Контакт

Забава

(Видео) Фeдерер покажува актерски вештини во реклама со Де Ниро

Објавено пред

Малку луѓе сакаат Роџер Федерер да почне втора нетениска кариера, но ако го направи тоа, глумата би можела да биде привлечна опција, коментираат светски медиуми.

Во реклама за промоција на туризмот во Швајцарија, Федерер се појавувa во видеоклип со Роберт де Ниро и го прашува дали сака да снима филм во неговата родна земја

Во рекламниот спот на Swiss Tourism тениската легенда го кани Де Ниро да сними швајцарски филм и му раскажува колку е убаво таму, а актерот му одговара: Не, Швајцарија е премногу совршена, мене ми треба драма, опасност, конфликт… Јави му се на Хенкс!

„Ран кандидат за ‘Оскар’?“, Федерер се пошегува на „Твитер“ одговарајќи на еден од многуте коментари што ги доби од своите фанови во однос на неговата глума во спотот.

Со слоганот „Ако ви треба одмор без драма, одете во Швајцарија“ промоцијата е веќе во тек.

Федерер е нов бренд-амбасадор на Швајцарија за туризам.

Забава

По четири години – нов соло сингл на Ед Ширан

Објавено пред

Пејачот и текстописец Ед Ширан го најави својот прв соло сингл во последниве четири години, насловен Bad Habits („Лоши навики“).

30-годишниот Британец од врвот на топлистит сподели дел од песната и го потврди нејзиното издавање на 25 јуни преку „Атлантик рекордс“.

Ова ќе биде првпат Ширан да издаде сингл во кој нема соработник од Happier, нумера oд албумот Divide од 2017 година.

„Работев во студио во последниве месеци и едвај чекам да ја слушнете Bad Habits,“ рече тој.

Ширан реши да се одмори од музиката откако во август ја пречека ќерката Лира Антарктика Сиборн Ширан.

Тој во јули 2019 година објави Проект соработки бр. 6, во кој учествуваа неколку колеги уметници меѓу кои Џастин Бибер, Камила Кабело и Тревис Скот.

Прикажи повеќе...

Забава

Кралицата има нова роза, која го носи името на покојниот сопруг

Објавено пред

Кралицата Елизабета Втора минатиот четврток му оддаде почит на својот покоен сопруг, принцот Филип, на денот кога тој требаше да го прослави својот 100-ти роденден, 10 јуни.

Во чест на поводот кралицата доби роза што го носи неговото име.

Цветот наречен „Војводата од Единбург“ беше подарок од кралското хортикултурно друштво, чија заштитничка е кралицата. „Сакаме да му оддадеме чест за сите чудесни работи што тој ги правеше во текот на својот живот“, рече претседателот на кралското хортикултурно друштво.

Цветот е опишан како „роза со длабоко розова боја испреплетена со бели линии и нежен мирис“.

Додека кралицата набљудувала, цветот бил засаден во East Terrace Garden во нејзиниот дом во замокот Виндзор, каде што престојува по избувнувањето на пандемијата.

Прикажи повеќе...

Забава

„Хермес“ претстави нова линија чанти „биркин“ направени од зеленчук

Објавено пред

По обидот да ја донесе кожата од печурки во своите редови и работата со одржливи производи, „Хермес“ се појави со уште една иновација, со што потрагата по одржлива мода ја подигна на ново ниво.

На својата официјална страница на „Инстаграм“, „Хермес“ објави неочекувана линија чанти „биркин“ направени од вистински зеленчук.

Во моментот на страницата се објавени три модели од разни зеленчуци, кои ја реинтерпретираат култната чанта преку креативни аранжмани од аспарагус, зелка и краставици.

Сите „биркинки“ од зеленчук ги направи уметникот Бен Дензер.

„Хермес“ ги објави трите чанти одделно придружувајќи ги со натпис: „Уживајте во заобиколен пат затоа што класичните хермес-чанти инспирираат уметност толку многу што можете да ги јадете“.

Иако станува збор само за креативен ангажман, овие чанти предизвикаа голем интерес на интернет.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Кривична пријава за едно лице кое се заканувало на новинари на „Фејсбук“, ЗНМ очекува судска разрешница

МВР поднесе кривична пријава против едно лице од тетовско Теарце за кривично дело загрозување на сигурноста против новинари, соопшти Здружението...

