Забава
Викендов протест-фестивал во Смрдлива Вода против изградбата на хидроцентрали на Дошница
По повеќе од 40 дена блокада од локалните граѓани и еко-активисти од цела Македонија, Граѓанската иницијатива „Спас за Дошница“ објавува „Протестфест: Дошница“ – настан што ги обединува сите оние кои не сакаат да ги изгубиме водата, шумите и планините во Македонија како жртви на профитот и алчноста, најавија од иницијативата.
На 9 и 10 август (сабота и недела), кај планинарскиот дом во Смрдлива Вода над Гевгелија (Google Maps), ќе се одржи дводневен протест-фестивал со жива музика, работилници, дискусии, детска програма, отворен базар и планинарски акции, во знак на протест против изградбата на две мали хидроцентрали на Дошница, една од најчистите реки во Македонија.
„Ова не е само протест, ова е одбрана на чистата, питка вода од која ни зависи иднината на нас и нашите деца, идните генерации што ќе живеат на ова парче земја. Питката вода е ограничена, не е бесконечна, и без неа нема живот! А институциите се расфрлаат со нашите последни, недопрени, чисти извори на питка вода како да нема утре. Затоа дојди и придружи ни се! Ќе се дружиме, ќе слушаме музика, ќе читаме поезија и ќе им нагласиме на институциите најгласно што можеме: Реките нема да се ставаат во цевка!
Македонија не е хидроцентрали, не е бетон и згради, не е приватна фирма која секој може да ја уништува. Македонија е мајката природа, реките, езерата, планините, изворите. Македонија се свесните луѓе кои знаат што значи да се зачува и одржи недопрената природа, за и таа да може да нѐ чува нас!
Гласно го креваме својот глас против изградбата на две мали хидроцентрали на реката Дошница и загрозувањето на водата за пиење на Демир Капија, Гевгелија, Кавадарци, Неготино и Росоман, уништувањето на македонската автохтона пчела, животинскиот и растителен речен свет и исконската шума на Кожуф“, се вели во најавата на настанот.
Во сабота ќе настапат The Mole Pack, Мојра, Медарски, Kungfoolish, ќе има креативни работилници за деца и возрасни и дискусии за енергетската политика, природата и активизмот.
Во недела, посетителите ќе можат да се приклучат на мирната блокада на трасата на хидроцентралите, а потоа да уживаат во поезија, филмска проекција и jam session во домот.
Организаторите напоменуваат дека во рамките на паркот и кампот не се продаваат пијалаци и храна и дека настанот е организиран доброволно од волонтери, граѓани и учесници.
Планинарскиот дом има капацитет за сместување на 22 луѓе, како и сместување на 30 шатори во рамките на кампот и уште 40 шатори во паркот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“
Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место, освојувајќи вкупно 141 поен.
Конечниот пласман беше одреден од комбинираните гласови на стручните жири-комисии и публиката, при што Македонија оствари одличен резултат кај жирито, пласирајќи се меѓу првите пет земји според нивното гласање.

Во жири-гласањето, Македонија доби 12 поени од Црна Гора и Италија, што дополнително го потврди силниот впечаток што настапот на Нела Манческа го остави кај професионалните оценувачи.
Победник на годинашното издание на Јуниор Евросонг е Франција со освоени 248 поени, второто место ѝ припадна на Украина, а третото на Грузија.
Забава
(Видео) „Miracle“ одекна во Тбилиси: Нела Манческа ја претстави Македонија на Јуниор Евросонг
Вечерва во Тбилиси, Грузија, се одржува 23-то издание на Јуниор Евросонг, а Македонија ја претставуваше Нела Манческа со песната Miracle.
Aвтори на песната се продуцентoт Лазар Цветкоски и Магдалена Ена-Цветкоска која го напиша текстот.
View this post on Instagram
На овогодишниот избор за песна на Детска Евровизија учествуваат 18 земји.
Гласањето можете да го следите во живо на линкот.
Забава
Љубов под елката: Три знаци ќе доживеат филмска љубов до крајот на месецот
Иако декември е хаотичен месец, за некои хороскопски знаци љубовта оваа година доаѓа посилно од очекуваното. Според астрологот Адама Сисеј од „Lilith Astrology“, клучни се транзитите на Венера и Марс – планетите на љубовта, привлечноста и страста. Кога тие се поволно поставени, се случуваат токму оние „филмски“ моменти: вистинско време, вистинско место, вистинска личност.
Овие три знаци имаат најголеми шанси Новата година да не ја дочекаат сами:
Близнаци – Венера и Марс се во силен аспект со вашиот знак, носејќи нови средби, лесна комуникација и природна хемија. Ќе бидете похрабри и поотворени – токму она што ви оди најдобро.
Стрелец – Венера и Марс се во вашиот знак речиси цел месец, па вашата привлечност е на врвот. Спонтани излегувања, флерт и романса доаѓаат без многу напор.
Јарец – Кон крајот на декември, двете планети влегуваат во вашиот знак и ги активираат романтичните и страстните импулси. Можно е новогодишниот бакнеж да биде со некој навистина посебен.
Ако не сте меѓу овие знаци – вреди да го проверите и вашиот подзнак.
Фото: Pexels

