Контакт

Забава

(Видео) Царовска: Тамара е нашиот морален победник, нашата гордост

Објавено пред

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, и заменик-министерот за култура, Владимир Лазовски, беа претставници на Владата, кои вчера со граѓаните на нашата земја ги пречекаа Тамара Тодевска и нашиот тим, кој настапи на Изборот на песна за Евровизија за 2019 година, што се одржа во Тел Авив во Израел.

На пречекот на Меѓународниот аеродром „Скопје“ на сите од тимот на нашата земја на евровизискиот избор им беа пренесени честитките на Владата за успешното претставување на земјата и за историскиот пласман на Тамара Тодевска со песната Proud.

„Од името на Владата на Република Северна Македонија и од мое лично име им честитам на Тамара и на целиот тим за високиот пласман на Евровизија. Тамара е нашиот морален победник. Наша гордост. Со моќна изведба, полна со емоции, покажавме дека можеме да конкурираме на светската музичка сцена. Посебно ме радува што речиси два часа Северна Македонија беше на врвот на евровизиската победничка листа со пораката за родовата еднаквост и за прифаќањето на различностите. Оваа е пораката што сè погласно одекнува на целата планета и ние сме дел од таа приказна“, рече министерката Царовска на срдечниот пречек на Тамара Тодевска и нашиот тим, кој настапи на Изборот на песна за Евровизија за 2019 година што се одржа во Тел Авив во Израел.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Џесика Симпсон ја врати својата вита линија без диети и програми за вежбање

Објавено пред

Џесика Симпсон за време на бременоста имаше дури 110 килограми, но набргу  ја врати својата вита линија, а тоа го покажа на социјалната мрежа „Инстаграм“ каде што објави фотографија на која е облечена во тесна кратка маичка и шорц.

Со тој потег актерката освои бројни пофалби од фановите ширум светот.

Нејзиниот тренер им откри на странските медиуми дека тој и славната русокоса направиле план како да водат грижа за своето тело, но и за здравјето.

„Не направивме екстремни диети или програми за вежбање. Се согласивме дека ќе прави 12.000 чекори на ден, секој ден пред спиење. Потребни и се 7 часа спиење и најмалку 1 час на ден без технологија“, објасни тој.

Прикажи повеќе...

Забава

Федерер на врвот на листата на „Форбс“ на најбогати спортисти

Објавено пред

Магазинот „Форбс“ објави листа на активни спортисти кои заработиле најмногу во изминативе 12 месеци, а на прво место е швајцарскиот тенисер Роџер Федерер, кој ги претрка фудбалерите Лајонел Меси и Кристијано Роналдо.

Федерер (38) се искачи четири места откако заработи 86,2 милиони фунти (106,3 милиони долари) во изминатата година, од кои приближно 81 милиони фунти се спонзорства, пренесува британски Би-би-си.

Следуваат Роналдо (85 милиони фунти), Меси (84 милиони фунти) и Нејмар (77,5 милиони фунти), додека американскиот кошаркар Леброн Џејмс (71,5 милиони фунти) ги комплетира првите пет.

Светскот шапмион во „Формула 1“ Луис Хамилтон е 13. со заработка од 43.7 милиони фунти.

„Бизнис-инсајдер“ неодамна објави дека дваесеткратниот гренд-слем шампион Роџер Федерер пред крајот на 2020 ќе влезе во клубот милијардери спортисти во кој се Мајкл Џордан, Тајгер Вудс и Флојд Мејведер.

Прикажи повеќе...

Забава

Алекс Болдвин го цитира конгресменот Џон Луис: Мораме да се организираме за ноември

Објавено пред

Холивудскиот актер Алек Болдвин во неделата сподели момент на молк во врска со протестите ширум земјата предизвикани од убиството на Џорџ Флојд во Минеаполис минатиот понеделник.

„Што може да се каже? Вака е веќе долго време. Вака е целиот мој живот“, им вели 62-годишниот Болдвин на своите 2.9 милиони следачи на социјалните мрежи во видео.

„Немојте да ме држите за збор. Јас сум привилегиран белец.“

Кандидатот за „Оскар“ потоа го цитира конгресменот Џон Луис: Ние мора да се организираме. Мораме да се организираме за ноември. Тоа е тоа.“

Во саботата Болдвин го објави твитот на 80-годишниот Луис, влијателен конгресмен од Џорџија, легенда за граѓански права и добитник на Претседателскиот медал на слободата, кој моментално се бори со тешка болест.