Регион37 минути

Во Србија целосно вакцинирани 40 проценти од населението

Во Србија досега се дадени вкупно 5.058.165 дози вакцини против коронавирус. Првата доза ја примиле 2.673.634 лица, а 2.384.531 граѓани...

Македонија52 минути

Османи – Чавушоглу: Македонија и Турција немаат отворени прашања

Турција и Македонија негуваат долго и блиско пријателство, без никакви отворени прашања, а како сојузници во НАТО, се поврзани и...

Спорт2 часа

Ангеловски и Пандев ги прекршиле ковид-протоколите

Селекторот и капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски и Горан Пандев, по вечерашниот натпревар на ЕУРО 2020, против...

Спорт12 часа

Холанѓаните ја „решија“ Австрија и ја потврдија елиминацијата на Македонија

Холандија се пласираше во осминафиналето на ЕУРО 2020 по 2:0 победата над Австрија, резултат кој дефинитивно ги заврши и теоретските...

Регион13 часа

Курц: Западен Балкан да се врати високо на агендата на ЕУ

Во организација на австриската влада утре во Виена ќе се одржи конференција за Западен Балкан. Домаќинот на состанокот, австрискиот канцелар...

Европа13 часа

(Видео) Тепачка во украинскиот парламент, пратеник изјавил дека опозиционерите треба да бидат застрелани

За време на разгледувањето на измените и дополнувањата на предлог законот за реформа на Националниот совет за телевизиски и радио...

Македонија18 часа

Пендаровски-Борел: Се очекува исчекор за пристапните преговори со ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Република Турција, денеска оствари средба со потпретседателот на Европската Комисија и...

Македонија18 часа

Заев се сретна со Радев: Имаме обврска да градиме пријателството меѓу нашите братски народи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров...

Македонија20 часа

Десет нови случаи на Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.529 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на Ковид-19, и тоа од: Скопје,...

Македонија21 час

Наместо пресуда, повторно судење на Мијалков за „Тортура“

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и шестемина поранешни припадници на полициската единица „Алфа“, денеска требаше да ја слушнат пресудата...

Македонија23 часа

Бројката на хоспитализирани поради Ковид-19 падна на 90 лица

Вкупно 90 лица сомнителни и потврдени на Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија, и тоа 26 во Скопје и 64...

Топ24 часа

Двајца браќа истепале полицајци во Струга

Двајца браќа со тупаници и шлаканици нападнале полицајци во Струга.  Поради опасност од бегство, судот им определи притвор на напаѓачите....

Македонија1 ден

(Видео) Запленети над 2.000 стебла марихуана во Виена во заедничка акција на македонската и австриската полиција

Во заедничка акција на македонската и австриската полиција запленети се над 2.000 стебла марихуана во околината на Виена, а приведени...

Македонија1 ден

(Видео) Борисов на средбата со Заев: Убеден сум дека Радев ќе ви каже дека ништо не може да се направи

Поранешниот премиер на Бугарија и актуелен претседател на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов, на средбата со премиерот, Зоран Заев, рече дека...

Спорт1 ден

Ангеловски: Наша цел е пласман во втората фаза

Македонија е подготвена за најважниот натпревар на ЕП. Македонија, од 15 чадот ќе игра против Украина. Ова е дуел на...

Македонија1 ден

(Видео) Заев од Софија: Решението е околу нас, мора да го најдеме

Два пријателски и братски народа секогаш мора да разговараат и да бараат решение, изјави премиерот Зоран Заев на почетокот на...

Свет2 дена

Путин и Бајден согласни дека никогаш не смее да дојде до нукеарна војна во светот

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џо Бајден, излегоа со заедничка изјава за прашањата на стратешката стабилност....

Свет2 дена

(Видео) Бајден: Мојата агенда не е против Русија, туку за американскиот народ

Американскиот претседател Џо Бајден на прес-конференција по состанокот со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговата агенда не е против...

Свет2 дена

(Видео) Путин: Преговорите беа добри, амбасадорите се враќаат

Рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференцијата по самитот со неговиот американски колега Џозеф Бајден рече дека преговорите биле „добри“. Toj...

Досие