Контакт

Забава

(Видео) Јункер одвај се движеше, Заев му помогна да се симне од сцената

Објавено пред

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, за време на фотографирањето пред гала-вечерата на самитот во НАТО во Брисел одвај се движеше. До него беа неколку лидери на земјите членки на НАТО кои му помагаа во движењето, а македонскиот премиер Зоран Заев му помогна да се симне по скалите.

Јункер минатиот месец, по коментарите дека се појавува пијан на јавни настани, откри дека боледува од ишијас и поради тоа не може да се движи нормално кога болките му се големи.

Забава

Џенифер Анистон на почетокот на кариерата ја терале да ослаби и да носи корсет

Објавено пред

Американската актерка Џенифер Анистон (50), позната по улогата на Рејчел Грин во серијалот „Пријатели“, во неколку наврати изјави дека се чувствува одлично во своето тело, но на почетокот на кариерата таа се сретнувала со критики.

„Требаше да изгуби 13 килограми за да преживее во Холивуд. Лос Анџелес е тешко место за млада актерка, тешко е да се биде жена на вакво место. Џенифер не е дебела и сите ја видоа нејзината убавина, но се виде и дека камерата ѝ додава неколку килограми“, вели Саул Аустерлиц, автор на книгата што излегува по повод 25-годишнината на серијалот, во која се откриваат детали за главните ликови што досега не биле познати.

„Тие ѝ рекоа дека е премногу дебела за добри улоги. Големите фаци бараа таа да ослаби барем десет килограми. Тие сакаа таа да носи боди, корсет на аудициите…“, додаде таа.

Актерката изјави дека нејзината агентка ѝ рекла дека мора да ја промени исхраната и да изгуби неколку килограми и се согласила дека ѝ е потребна промена.

„Мајонез на бел леб – највкусната работа на светот. Пржени компирчиња, сосови, за среќа, почнав да внимавам на тоа“, рече Џенифер.

Со текот на годините таа во Холивуд ја доби титулата на една од најпосакуваните жени на светот и беше признаена како талентирана актерка со милиони на својата банкарска сметка.

Прикажи повеќе...

Забава

Деми Мур се кае што се согласила на необично барање од нејзиниот поранешен сопруг

Објавено пред

Долгоочекуваните мемоари на холивудската актерка Деми Мур, конечно, на 24 септември ќе се најдат на полиците на книжарниците. Тоа е книга наречена Inside Out, во која 56-годишната актерка ги открива своите најскриени тајни и детали од животот што го знаеле само нејзините најблиски.

Кога веќе беше откриено во „Њујорк тајмс“, кој објави делови од мемоарите, Деми Мур кажа сè за своето растење, за зависностите со кои се борела, како и за досега непознатиот дел од нејзиниот живот со Ештон Качер. Малкумина знаеја дека Деми Мур била бремена со него и требало да роди девојче, но во шестиот месец од бременоста го загубила бебето.

Но, тоа не е сè што таа откри за нејзиниот поранешен млад сопруг. Таа се осврна на неговата вонбрачна афера со Бритни Џонс и Сара Лил, како и за сексот во тројка на кој ја наговорил. Нивната врска почнала во 2003 година, а две години подоцна тие решиле да стапат во брак.

Деми Мур сакала да му роди бебе, па затоа отишла на потпомогнато оплодување, но не успеало. Тогаш почнала нивната борба да го спасат бракот. Во мемоарите таа напиша дека Ештон во еден момент ѝ предложил секс во тројка, а таа признава дека се согласила само за да му докаже на својот 15 години помлад сопруг дека е кул сопруга. Двапати учествувала во тоа, но сфатила дека е грешка.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Новиот филм на Џенифер Лопез забранет во Малезија

Објавено пред

Малезија го забрани филмот „Измамничките од Вол стрит“ во кој главната улога ја има Џенифер Лопез. Одборот за цензура одлучил дека филмот не е соодветен за јавно прикажување.

Филмот за стриптизерки кои се обидуваат да се збогатат е забранет поради исклучително непристојна содржина.

Одборот утврдил дека голите гради, еротските танци и сцени во кои е прикажана и дрога се несоодветни.

„Сквер бокс пикчрс“, компанијата која го дистрибуира филмот, потврди дека е забранет во Малезија.

Покрај Лопез, во филмот глумат и Констанц Ву, Џулија Стајлс, пејачката Лизо и раперката Карди Би. Станува збор за вистинска приказна за егзотични танчарки кои се обидуваат да ги измамат своите богати клиенти.

