Контакт

Забава

(Видео) Џеки Чен ја шокира публиката – едвај се движи

Објавено пред

Акционата суперѕвезда Џеки Чен изгледаше прилично лошо на неодамнешниот новогодишен настан поради рецидив на повреда на лумбалниот крст.

dobivaj vesti na viber

Облечен во сиви тренирки, 66-годишниот актер од Хонгконг мораше да се потпира на рамената на две лица додека влегуваше на специјална проекција на анимираниот филм Wish Dragon.(Змејот на желби)

Неговото изненадно појавување, како и неговите бавни и макотрпни движења, ја шокираа публиката на настанот во Пекинг.

Иако не можеше да стои долго, тој беше видно воодушевен дека е таму за да ги поздрави присутните деца.

Познат по тоа што не користеше двојници каскадери при снимање на опасни сцени во неговата повеќедецениска кариера,  кунг-фу симболот Џеки Чен претрпел стотици повреди при снимање.

Најсериозната и опасна по живот повреда на Чен се случи во „Armour Of God“ (1986), кога тој падна право на грб додека скокаше од карпа на дрво. Од ударот му се забило парче коска во мозокот, предизвикувајќи обилно крварење од увото.

За среќа, во неговиот последен филм нема никакво паѓање. Имено, тој го позајми својот глас за змејот што исполнува желби (Wish Dragon), кинеско-американски проект, а исто така е и еден од неговите продуценти.

Ова се некои од најопасните сцени кои ги снимал без дублери:



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Видео) Деми Мур во креација на српска дизајнерка: „Ова е совршенство“

Објавено пред

Познатата српска дизајнерка Роксанда Илинчиќ веќе долго време живее и работи во Лондон, а нејзините креации беа заштитен знак на принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, во неколку наврати. Следејќи го нејзиниот пример, сега се придружи и Деми Мур, позирајќи во уникатен фустан од познатата Србинка.

dobivaj vesti na viber

Виолетовиот миди фустан со асиметричен крој беше изборот на актерката за снимањето на серијата „Лендмен“, чија втора сезона штотуку започна да се емитува.

Својот гламурозен стајлинг го комплетираше со спектакуларен накит и лакирани сандали, но фустанот сепак го украде шоуто и беше главна тема.

„Нема подобро од ова, ова е совршенство“, беше еден од коментарите.

Деми Мур уште еднаш ја покажа целата своја магија.

Прикажи повеќе...

Забава

Совети и трикови како да си го олесните првиот триместар од бременоста

Објавено пред

Од

Првиот триместар од бременоста често носи гадење, замор и промени во апетитот, но тоа не значи дека треба целосно да ја промените вашата дневна рутина.

dobivaj vesti na viber

Експертите ја нагласуваат важноста на редовниот внес на протеини, сложени јаглехидрати, доволно течности, одмор и пренатални витамини за да му помогнат на вашето тело да се прилагоди на раната бременост.

Едноставната и блага храна може да помогне во одржувањето на енергијата и намалувањето на непријатноста.

Храна како што се јајца, овесна каша или тост од цело зрно, авокадо, лиснат зеленчук, јогурт и ѓумбир, како и солени крекери често се препорачуваат бидејќи се хранливи и полесни за варење.

Тие можат да го ублажат гадењето, да го стабилизираат шеќерот во крвта и да обезбедат важни хранливи материи за развој на фетусот. Помалите и почести оброци, заедно со лесно движење и постепен внес на течности, можат дополнително да ги ублажат секојдневните симптоми.

Подеднакво е важно да се грижите за менталното здравје. Заморот е нормален бидејќи телото поминува низ големи промени, а одморот не е слабост, туку неопходност.

Фокусирањето на храна што одговара на моментот, прифаќањето помош од околината и обраќањето на лекар во случај на сериозни тегоби се клучни потсетници дека бремената жена не мора сама да поминува низ сè.

 

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) САД, Кариби, Доха…поранешната претседателка на Хрватска објави дека ужива да патува

Објавено пред

Од

Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ објави галерија од фотографии од патувања што ја одбележаа нејзината последна година на Фејсбук.

dobivaj vesti na viber

„Патувањата отсекогаш биле важен дел од мојот живот“, напиша таа, додавајќи дека патува толку често што се шегува со пријателите дека со постојано купување нови куфери, „плаќа кирија“.

