дел од сцената. Конечно македонски концерт на стадион! Дојдете најубаво да си поминеме!“, вели Слаткар.
Во повеќе од дваесет години активна работа, неговата музика се менуваше и созреваше, но никогаш не ја изгуби суштината, директноста и искреноста. Токму поради тоа, песните не се заборавија, туку се доживуваат сè посилно и продолжуваат да живеат од генерација на генерација.
Во време кога сцената брзо заборава, Слаткар успеа да се задржи цврсто, без да се повторува, и да биде препознатлив без потреба да се објаснува или докажува.
На 2 август, стадионот „Билјанини Извори“ ќе стане место каде минатото, сегашноста и иднината ќе се сретнат во ист ритам – со неговите безвременски хитови, богата програма со специјални гости и врвна продукција.
Не пропуштајте да бидете дел од овој историски концерт!
Картите се веќе во продажба и може да се купат преку: www.kupikarta.com, Розе Веро 2, ЈК Травел Бисер и ЈК Травел Дајмонд.
Линк за карти: https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5728
Забава
(Видео) Пожар избувна зад сцената на доделувањето на Златните глобуси
За време на синоќешната доделба на Златните глобуси во Лос Анџелес избувнал мал пожар зад сцената. Инцидентот се случил во прес-собата, откако член на кетеринг-службата случајно превртел сад за загревање храна, објави „Дели мејл“. Новинарот Крис Гарднер наведе дека тепихот кратко горел, се појавил чад, но пожарот брзо бил изгаснат и никој не бил повреден.
Crisis averted inside #GoldenGlobes backstage press room as catering knocked over a coffee holder and the sterno underneath was lit. For a brief moment, the carpet was on fire and smoke wafted up around the curtains. They put it out quickly fortunately. Yikes! pic.twitter.com/FTFixnZppT
— Chris Gardner (@chrissgardner) January 12, 2026
Инцидентот не бил единствениот што ја одбележал вечерта. Гледачите реагирале бурно откако наградата за најдобра филмска музика му била доделена на Лудвиг Горансон за филмот „Sinners“ за време на рекламна пауза. Снимката од моментот стана вирална, а многумина оценија дека станува збор за непочитување кон уметниците, особено затоа што за други сегменти од церемонијата имало доволно време.
Ludwig Göransson accepts the #GoldenGlobes award for for Best Score Motion Picture! 🎵 Congratulations! pic.twitter.com/IVW28K3HTb
— Golden Globes (@goldenglobes) January 12, 2026