„Знам за вашite болка, бес, чувство на очај и беспомошност. Сето тоа ми е познато. Правда нема веќе подолго време. Но ништо не се добива со дивеење, ограбување и палење – тоа не е патот. Организирајте се, демонстрирајте, станете и гласајте. Бидете конструктивни, а не деструктивни“, гласи твитот на Џон Луис кој повторно го објави актерот Болдвин.

Луис е еден од „Големата шесторка“ (Big Six) водачи на групи активисти кои го организираа протестниот марш во Вашингтон во 1963 година, кога Мартин Лутер Кинг Јуниор – човекот кој го симболизира движењето за цивилни права – го одржа својот познат историски говор „Имам еден сон“ (I have a dream).

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

Филипче: Над 70 отсто од новите случаи се од познати кластери

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека 70 отсто од новозаболените од Ковид-19 од Скопје се од веќе познати општини...

Македонија2 часа

Османи: Засега нема предлог за воведување полициски час во одделни скопски општини

Засега нема предлог до Кризниот штаб и Владата за воведување полициски час во одделни општини низ Скопје, каде бројот на...

Македонија2 часа

Седум починати и 89 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во изминатите 24 часа во државава се потврдени 89 нови случаи на коронавирус и седум смртни случаи, соопшти Министерството за...

Економија3 часа

Горивата поевтинуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Од вечерва на...

Македонија3 часа

(Видео) Заев: Датумот е завршена работа, избори ќе има на 5 јули

Поради заштита, изборите се решение, а датумот е завршена работа, тие ќе се случат на 5 јули за да добиеме...

Регион4 часа

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на Ковид-19

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на коронавирус. Од денеска се олеснети рестриктивните мерки, а со работа почнуваат фитнес-центрите, салоните...

Македонија5 часа

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, позитивна на Ковид-19

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, објави на Фејсбук дека е позитивна на коронавирус. Таа вели дека по...

Македонија5 часа

И директорот на финансиска полиција и градоначалникот на Чаир во самоизолација

Директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, се во самоизолација затоа што...

Македонија6 часа

Од утре пак не важи бесплатниот автобуски превоз за пензионери

Oд утре, вторник, 2 јуни, повторно нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица, односно за жени...

Македонија7 часа

Османи: Денеска бројот е уште позагрижувачки!

Денеска бројот е уште позагрижувачки, напиша вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на „Фејсбук“. Тој вели дека не е потребно...

Македонија7 часа

Царовска и Манчевски во самоизолација, биле на состанок со Зекири

Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, од денеска се во самоизолација...

Македонија7 часа

Црна Гора не прима македонски државјани поради зголемениот број заразени

Владата на Црна Гора ја отстрани Македонија од листата држави кои немаат потреба од државен карантин при влез на територијата...

Свет7 часа

(Видео) Протестите за смртта на Афроамериканецот се проширија и во Европа

Во Лондон и уште неколку градови во Велика Британија се одржаа протести како поддршка на демонстрациите во САД, поради смртта...

Свет8 часа

(Видео) Трамп евакуиран во подземен бункер под Белата куќа

Агенти од тајната служба го спровеле американскиот претседател Доналд Трамп во бункер во време кога Белата куќа ја опколија демонстранти,...

Свет18 часа

(Видео) Астронаутите на „Спејс-икс“ и НАСА пристигнаа во вселенската станица

Вселенското летало „Dragon“ на американската компанија „Space-X“, во кое се вклучени астронаути нa НАСА, Роберт Бенкен и Даглас Харли, пристигна...

Македонија20 часа

Заев: Гласањето на изборите ќе се одржи според сите безбедносни протоколи

Избори мора да има час поскоро. Предизбрните активности и самото гласање ќе се одржат согласно сите безбедносни протоколи, пишува претседателот...

Македонија24 часа

Јанушев чека резултати од тестот по дебатата со Зекири, новинарката Мрѓа е во домашна изолација

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири кој е заразен со коронавирус, пред два дена учествуваше на дебата во ТВ24 заедно со...

Спорт1 ден

Позитивни на Ковид-19 има во Ренова и Шкендија

Ре-стартот на фудбалскиот шампионат на Македонија, предвиден за 14 или 21 јуни, најверојатно ќе биде одложен откако четворица од Ренова...

Економија1 ден

Бектеши: Од 15 јули ваучери од 6.000 денари за домашен туризам

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција информираше дека на последната седница на Владата, на предлог на Министерството за...

Македонија1 ден

Арсовски: Несериозно и морбидно е да се зборува за избори на 5 јули

Фиксираниот датум за избори на 5 јули кога би се случиле изборите не само што е несериозно туку е морбидно,...

Досие