Забава
(Видео) Светнаа новогодишните елки во Белата куќа

Меланија Трамп на својот профил на „Твитер“ покажа како изгледа Белата куќа украсена во пресрет на Божик.
„Американски дух“, стои во објавата на првата дама, која сподели неколку фотографии на социјалната мрежа.
“The Spirit of America”#ChristmasWhiteHouse2019 pic.twitter.com/4zgxBJN4L1
— Melania Trump (@FLOTUS) December 2, 2019
„Возбудена сум што можам да ја споделам оваа изложба на патриотизам со сите вас“, додаде Меланија споделувајќи и видео.
“The Spirit of America” is shining in the @WhiteHouse! I am delighted to share this beautiful exhibit of patriotism for all to see, and excited for everyone to experience the beauty of the #Christmas season! pic.twitter.com/qGxxl9qBrd
— Melania Trump (@FLOTUS) December 2, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Мачор доби работа на Филозофскиот факултет во Осијек

Мачорот Џиво доби работа на Филозофскиот факултет во Осијек. Тој се вработи во библиотеката на Филозофскиот факултет во Осијек и ќе ја добие својата плата во форма на сместување, храна и здравствено осигурување.
Во ноември 2017 година, Филозофскиот факултет во Осијек ширум ги отвори вратите за милениците, а неодамна и мачорот доби Џиво Гундулиќ доби работа во новоотворената библиотека, пренесува sib.hr.
На фејсбук страницата на библиотеката се објавени фотографии на нововработениот мачор, за кој се вели дека неговата работа е да пишува семинари со студентите, да брои книги, а за неговите услуги добива храна, стан, здравствено е осигуран, додека се уште не е синдикално организиран.
Забава
(Видео) Тамара Тодевска – најдобар интернационален артист на Кенга Маџик во Албанија

Тамара Тодевска со песната „Monsters” вчера беше прогласена за најдобар интернационален артист на престижниот музички фестивал Кенга Маџик во Тирана, Албанија.
„Monsters” е авторско дело на Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветковски, со текст на Коста Петров.
„Пресреќна сум. Оваа награда ја посветувам на моето семејство и на Македонија”, изјави Тамара при земањето на наградата која и беше врачена од овогодинешната претставничка на Евровизија за Албанија.
Во моментов Тамара го привршува нејзиниот трет студиски албум а до крајот на годината ќе биде промовиран и видео записот за „Monsters”.
Забава
(Видео) Кинеската полиција објави видео за „совршениот сопруг“- досега го гледале над седум милиони луѓе

Кинеската полиција објави видео за „совршениот сопруг“ кое за кратко време го гледале над седум милиони луѓе. Огромен интерес предизвика видеото со коешто полицијата го пофали сопругот кој беше и дозволи на бремената сопруга да седне на неговиот грб, како замена за столче во преполните ходници на болницата, додека чекаат на ред за преглед.
Во исто време, тие ги осудија останатите граѓани кои чекаа во болничкиот ходник, а не и отстапија место за да седне жената во одмината бременост.
Некои од нив седат и си играат на мобилен телефон, додека таа едвај стои покрај нив. Видеото е снимено во Хеганг во провинцијата Хеилонгџианг, во северо-источна Кина.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци