Забава
(Видео) Се шири старо интервју со Меланија, ја прашаа дали е со Трамп само поради богатството: „Модел (28) и автомеханичар (53) – баш не функционира“
Старото интервју на Меланија Трамп од 1999 година, кога таа реагира на обвинувањата дека имала афера со Доналд Трамп, повторно стана вирално на социјалните мрежи.
Иако во моментот се опкружени со разни интриги, вклучително и тврдења дека нивниот брак бил само публицитет, Меланија порано говореше поинаку.
Веста дека 28-годишната манекенка е во врска со Трамп, кој во тоа време имал 52 години, природно предизвика шпекулации дека сè се врти околу неговото богатство. Во интервју за „Еј-би-си њуз“ Меланија беше директно прашана дали е со Трамп поради парите.
ABC Interview of Melania Trump at 26, before she met Donald Trump, talked about if she became the first lady. HelloX pic.twitter.com/MKcu4SmUny
— Holmes1618 (@Holmes1618) January 2, 2025
„Знаете, тие луѓе, тие не ме познаваат. Луѓето што зборуваат така, дефинитивно, не ме познаваат“, рече таа, но новинарот додаде дека не може често да се видат, на пример, 28-годишна манекенка и 53-годишен автомеханичар заедно.
„Знаете што, не можете да спиете со убави работи, да ги прегрнете или да разговарате со нив, со убав стан, убав авион, убави куќи, не можете да го направите тоа. Се чувствувате многу празно и ако некој каже дека сум со тој човек затоа што е богат и славен, дефинитивно, не ме познава“, заклучи таа.
Во истото интервју Меланија откри и дека, доколку стане прва дама, ќе биде многу традиционална, како Џеки Кенеди, и сигурно ќе го поддржува својот сопруг во секое време.
Меланија и Доналд Трамп се запознаа во 1998 година, набргу почнаа да се забавуваат и се венчаа дури во 2005 година. Само една година подоцна го добија синот Барон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Вратата ја удри Ријана, нејзината реакција стана хит
Поп-ѕвездата Ријана доживеа мала незгода при излегување од хотел во Њујорк, кога вратата ја удри бидејќи телохранителот не ја придржал. Ситуацијата е снимена и видеото брзо се прошири на социјалните мрежи.
Ријана реагираше во свој стил – се насмеа и му дофрли на телохранителот: „Баш сте џентлмен“. На интернет се отвори дебата – некои сметаат дека тој требало да ѝ помогне, други дека тоа не е негова работа. Сепак, повеќето се согласија дека пејачката само се пошегувала.
Rihanna reacts to being hit by a door after her bodyguard fails to hold it:
“Such a gentleman you are.”
— Buzzing Pop (@BuzzingPop) January 17, 2026
Забава
(Видео) Хурем и Сулејман повторно заедно – по 12 години од серијата, блеснаа на црвениот тепих
По 12 години од крајот на снимањето на популарната серија Сулејман Величествениот, актерите Мерјем Узерли (Хурем) и Халит Ергенч (Сулејман) се појавија на ист настан — доделувањето на наградите Joy Awards во Ријад, Саудиска Арабија.
Мерјем блескаше во долга, богато украсена креација на Khaled & Marwan, наликувајќи на вистинска султана. Со изборот на облека таа ги испочитува културните норми на земјата-домаќин.
View this post on Instagram
На настанот присуствуваа и светски ѕвезди како Мили Боби Браун (која доби признание за личност на годината) и пејачката Кејти Пери, која ја отвори церемонијата.
Мерјем и Халит се најдоа во исти кадри и на видеото кое актерката го објави на стори на „Инстаграм“, што дополнително ги разгоре шпекулациите за нивната блискост.

Халит Ергенч се појави на настанот со својата сопруга, актерката Бергузар Корел, со која денес имаат три деца и заедно ја надминале брачната криза од минатото.
Фото насловна: „Сулејман величествениот“ – промотивен материјал
Забава
Директорот на „Рајанер“ и Илон Маск си разменија навреди: „Тој е идиот – многу богат, но сепак идиот“
Јавна расправија со навреди изби меѓу Илон Маск и извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, откако О’Лири во интервју за ирското радио „Њусток“ го нарече Маск идиот и ја нарече неговата социјална мрежа „Икс“ – септичка јама. Причина за конфликтот е одлуката на „Рајанер“ да не ја користи ви-фи услугата „Старлинк“ во своите авиони.
„Тој е идиот – многу богат, но сепак идиот“, рече О’Лири.
Маск реагираше на „Икс“, нарекувајќи го О’Лири целосен идиот и побара да биде отпуштен. Во друга објава додаде: „Отпуштете го овој имбецил“, обвинувајќи го дека погрешно ги проценил ефектите на „Старлинк“ врз потрошувачката на гориво.
Во расправијата се вклучи и официјалниот профил на „Рајанер“ на „Икс“, кој го исмеа Маск поради прекин на платформата: „Можеби вам ви треба ви-фи, @elonmusk?“
perhaps you need Wi-Fi @elonmusk? https://t.co/eq82qcLqKv
— Ryanair (@Ryanair) January 16, 2026
О’Лири изјави дека „Старлинк“ не е практичен за нискобуџетните летови на кратки релации, бидејќи надворешните антени ја зголемуваат аеродинамичната отпорност и трошат повеќе гориво – до 2 проценти повеќе, што би чинело стотици милиони долари годишно.
Маск ги оспорува овие податоци, тврдејќи дека веќе постојат авиокомпании кои летаат со авиони опремени со „Старлинк“ и дека високобрзинскиот интернет ќе стане пресуден за изборот на патниците.

