Контакт

Забава

(Видео) Харисон Форд во дипфејк-видео го заменува Даниел Крег како 007

Објавено пред

Ново дипфејк-видео или совршено лажно видео кое го заменува Даниел Крејг со Харисон Форд во улога на Џејмс Бонд е уверлив доказ дека помлад Форд требаше да биде 007.

dobivaj vesti na viber

Откако Шон Конери, Џорџ Лазенби, Роџер Мур, Тимоти Далтон и Пирс Броснан ги испробаа своите актерски вештини во улогата на култниот таен агент, улогата на Бонд во 2006 година му припадна на Крејг, кој во „Ројал казино“ го заживеа серијалот и на ликот му донесе острина, жестокост и емоционален интензитет, кои никогаш порано не беа видени.

Актерот беше целосно прифатен како Бонд и продолжи да го игра ликот повторно во Quantum of Solace, Skyfall и Spectre. Во 2021 година Крејг се враќа со неговиот последен настап како Бонд во „Не е време за умирање“, кој ветува дека ќе ги поврзе сите приказни што се појавија во последните неколку филмови.

Дипфејк-технологијата подразбира дигитално уредување, монтирање и фотомонтирање снимки. На крајот се добива „совршено реално“ лажно видео и не може да се препознае дали стаува збор за вистинска или лажна видеосодржина.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Амбер Херд сподели ретки моменти од новиот живот во Шпанија по промената на името

Објавено пред

Од

Амбер Херд им даде на своите следбеници ретка можност да погледнат во нејзиниот нов живот во Шпанија, каде што се пресели за да почне ново поглавје по исцрпувачката правна битка со поранешниот сопруг Џони Деп. Ѕвездата од „Аквамен“ го напушти Холивуд и најде нов дом во Мадрид, а во неодамнешната објава за Денот на благодарноста таа даде поглед во својот секојдневен живот.

dobivaj vesti na viber

По завршувањето на нејзиното судење за клевета, кое резултира со пресуда од 10,35 милиони долари за Деп и 2 милиона долари за Херд, актерката се пресели со ќерка си, првин на Мајорка, а потоа во Мадрид. Додека беше на Мајорка, „Ел Дијарио де Мајорка“ објави дека наводно го користела името Марта Џејн Канари – вистинското име на легендарната американска херојка Каламити Џејн.

Откога се пресели, Херд во голема мера се држеше подалеку од центарот на вниманието по нејзината последна филмска улога пред неколку години во „Аквамен и изгубеното кралство“. Сепак, таа неодамна сподели серија фотографии на социјалните мрежи од прославите за Денот на благодарноста во текот на годините вклучувајќи и дел од нејзиното готвење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amber Heard (@amberheard)

„Здравица за Денот на благодарноста во текот на годините. Се навраќам на сите полни срца и чинии што ги споделив. Се надевам дека сте добро снабдени со обете оваа година“, напиша таа во објавата.

Херд повремено споделува делови од својот живот во Шпанија, како што се фотографии за Ноќта на вештерките, а претходно на социјалните мрежи го најави доаѓањето на близнаците Агнес и Оушн.

Актерката неодамна се врати на сцената во претставата наречена „Духот на народот“. Претставата се прикажуваше неколку ноќи во Масачусетс, а драматургот Џереми О. Харис откри дека продукцијата била половина на шпански, што совршено ѝ одговарало на Херд, со оглед на тоа што таа течно го зборува јазикот.

Еден од нејзините соседи изјави за „Мејл онлајн“ дека Херд и нејзиното семејство се целосно интегрирани во заедницата и живеат на место каде што никој никого не вознемирува. Иако папараците повремено се појавуваат пред нејзината куќа, повеќето локални жители не ја вознемируваат. Соседот додаде дека никој овде навистина не знае која е таа истакнувајќи дека и познати фудбалери живеат во истата област и уживаат во својата приватност.

фото/инстаграм

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Шведска министерка го почна денот во Скопје со симит-погача: „Енергичен појадок пред нејзината прва средба“

Објавено пред

Од

Министерката за европски прашања на Шведска, Јесика Розенкранц, која вчера и денес престојува во работна посета на Македонија, утрото го почна со симит-погача.

dobivaj vesti na viber

„Почнување на денот во Скопје со локален специјалитет! Нашата министерка за ЕУ, Јесика Розенкранц, почна напорен ден со енергичен појадок пред нејзината прва средба со македонскиот министер за ЕУ, Муртезани, и МЕА. Солено лепче во лепче – симит-погача, типично скопско печиво и каде е подобро да се ужива во него отколку во срцето на главниот плоштад во градот, со поглед на еден од најзначајните погледи во градот: Камениот мост, тврдината Кале, Старата чаршија, црквата „Св. Димитрија“, Даут-пашиниот амам, Мустафа-пашината џамија. Сè во еден кадар – поглед што совршено ја раскажува приказната за богатото мултикултурно наследство на Скопско и живописното општество на Северна Македонија. 🇸🇪 + 🇲🇰 = заедно посилни“, се вели во објавата на шведската амбасада на „Фејсбук“.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Амбасадорката на САД во Грција се појави во проѕирен фустан, наиде на осуда

Објавено пред

Од

Новата амбасадорка на САД во Грција, Кимберли Гилфојл, предизвика доста внимание со својот моден избор на вечерата за Денот на благодарноста, што се одржа во Атина во вторникот.

dobivaj vesti na viber

Поранешната водителка на „Фокс њуз“ и поранешна свршеница на Доналд Трамп Помладиот се појави во тесен, речиси проѕирен црн фустан од тантела, што предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.

