Забава
(Видео) Северина за настапот во Скопје: „Ваков концерт не очекував“
Преполната арена „Борис Трајковски“ во Скопје во саботата ја пречека Северина, која со овој концерт ја продолжи актуелната турнеја надвор од границите на Хрватска.
View this post on Instagram
„Ова е наш трет концерт во арената ‘Борис Трајковски’ и не очекував ваков концерт… Овој пат немавме ниту танчари, но ниту ни требаа, направив сè наместо нив, дури ни голема видеопродукција, но она што навистина ми е битно, затоа што тоа е моето гориво, е одличен бенд, одлични музичари, ги имаше многу на сцената и дадоа сè од себе оваа вечер да остане засекогаш запаметена и засекогаш врежана во срцата на публиката, но и нас самите… И тие и јас бевме вчудовидени и благословени што ги видовме новите генерации како ги пеат нашите песни, како и оние познати луѓе, кои веќе доаѓаа на нашите концерти во Македонија. Му благодарам на Скопје, им благодарам на сите за несебичната љубов што ми ја даваа при секоја композиција и морам да кажам дека ова беше еден од најдобрите концерти… Не ја сметам само Македонија. Еден од најдобрите концерти досега… Благодарам“, изјави Северина по концертот.
View this post on Instagram
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Птиците умираат пеејќи, се пошегува Северина по падот на концерт
Северина ги покажа модриците што ги доби по падот на концертот во загрепската Арена и откри како се подготвувала за вториот настап. Пејачката се пошегува на свој сметка, велејќи: „Птиците умираат пеејќи“.
Во видеото објавено на Инстаграм таа раскажа дека болката во ногата се појавила утрото по концертот. Покажа и дел од загревањето со својот тим, како и моменти од шминкањето.
View this post on Instagram
Северина откри дека една соработничка ѝ рекла дека „веќе не е за трчање“ бидејќи е „стара“, на што пејачката одговорила дека може да трча и во штикли и се нашалила дека фудбалерите постојано паѓаат.
Забава
Дуа Липа ужива во Бразил и објавува фотографии од плажата и градот
Дуа Липа објави фотографии од Бразил за време на паузите од нејзината „Radical Optimism“ турнеја.
За Инстаграм позираше на плажа, на jet-ski и во градот, носејќи минијатурно виолетово бикини, црн и бел фустан. Фотографите претходно ја снимија и на базен на поткровје во луксузен хотел во Рио де Жанеиро, во црно-жолто бикини.
View this post on Instagram
Забава
Пејачката објави серија жешки фотографии, не се за оние со слабо срце
Пејачката Дуа Липа веќе долго време го привлекува вниманието на јавноста – и поради нејзината музичка турнеја „Радикален оптимизам“ и поради нејзините провокативни фотографии на интернет.
Таа моментално е во Рио де Жанеиро на закажан концерт, но тоа не ја спречува да ужива во шармот на овој тропски град. Папараците неодамна ја фотографираа во тесно црно-жолто бикини, но сега таа ги поштеди од маката и доброволно објави серија жешки фотографии на Инстаграм.
Дуа покажа неколку модни изданија, а едно особено го привлече нејзиното внимание. Станува збор за атрактивно виолетово бикини украсено со светки. За фотосесијата, таа додаде златна огрлица и нараквица, а нејзиното лице без шминка беше исто така забележливо.
Минијатурниот костим за капење ја истакна нејзината витка фигура, а коментарите од нејзините следбеници на Инстаграм само се зголемија.
„Неверојатна си“, „Навистина си убава“, „Го обожавам тоа бикини“, се само неколку…
фото: принтскрин

