Забава
(Видео) Само на Флорида: босоног човек се бори со алигатор

Невообичаена глетка ги пречека возачите на Флорида вчера на раскрсница на автопат во јужен Џексонвил. Имено, тие можеа да видат бос човек како се бори со голем алигатор на тревата помеѓу сообраќајните ленти.
Видео објавено од канцеларијата на шерифот на округот Џексонвил го прикажува лиценцираниот ловец на диви животни Мајк Драгич како се бори со влечугата долга неколку метри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Доделувањето на наградите „Еми“ беше одбележано со една фризура: сега е вистински моден хит

Парадата на познати ѕвезди во Лос Анџелес на 77-то доделување на наградите Еми донесе нови/стари модни трендови. Сепак, еден тренд во областа на фризурите ги засени сите други.
Залижаната опашка беше ѕвезда на вечерта. Според „Мари Клер“, иако беа забележливи и други трендови, како што се враќањето на разделената коса на страна и класичните црвени усни, опашката, сепак, беше апсолутен фаворит на вечерта кога станува збор за женските фризури.
Ѕвезди кои го избраа овој тип фризура
Пејачката и актерка Селена Гомез го претвори својот долг боб во совршено залижана опашка со малку свиткани краеви во препознатлив стил на Барби.
Сличен впечаток остави и Елизабет Бенкс, која избра екстремно долга и висока опашка украсена со платински прамени.
Покрај Селена и Елизабет, овој тренд го прифатија и Кристин Бел и Брит Лавер, докажувајќи дека високата опашка е непогрешлив избор за свечени пригоди.
Како да се постигне совршен изглед?
Клучот за постигнување на совршено собрана коњска опашка е да ја подготвите косата и да ги користите вистинските производи. Првиот чекор е да ја исушите со фен за да создадете мазна основа, а потоа да користите пегла за да додадете сјај.
Откако косата ќе биде стилизирана, се измазнува со производи за стилизирање – како гел или восок – за да се задржат прамените на место. Конечно, се запечатува со лак за коса за да се одржи изгледот во текот на целата вечер.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Скарлет Јохансон успеа да ја подели јавноста со своето модно издание на доделувањето на наградите „Еми“.

Прославената актерка Скарлет Јохансон пристигна на доделувањето на наградите „Еми“ со својот сопруг Колин Џост.
Додека Колин доби позитивни коментари за неговото класично црно одело, неговата сопруга повторно ја подели јавноста со својот моден избор.
Овој пат, Скарлет не сакаше да биде екстравагантна или „агресивна“, па затоа избра едноставен тесен фустан што ја следи линијата на телото и нема прерамки. Покрај тоа, актерката додаде само еден пар обетки, додека многумина ја опишаа нејзината фризура како недовршена.
Скарлет Јохансон дури и разочара некои со ова издание бидејќи очигледно луѓето заборавија дека постои и едноставност во облекувањето, додека на други им се допаѓа и ја опишуваат како пример за вистинска харизма и жена која може да носи што сака.
Тие ја критикуваа и затоа што не носела повеќе шминка, сепак се работи за гала настан, но се чини дека Скарлет Јохансон не обрнала внимание на коментарите.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Џесика Алба изгледа подобро од кога било, таа буквално процвета по разводот

Холивудската актерка Џесика Алба ужива во разводот од Кеш Ворен. Иако веќе некое време е во врска со Дени Рамирез, со кого се појави на Отвореното првенство на САД, актерката блеска и кога се појавува сама.
Таа се појави на ревијата на брендот Тори Бурч како дел од Неделата на модата во Њујорк, а нејзиното доаѓање беше повеќе од гламурозно.
Џесика избра бордо здолниште во молив форма кое го комбинираше со проѕирен џемпер со светки под кој јасно се гледаше нејзиниот градник. Ова беше едно од нејзините поелегантни изданија.
На сè додаде кафеава чанта, мрежести чорапи и штикли, па затоа беше смела, елегантна и во исто време заводлива.
Овој стил е одлично решение и за деловни пригоди, па затоа Џесика сигурно ќе биде вистинска инспирација за многуте дами кои ја следат.
За време на бракот со Ворен, Џесика не беше толку во центарот на вниманието, но тоа сега се промени. Многумина коментираат како актерката процветала и изгледа подобро од кога било.
фото: принтскрин