Забава
(Видео) Сите се воодушевени од изданието на Меган Маркл од 5.000 евра: „Совршено е, а таа е прекрасна“
Меган Маркл уште еднаш нè убеди во својата љубов кон едноставен, но софистициран стил, што го покажа и за време на едно појавување во Њујорк, на кое присуствуваше со својот сопруг, принцот Хари.
Таа носеше трендовски беж костим; широки панталони и соодветна јакна изработена од свиленикав материјал, дизајнирана од модната куќа „Ралф Лорен“. Интересно е да се напомене дека овој убав и модерн костим чини дури 5.000 евра, а софистицираните парчиња се продаваат одделно.
Уште еден хит со кој никогаш не можете да погрешите е белата кошула, што Меган вешто ја избра за својата модна магија. Сето тоа го заокружи со модерни кожени чевли, како и впечатлив скап накит.
@ellegermany♬ Originalton – ELLE Germany
И како што сме навикнати, Меган и овој пат носеше блага, природна шминка, како и пуштена, малку брановидна коса.
Нејзиниот сопруг, принцот Хари, исто така беше во својот препознатлив стил; во елегантен темносин костум, па изгледаа многу координирано заедно, а Меган доби многубројни комплименти на социјалните мрежи.
@accesshollywood #MeghanMarkle ♬ original sound – Access Hollywood
„Изгледа навистина убаво“, „Облеката е одлична“, „Го обожавам овој стил, секогаш изгледа елегантно“, „Облеката е совршена, а таа е прекрасна жена“, се само неколку од нив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) „Ај кју“ со Pay the Price го продолжуваат музичкиот континуитет
Дуото составено од Бојан и Марија го продолжуваат својот музички пат со песни испеани на англиски јазик, а најнова во низата е песната „Pay the Price“. Музиката и аранжманот е целосно дело на Бојан, а текстот го напишаа заедно со Марија и уште една нивна редовна соработничка од Лондон.
Песната опишува едно типично секојдневие на партнери кои живеат заедно и низ шармантен и духовит начин ги доловува ситуациите кои се предизвици на партнерите.
Песната е снимена во Лондон во студиото во кое творат последните неколку години и на оваа песна ја продолжија соработката со ко-продуцентите од Шведска и Италија.
Забава
(Видео) Враќање во иднината со Јован Јованов и Елвир Мекиќ
Јован Јованов и Елвир Мекиќ повторно ги споија своите гласови и енергија, 16 години откако ја испеаја „Слаба точка“.
Музички позрели од претходно, а сепак со истата страст, тие ја снимија песната „Адреналин“, која ќе биде вистински хит, а ќе почнете да си ја пеете и да играте во нејзин ритам уште на првото слушање.
Премиерата на песната е закажана за 01.11.2025 (сабота) во 15:00 часот.
Забава
Заборавете на црното: овој капут е хит за зимата и тешко е да се победи
Оваа сезона ќе се оддалечиме од вечниот класик – црниот капут, кој е неопходен дел од зимскиот гардеробер, и ќе носиме таков што е малку потежок за одржување, но ја воздигнува секоја комбинација во студените денови.
Постигнувањето елегантен зимски изглед често се сведува на едно клучно парче облека – совршениот капут. Бидејќи ја дефинира целата силуета, добриот капут ви овозможува да носите речиси сè под него, а сепак да изгледате беспрекорно. Токму затоа модните експерти посветуваат посебно внимание на изборот на идеалниот модел секоја сезона.
Оваа зима еден стил и една боја особено се издвојуваат и привлекуваат внимание со својата ненаметлива софистицираност, а тоа е кремастиот капут.

Фактот дека капутите во оваа боја се вистински хит го потврдија многу познати личности, вклучувајќи ги Селена Гомез, Ема Вотсон и други, кои избраа вакви капути за разни пригоди во изминатите неколку недели, а истиот тренд го прифатија и многубројни инфлуенсери.
Одлична алтернатива на белата
За разлика од чисто белата, кремастите нијанси нудат помек и потопол изглед и создаваат посуптилен контраст на потемните бои внесувајќи доза елеганција, што е тешко да се победи.

Секако, клучниот предизвик со овој тренд е одржувањето. Бидејќи кремастите палта се чувствителни на нечистотија, се препорачува да се чуваат за суви денови и за посебни пригоди, а за дождливи и ветровити денови потемните модели се сепак попрактичен избор.
Свежо, елегантно и несомнено софистицирано, кремастото палто е парче што веднаш го воздигнува секој зимски гардеробер. Од популарни брендови до дизајнерски класици – понудата е побогата од кога било досега оваа сезона.
фото: принтскрин