Гилфојл (56) едвај се движеше во тесниот фустан, па дури и ѝ требаше помош за да се качи на сцената за да им се обрати на гостите. Нејзината облека многумина ја споредија со стилот на сестрите Кардашјан сметајќи ја за несоодветна за дипломат.

„Ова е дипломатска грешка, таа ја претставува својата земја, а не своето тело“, „Ова ми е убаво“, „Потребен ѝ е стилист“, „Изгледа како изгубена сестра Кардашјан“, се само дел од коментарите на социјалната мрежа X.

фото/принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Топ49 минути

Mаж најден починат утрово на тротоар на „Илинденска“

Утрово околу 07:00 часот, во полицијата било пријавено дека на тротоар на булеварот „Илинден“ во Скопје бил пронајден починат Т.К....

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски: Без ефикасна и чесна даночна администрација нема силна економија и одржливи јавни финансии

Без ефикасна и чесна даночна администрација нема ниту силна економија, ниту одржливи јавни финансии, ниту држава што може да планира...

Топ2 часа

Струмичанецот што со шприц сакаше насилно да ѝ вшприца на сопругата пестицид ќе одговара за обид за убиство

Струмичанец со шприц сакал насилно да ѝ вбризга на сопругата пестицид. Таа почнала да вика, а двете малолетни деца слушнале...

Македонија3 часа

Водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ е исправна и може непречено да се употребува, велат од „Водовод“ по труењето во училиштето

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека по извршениот вонреден мониторинг, водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во...

Македонија3 часа

(Фото) Отстранета дивоградба на улицата Орце Николов, Герасимовски најави расчистување на бесправните објекти

Во рамките на обемната акција за отстранување дивоградби, Општина Центар ја урна нелегалната доградба на деловен објект на улица „Орце...

Свет6 часа

Норвешки ветеран: НАТО влегува во фаза на распаѓање

Во блиска иднина, НАТО не само што би можел да ослабне, туку и да престане да постои како релевантен воено-политички...

Македонија6 часа

Жителите на Чучер-Сандево тргнаа во наплата на изборните ветувања: ја бараат ветената канализација од градоначалникот Зоран Бајовски

Со уредно платени комуналии за куќите жителите на четири улици, кои припаѓаат на Општина Чучер-Сандево, иако се многу поблиску до...

Свет7 часа

Путин постави клучен услов за завршување на војната, Зеленски го отфрла

Рускиот претседател, Владимир Путин, вчера изјави дека ќе ја запре офанзивата во Украина само ако Киев се повлече од териториите...

Свет7 часа

Трамп со драстична мерка: „Трајно ја забранувам миграцијата од третиот свет“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави драстична мерка – трајно суспендирање на миграцијата од сите земји од третиот свет. Шокантната...

Свет16 часа

Зеленски: Украинските и американските делегации ќе изработат „формула за мир“ оваа недела

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денес изјави дека украинските и американските делегации ќе се состанат оваа недела за да ја изработат...

Македонија20 часа

Мицкоски: Ако се жалат судиите со 3-4.000 евра месечни примања, тогаш како им е на дечињата во градинка кои немаат играчки за играње

Реновираме градинки, училишта, цениме дека е поголем приоритет отколку да ги зголемиме платите на судиите и обвинителите. Мислиме дека е...

Македонија23 часа

Поради превенција од свлечиште на Водно надлежните на итна координација

Поради превенција за активирање на свлечиштето на падините на Водно, во близина на улиците „Белградска“ и „Партенија Зографски“, и реалната...

Македонија1 ден

Филков до СДСМ: Груевски има политички азил, се занимавате со циркус, а не со реална работа

Министерот за правда Игор Филков одговарајќи на пратеничко прашање од Миле Талески од СДСМ, зошто не се бара екстрадиција на...

Македонија1 ден

Мицкоски: Главен фокус в година ќе бидат капиталните инвестиции, целта е да дојдеме до раст на БДП над 4 отсто проценти

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница во Собранието за пратенички прашања истакна дека в година главен фокус на Владата ќе...

Регион1 ден

Нема да биде екстрадиран: Ацо Боцевски, 28 години по убиството, живее во Грција и издава соби

Солунскиот жалбен совет одлучи да не го екстрадира во Македонија 60-годишниот Ацо Боцевски, познат под прекарот Циганот, осуден на повеќегодишна...

Регион1 ден

(Видео) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: четири лица загинаа во судир на комбе и работна машина – валјак

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово, околу 6:20 часот, на патот помеѓу Ириг и Рума во Србија,...

Топ1 ден

(Видео) Сообраќајна несреќа во центарот на Скопје: пешак удрен од автомобил пред гимназијата „Јосип Броз-Тито“

Во текот на вчерашниот ден на улицата „Димитрие Чуповски“ пред гимназијата „Јосип Броз Тито“ во центарот на Скопје се случи...

Свет1 ден

Суспендирана миграцијата од Авганистан во САД откога Авганистанец застрела припадници на Националната гарда во близина на Белата куќа

Двајца припадници на Националната гарда на Западна Вирџинија се во критична состојба откако вооружен човек отвори оган врз нив во...

Свет1 ден

(Видео) Нови податоци: најмалку 55 лица загинаа во пожарот во облакодер во Хонг Конг

Бројот на жртви од катастрофалниот пожар што зафати станбен облакодер во Хонг Конг се искачи на најмалку 55, потврди противпожарната...

Свет1 ден

Двајца гардисти застрелани во близина на Белата куќа; Трамп: Животното што го изврши злосторството ќе ја плати највисоката цена

Двајцата војници на американската Национална гарда кои беа застрелани во близина на Белата куќа во среда се во критична состојба,...