На почетокот на годинава Малезија ги цензурира геј-сцените во филмот „Рокетмен“ за животот на Елтон Џон.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион8 часа

Вечерва нов земјотрес во Албанија

Нов земјотрес со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала, вечерва ја стресе Албанија. Земјотресот е на длабочина од 30...

Регион12 часа

Десетици повредени во земјотресот во Албанија, граѓаните вознемирени истрчаа на улиците

Најмалку 49 лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,8 степени што денеска го стресе западниот дел од Албанија,...

Македонија14 часа

Јовановски и Јанева повикани на распит во Обвинителството

Осомничените во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и Катица Јанева се повикани на распит во Обвинителството. Првоосомничениот Бојан Јовановски е повикан...

Топ15 часа

Нападнат вработен на Kомплексот клиники „Мајка Тереза“

Вчера во полициската станица бил пријавен физички напад што се случил на Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Случајот го пријавил 61-годишен...

Топ16 часа

Фатени двајца крадци кои ограбиле пет маркети во Охрид

МВР соопшти дека поднеле кривични пријави против две лица кои се сомничат за пет кражби во Охрид. Едниот е на...

Топ18 часа

(Видео) Во координирана полициска акција во 24 градови пронајдени и одземени поголеми количества дрога и оружје

По претходно изготвен план за преземање на конкретни мерки и активности, со наредби од судија на претходна постапка, вчера од...

Свет20 часа

Зариф: САД се очајни, со санкциите сакаат да ги спречат Иранците да добиваат лекови

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамад Џавад Зариф ги обвини САД дека со новите санкции против иранската централна банка сакаат...

Свет21 час

„Фејсбук“ укина илјадници апликации

Компанијата „Фејсбук“ објави дека укинала десетици илјади апликации, кои биле потенцијална опасност за приватноста на корисниците, а тоа го покажала...

Топ21 час

Кривична пријава против Јосифовски поради хакирање на Централниот регистар

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против поранешниот пратеник од Нова содицијалдемократска партија, Љубомир Јосифовски, поради...

Топ21 час

Автомобил удри во жена во Маџари

Тешко повредена 41-годишна жена од Скопје, откако во неа удрил автомобил „Фолксваген пасат“ на ул.„Перо Наков“. Б.Ѓ. се здобила со...

Свет22 часа

Трамп одобри распоредување на воени трупи во Саудиска Арабија и ОАЕ

Американскиот претседател Доналд Трамп одобри распоредување американските сили во Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, после нападот врз саудиската нафтена...

Македонија2 дена

Советот за реформи во правосудството: Избор на шеф на обвинителство предложен од партија отвора врата за политизација

Избор на шеф на кое било јавно обвинителство на предлог на политичките партии, вклучувајќи ја опозицијата, е решение кое отвора...

Интервју/Дебата2 дена

(Видео) Поповска од ДОМ: Оптимист сум дека на следните избори ќе гласаме во една изборна единица

Пратеничката од партијата ДОМ, Лилјана Поповска, во интервју за „Макфакс“ изјави дека очекува да помине иницијативата за една изборна единица...

Свет2 дена

Над 30 светски лидери потпишаа иницијатива за борба против климатските промени

Над 30 шефови на држави и влади потпишаа апел за засилување на активностите во борбата против климатските промени, што ги...

Топ2 дена

Воз на релација Гевгелија – Скопје прегази 23-годишен мигрант

Пакистанец на возраст од 23 години загина на пругата во близина на селото Ногаевци кога во него удрил воз што...

Македонија2 дена

Почна уривањето на дивоградбите во Охрид

Општина Охрид ја почна најавената акција за уривање дивоизградени објекти на подрачјето на општината во согласност со законските процедури и...

Македонија2 дена

(Видео) Одложено судењето на Латас, предметот „Тотал“ сѐ уште во доказна постапка

Денешното рочиште за случајот „Тотал“, каде што обвинет е новинарот и поранешен уредник, Драган Павловиќ-Латас, е одложено за 17 октомври...

Свет2 дена

Во светот се одржуваат големи климатски протести, ќе се протестира и кај нас

Глобален протест против климатските промени за денеска е најавен во 139 земји и се очекува ова да биде најмасовниот во...

Свет2 дена

(Видео) Пукање во близина на Белата куќа, еден загинат и петмина повредени

Еден човек загина, а петмина се повредени при пукање во Вашингтон, во близина на Белата куќа, пренесуваат американските медиуми. Не...

Свет2 дена

Пентагон на Трамп ќе му претстави воени опции за Иран

Воени опции како одговор на иранскиот напад врз саудиската рафинерија, денеска, ќе му бидат претставени на американскиот претседател Доналд Трамп....

Досие