Забава
(Видео) 26 милиони прегледи: танцот на Доналд Трамп е хит на „Тик-ток“, а јасно е зошто
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп како дел од својата изборна кампања гостуваше во поткастот на популарниот стример Адин Рос на платформата „Кик“.
Во еден момент интервјуто имаше 583.000 прегледи и со тоа стана најгледано на стримерот, а Трамп на „Тик-ток“ се пофали дека тоа е најгледаниот стрим во историјата и објави клип во кој танцува со Рос покрај Тесла Сајбертрук.
@realdonaldtrump @adin ♬ original sound – President Donald J Trump
Видеото од неговиот танц го гледале повеќе од 26 милиони луѓе и собра 4,3 милиони „допаѓања“, а многумина ги коментираа потезите на Трамп. „Танцувањето е нешто посебно“, „Сигурно го болат рацете“ и „Ова е лудо“, се дел од коментарите.
Инаку, Трамп танцуваше на песната YMCA од Village People, која често ја пушта на предизборните собири на кои знае и да танцува користејќи ги истите потези како во видеото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Софија Вергара блесна на наградите „Еми“ во прекрасен фустан, кој го истакна нејзиното бујно деколте
Прекрасната Софија Вергара (52) се појави на 76. доделување на наградите „Еми“ во Лос Анџелес.
На најновиот престижен настан Софија Вергара уште еднаш покажа зошто е една од најсветлите ѕвезди на црвениот тепих. Додека се пробиваше низ собраниот свет на медиуми и обожаватели, Вергара ги заслепуваше сите присутни со својот беспрекорен стил и неверојатен накит.
Со софистициран накит, внимателно избран за да го надополни нејзиниот гламурозен изглед, Вергара успешно ги сврте сите погледи кон себе.
Таа цела вечер беше во центарот на вниманието позирајќи на црвениот тепих и учествуваше во шоуто.
Нејзиниот шарм и присуство дополнително го зголемија овој настан давајќи му дополнителна елеганција и гламур.
Забава
Три серии доминираа на доделувањето на наградите „Еми“
Во неделата вечерта се одржа гламурозното доделување на наградите „Еми“, при што трите серии „Хакс“, „Мечката“ и „Шогун“ доминираа на настанот.
Приказната за ресторанот „Мечката“ освои три од четирите категории за комедии на наградите „Еми“.
Џереми Ален Вајт и Ебон Мос-Бахрач ги добија наградите за најдобар актер во комедија и споредна машка улога.
Лиза Колон-Заеус освои својата трета статуетка „Еми“, овој пат за „Мечката“ за најдобра споредна женска улога во комедија.
Серијата „Шогун“ во продукција на Ејч-би-о е прогласена за најдобра во категоријата најдобра драми, a „Хакс“ за најдобра хумористична.
„Шогун“ освои 18 награди, од кои и за најдобра актерка и најдобар актер – Ана Сава и Хиројуки Санада.
Наградите за драма почнаа со награда за најдобра споредна женска улога во драма за Австралијанката Елизабет Дебицки за нејзината улога во „Круната“.
Забава
Новиот сингл на македонското трио BDM на светска музичка компилација
По фестивалското лето, BDM ја завршува сезоната со нов хит.
Македонското трио BDM имаше исполнета летна сезона, која завршува со нова музика – момците направија ремикс на песната Blasphemy на Португалците од Moulinex & GPU Panic.
Blasphemy се најде на компилацијата DTX Gathering на издавачката куќа Disco Texas, која беше промовирана на 13.8 (линк до компилацијата: Various Artists – DTX Gathering (bfan.link)), а на која се наоѓаат и записи од Хinobi, Yamagucci, Diana Oliveira и други.
„Баравме песна за ремикс од Moulinex & GPU Panic и штом ја слушнавме Blasphemy едноставно бевме воодушевени од звукот, мелодијата, гласот и продукцијата и решивме дека тоа е тоа. Веднаш почнавме да работиме на неа, да ја направиме BDM песна, но да остане доследна на сензибилитетот и емоциите на оригиналот. Многу сме горди на тоа како испадна на крајот“, велат момците за ремиксот на Blasphemy.
Претходниот период за BDM беше исполнет со бројни фестивалски настапи, а го имаа и најголемиот радиски и клупски хит во земјата за летото 2024 – нивната верзија на To The Moon and Back од Savage Garden (To The Moon And Back – Single by BDM | Spotify). Вокалот на песната го позајми Александра Иванова.
Оваа верзија беше хит на радиото „Антена 5“ и во топ-10 песни изминатите два месеца, а својата премиера ја доживеа на „ГалИцко“ фестивал (линк од настапот: https://www.instagram.com/reel/C8peRO0sx7z).
На овој фестивал BDM настапи со материјал од нивниот прв албум, многу нови песни, како и песни што ќе се најдат на нивниот следен проект Synapsis, a кој се очекува да излезе в година.
По ова, следуваше настап на најголемиот македонски фестивал „Д фестивал“ во Дојран, каде што ја делеа сцената со Nouvelle Vague, Joel Correy и Jonas Blues (линк до видео од настапот: https://www.instagram.com/reel/C9UiolesZ5D).
До крајот на годината BDM најавуваат нов сингл.
Фото: Даниел Николовски