Забава
(Видео) Џулија Робертс избегнала незгода додека го снимала „Билет за рајот“

Џулија Робертс за малку ќе допрела нешто што можело да ја убие во текот на снимањето на „Билет за рајот“.
54-годишната актерка повторно се обедини со блискиот пријател и колега Џорџ Клуни за романтичната комедија што се снимаше во Австралија. А неодамна во интервју таа откри дека била предупредена кога сакала да допре нешто што мислела дека е морска школка.
Таа изјави за Best UK: „Таму сè се обидува да те убие!“
„Сакав да допрам нешто што мислев дека е морска школка и некој извика: не! не допирајте го, тоа е нешто што всушност ќе ве убие.“
„Повеќе како билет за болница отколку билет за рај“, се пошегува таа, алудирајќи на насловот на филмот.
Клуни (61) рече: „Дури и медузата! Влегуваш во вода и таа ќе те убие“.
Тој призна дека ја искористил шансата да работи со Џулија и дека не би можел да го сними филмот без неа.
Робертс и Клуни глумат разведена двојка, која се здружува и патува за Бали во обид да ја спасат нивната ќерка од брак со локален жител.
Филмот во режија на Ол Паркер ги обединува двајцата оскаровци од А-листата, кои се и долгогодишни пријатели. Тие во минатото работеа заедно во Ocean’s Eleven (2001), Ocean’s Twelve (2004) и Money Monster (2016).
Во „Билет до рајот“, Робертс и Клуни патуваат на Бали за да ја спречат нивната ќерка да не ја направи истата грешка што мислат дека тие ја направиле пред 25 години.
Иако дејствието на филмот се одвива на Бали, сите сцени беа снимени во Австралија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Опра наполни 69 години

Повеќе личности од забавната индустрија ѝ испратија најдобри желби на Опра по повод нејзиниот 69. роденден во неделата.
Медиумскиот магнат и една од најпознатите ТВ-лица беше во фокусот на славеничките објави споделени на „Инстаграм“ од страна на десетици блиски пријателки од т.н. А-листа, вклучувајќи ги Вајола Дејвис, Кери Вашингтон, Гејл Кинг, Ким Кардашјан…
И самата славеничка исто така сподели долга порака на „Опра дејли“ за да каже како се чувствува дека е една година поблиску до седумдесеттата.
Опра и Гејл – фотографија споделена на профилот на нејзината најдобра пријателка Гејл Кинг, на која двете се со испружени раце, прегрнати.
Кери Вашингтон сподели селфи со Опра.
Во емотивна роденденска порака Виола Дејвис ја опиша својата блиска пријателка како национално богатство и икона.
Алесандра Амброзио сподели фотографија со роденденската кралица и со Хајди Клум и Софија Вергара.
Ким Кардашјан сподели фотографија за својата пријателка, на која ѝ подарува украсена роденденска торта.
Забава
Почина актерката Ени Вершинг

По долга борба со ракот, актерката Ени Вершинг, најпозната по улогата на агентот на ФБИ, Рене Вокер, во серијата „24 часа“, покрај Кифер Сатерленд, почина на 45-годишна возраст.
Тажната вест ја објави нејзиниот сопруг Стивен Фул на социјалните мрежи.
Таа зад себе остави три сина.
Во текот на својата 20-годишна кариера, Вершинг глумеше во десетина ТВ-серии и филмови, меѓу кои Star Trek: Enterprise, во седмата и осмата сезона на „24 часа“, „Бош“, „Вампирски дневници“, „Одметници“, како и во втората сезона на „Ѕвездени патеки: Пикард“.
Забава
Еди Марфи сака да сними уште еден „Шрек“

Еди Марфи би сакал да се сними уште еден филм за зелениот огар Шрек.
61-годишниот актер би ја искористил шансата повторно да му го даде својот глас на огарот, или во петти дел од серијалот или во самостоен филм, и не разбира зошто неговиот лик не добил свој филм, како што е случајот со Мачорот во чизми на Антонио Бандерас.
„Апсолутно би бил отворен ако некогаш дојдат со друг Шрек, би го направил тоа за две секунди. Го сакам Донки“, изјави Марфи за Etalk.
„Ги снимаа филмовите за Мачорот во чизми, си помислив: требаше да снимат филм за магарето (Донки). Донки е позабавен од Мачорот во чизми. Мислам, го сакам Мачорот во чизми, но тој не е смешен како Донки“.
Коментарите на Еди доаѓаат откако Антонио неодамна предложи дека, најверојатно, ќе има уште еден „Шрек“ во блиска иднина.
Приказната за Шрек е раскажана во вкупно четири филма, а последниот, „Шрек засекогаш“, излезе во 2010 година.
Секој актер има своја омилена улога, а токму улогата на Донки му е омилената на Еди Марфи.
Шрек, анимираниот зелен огар, доби своја ѕвезда на Холивудската ѕвездена патека на славните.
„Шрек“ е првиот анимиран што добил „Оскар“ за најдобар анимиран филм – категорија што првпат беше воведена во 2001 година.