Како еден од нејзините последни професионални ангажмани минатата година, таа го издвои лансирањето на Euronews Travel Channel во Доха, кое го опиша како „соодветен начин да се заклучи годината што, во многу погледи, беше обележана со движење“.

Таа, исто така, се осврна на своите лични околности, наведувајќи дека изминатата година била тешка за неа на лично ниво. „Минатата година беше напорна за мене на лично ниво“, напиша таа, истакнувајќи дека патувањето ѝ помогнало да ја врати рамнотежата.

Таа изјави дека многу патувала поради работа, но и дека свесно одвојувала време исклучиво за себе. „Патував многу поради работа, но исто така одвојував моменти за себе – моменти за дишење, размислување и собирање сила“, напиша таа.

Таа се потсети на бројните дестинации што ги посетила, вклучувајќи ги САД, карипските острови Ангила и Сент Мартин, Мароко (Маракеш, Рабат, Казабланка и Тангер), како и Доха, Ријад и други места.

Во објавата, таа изјави дека нејзините патувања ја научиле на понизност, истакнувајќи дека ниедна земја, култура или лидер нема „монопол врз вистината, мудроста или отпорноста“ и дека тоа ја научило на важноста на отворениот ум. Таа, исто така, ја нагласи важноста на почитта и довербата во меѓучовечките односи и дипломатијата.

„Почитувањето не е опционално. Заедно со довербата, тоа е највредната валута во човечките односи. Луѓето веднаш чувствуваат дали сте навистина тука за нив или само минливи. Титулите значат многу помалку од автентичноста“, напиша таа.

На крајот од објавата, таа ја истакна љубезноста како важна вредност, заклучувајќи: „Во свет кој често наградува гласност и конфликт, љубезноста гради доверба, лојалност и трајни мостови. На крајот, малкумина се сеќаваат на вашите политики, но сите се сеќаваат како сте ги натерале да се чувствуваат.“

фото/епа

Прикажи повеќе...

Најново

Економија21 минута

Мој ДДВ не се укинува – налозите за исплата во февруари се подготвуваат, извести УЈП

Управата за јавни приходи ги демантира написите во дел од медиумите дека се укинува мерката „МојДДВ“. „Јасно и недвосмислено истакнуваме...

Топ1 час

Загина маж во пожар во стан во Тетово: со изгореници се здобило уште едно лице

Вчера во 19:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улицата „180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост...

Македонија3 часа

Oбјавена листата на најмоќните пасоши за 2026 година: Македонија бележи напредок

Азиските земји продолжуваат да доминираат на рангирањето на најмоќните пасоши во светот, според најновиот извештај на „Henley Passport Index“. Сингапур...

Македонија3 часа

(Видео) Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и...

Македонија4 часа

За новогодишно украсување, општините дале 785 илјади евра – најмногу пари потрошила Општина Штип

За новогодишно украсување, општините потрошиле 785 илјади евра, а 78 отсто од вредноста е концентрирана кај една фирма. Ова го...

Македонија6 часа

Вељаноски за техничката влада: Eксперимент кој предизвикува штета за државата

За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист...

Свет8 часа

Денешниот состанок во Вашингтон ја одлучува судбината на Гренланд

Денес во Белата куќа се одржува состанок кој би можел да ја одреди иднината на Арктикот, но и на самиот...

Свет8 часа

Трамп: Сакам да победам во Иран, обожавам да победувам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе „преземе многу силни мерки“ ако иранските власти почнат да ги бесат...

Македонија8 часа

Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува

Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со...

Свет16 часа

(Видео) Премиерот на Гренланд: Ако треба да избереме помеѓу САД и Данска, ја бираме Данска

Премиерот на Гренланд изјави дека доколку неговиот народ мора да избере „тука и сега“, ќе ја избере Данска пред САД....

Европа17 часа

Поранешни вработени го обвинија Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба, откриени детали

Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени...

Македонија20 часа

(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави...

Европа20 часа

Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби

Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка...

Свет21 час

Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите

Се појавуваат извештаи за илјадници жртви во немирите во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од...

Свет21 час

Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се...

Македонија22 часа

Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен...

Македонија23 часа

Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд...

Македонија1 ден

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата...

Македонија1 ден

Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина. Според...

Македонија1 ден

МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика

Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба....