Забава
(Видео) Семејството на текстописецот на Let’s Get It On ја заврши судската битка против Ед Ширан

Наследниците на музичарот коавтор на големиот хит на Марвин Геј, Let’s Get It On, се согласиле да ја отфрлат жалбата на пресудата на американската порота, која утврди дека песната Thinking Out Loud на британската поп-ѕвезда Ед Ширан не е плагијат на класикот на Геј.
Во мај судот во Њујорк пресуди дека Ширан не ја копирал песната на Геј кога ја компонирал Thinking Out Loud, еден од најголемите хитови на Британецот.
Во судскиот поднесок во средата (20 септември) се наведува дека наследниците на текстописецот Ед Таунсенд, коавтор на песната на Марвин Геј, ќе ја повлечат жалбата без предрасуди, што значи дека не може повторно да се поднесе.
Адвокатот на Ширан, Елин Фаркес, во четвртокот рече дека наследниците увиделе дека жалбата ќе заврши со потврдена пресуда и станале свесни дека е мудро да се повлечат имајќи ги предвид судските такси и трошоците на кои ќе бидат изложени.
Адвокатите на наследниците на Таунсенд не одговорија веднаш на барањето за коментар во четвртокот.
Наследниците на Таунсенд ги тужеа Ширан, „Ворнер мјузик“ и „Сони мјузик“ за прекршување на авторските права тврдејќи дека хитот на Ширан од 2014 година го копирал срцето на класикот на Геј од 1973 година, вклучително и мелодијата, хармонијата и ритамот.
Адвокатите на Ширан возвратија дека секоја сличност меѓу песните вклучува основни музички градежни елементи, кои не може да бидат заштитени со авторски права.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Доли Партон верува дека флертувањето со други мажи е здраво за бракот: „Не сме љубоморни и никогаш не сме се изневериле сексуално“

Пејачката Доли Партон има зачинет отворен брак со сопругот Карл Томас Дин (56). Таа имала само 18 години кога го запознала 21-годишниот Карл, а парот набрзо се венчал во 1966 година.
Иако никогаш не добиле деца, таа помогнала во одгледувањето на неколку нејзини помали браќа и сестри, како и внуки и внуци.
А тајната за толку долг, среќен брак? Очигледно флертувањето со други луѓе било дозволено. Кралицата на кантри музиката Доли признава дека мажите се нејзината слабост, но вели дека Карл знае дека е лудо вљубена во него. Пишувајќи во своите мемоари од 2017 година таа призна:
„Тој не е љубоморен и не сум му љубоморна. Тој знае дека флертувам. И тој флертува. Да, тоа е отворена врска, но не и сексуална и би го убила ако воопшто мисли да го направи тоа. И тој мене. На крајот на денот, лудо се сакаме“.
Доли сака да изгледа што е можно подобро за својот маж. Зборувајќи за „Е!“, таа објасни:
„Секој ден се шминкам и ја поправам косата затоа што си мислам: ‘Па, цел свет има можност да ме види цела дотерана, а јас не сакам да му изгледам лошо кога сум тука дома. Важно ми е да изгледам најдобро’. Мислам дека тој став помага нештата да останат зачинети“, рече таа.
Во една прилика за „Дејли Мејл“ го призна следново:
„Мажите ми се слабост. Низок, дебел, ќелав или слаб – се заљубувам во многу необични мажи, но Карл знае дека секогаш ќе се вратам дома и нема да сум интимна со овие луѓе – само флертувам и се забавувам“.
Иако никогаш физички не го изневерувала својот маж, Доли признала дека се впуштила во катастрофална емоционална афера. Таа сфатила дека има чувства кон маж чиј идентитет никогаш не го открила, што отишло предалеку.
Забава
(Видео) Сите луксузни вили на Новак Ѓоковиќ

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ дел од парите од својата плодна кариера ги вложи во недвижнини, па ги има многу ширум светот, пишува „Б92“.
Новак Ѓоковиќ моментално се одмара со семејството во својата вила во Марбела која чини 10 милиони евра и е нивна сопственост од 2020 година.
Њујорк
Новак поседува два пентхауса во „Големото јаболко“, за кои платил 10 милиони долари. Тие се наоѓаат во населбата Сохо, а архитектот Ренцо Пијано ги дизајнирал така што зрачат со луксуз.
Мајами
Њујорк не е единственото место каде што Ѓоковиќ поседува недвижен имот, со оглед на тоа што светскиот рекет број еден си создаде оаза и во Мајами. Куќата е со големина од 35 хектари и има поглед на океанот. Бидејќи никогаш не сакале да живеат таму, го купиле имотот за 5 и го продале за 7,15 милиони.
Космај
Купиле куќа и на Космај која чини 2,9 милиони, но веднаш решиле да ја реновираат. Парцелата на која ја купиле куќата се простира на неколку хектари.
Херцег Нови
Новак Ѓоковиќ купи луксузен имот и во новоотворената населба Порто Нови за 10 милиони евра. Сигурно сте обрнале внимание каде семејството Ѓоковиќ ги поминува летните паузи меѓу турнирите, а најчесто тоа е токму во црногорската луксузна населба. Не е непознато дека Новак и Јелена за сите семејни веселби ја избираат Црна Гора, па често летуваат во овој комплекс.
Монако
Може да се каже дека Новак најмногу инвестирал во недвижнини во Монако. Тој има имот во Монте Карло, кој е свртен кон Средоземното Море. Не е познато колку точно пари вложил во него.
Белград
Тенисерот број еден во главниот град на Србија поседува пентхаус во луксузната населба Вест 65, кој го платил 545.000 евра. Една од работите што ја имаат во него е тераса од 100 метри квадратни со базен.
Павловачко езеро
Семејството Ѓоковиќ има и вила покрај Павловачкото езеро, во близина на Рума. Величествениот објект има 1.200 квадратни метри, а самиот имот е со големина од неколку хектари.
Откако се појави информацијата дека најдобриот тенисер на светот ја избрал оваа дестинација за инвестирање, цените на земјиштето пораснаа на овие простори.
Забава
Три хороскопски знаци кои се познати по честите промени во расположението

Расположението понекогаш е како времето – променливо и непредвидливо. Еден момент можеме да почувствуваме бура од емоции, а следниот сончев мир.
Овие промени можат да бидат резултат на голем број фактори, вклучувајќи го и хороскопскиот знак во кој сме родени. Според астролозите, три хороскопски знаци имаат најголема склоност кон променливо расположение.
Рак
Раковите се познати по нивната емоционална длабочина и чувствителност. Нивните промени во расположението често се поврзани со нивната емпатија и тенденција длабоко да ги чувствуваат не само сопствените емоции, туку и емоциите на другите луѓе. Нивната интуиција ги прави многу реактивни кон околината, што може да доведе до ненадејни промени во нивното расположение.
Близнаци
Близнаците се познати по нивната сестраност и приспособливост, но и по нивната променливост. Тие се воздушен знак и како такви често ги менуваат мислите и чувствата. Нивната природа е љубопитна и комуникативна, но и непредвидлива. Нивните промени во расположението можат да бидат исклучително брзи и чести, а понекогаш и самите Близнаци тешко ги следат сопствените емотивни скокови.
Шкорпија
Шкорпиите се воден знак, познати по својот интензитет и страст. Нивните емоции се длабоки и силни, а кога станува збор за промени во расположението, тие можат да бидат исто толку интензивни. Шкорпиите често се мистериозни, а нивните емотивни реакции знаат да бидат неочекувани и драматични.