Забава
Викторија Бекам во ТВ-интервју ги изненади гледачите со својот изглед
Поранешната „спајсица“ го привлече вниманието со настапот во емисијата „Добро утро, Америка“, но не со она што го кажа, туку со својот изглед.
Викторија Бекам (47) очигледно претерала со користење филери за усни и нејзиното лице изгледа непрепознатливо, пишуваат таблоидите.

„Изгледа како да има алергиска реакција“, „Што си направила со усните“, „Што ти се случило со лицето?“…, беа некои од многуте негативни коментари на социјалните мрежи.
А таблоидите беа многу поостри во своите коментари објавувајќи нејзини фотографии од блиско минато. „Викторија Бекам шокира многу гледачи со настапот во Good Morning America, но не со нејзините изјави – туку со нејзиниот изглед“.

Во емисијата модната дизајнерка говореше за совети за убавина, за „Спајс грлс“ и за нејзиното семејство, но многумина не можеа да го тргнат погледот од нејзиното лице. Викторија очигледно го зголемила волуменот на усните, но се чини дека навистина претерала со филери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Анџелина Џоли го освои црвениот тепих во проѕирен светкав фустан
Американската актерка Анџелина Џоли блесна на премиерата на филмот „Couture“ на Алис Винокур во киното „Pathe Palace“ во Париз.
Таа позираше расположена на црвениот тепих и привлече внимание.
За оваа пригода, таа избра транспарентен фустан украсен со светки и реси. Косата и беше пуштена, а шминката во природни нијанси. Изгледот го надополни со црни шпицести потпетици.
@gala.fr #angelinajolie #louisgarrel #coutures #tiktokfashion #onregardequoi ♬ The Fate of Ophelia – Taylor Swift
„Секоја година изгледа поубаво“, „Убава жена во софистицирана облека“, „Кралица на црвениот тепих“, се нижеа комплиментите за нејзиниот изглед.
Забава
(Видео) „Брутална жена“: Убавата актерка во 50-тите години изгледа како девојче
Холивудската актерка Џесика Алба (44) се појави на Супербоул, на сцената откако Бед Бани ја покани да му се придружи, заедно со Рики Мартин и Лејди Гага.
Џесика стана особено интересна за медиумите по разводот од Кеш Ворен, со кого помина 17 години и доби три деца, а потоа се шпекулираше дека утеха пронашла во Дени Рамирез, кој е 11 години помлад од неа.
Убавата актерка е сè поактивна на социјалните мрежи, каде што најчесто објавуваше провокативни фотографии од плажа, но ниту оваа комбинација од Супербоул не е „за фрлање“.
Jessica Alba aging like fine wine pic.twitter.com/dW8vEodfwf
— Popcultureguy (@Pop_cultureguy) February 9, 2026
Џесика позираше во лежерна, street style комбинација што дефинитивно ќе сакате да ја копирате. Широките фармерки и бел корсет, со ефектна сива јакна – совршено се вклопуваат за ваков настан.
Младоста е она кон што сите се стремиме дури и во нашата петта деценија, а Џесика успева, особено по разводот.
„Таа не остарела ниту еден ден“, „Станува сè подобра со годините“, „Како е можно Џесика Алба сè уште да изгледа исто“, „Како оваа жена се грижи за себе“, „Брутална жена“, „Како девојче“, се некои од бројните коментари под објавите на кои се појавува убавата актерка.
Забава
(Видео) Лејди Гага на Супербоул сосема поинаква: „Оземпик го направи своето“
Контроверзната пејачка Лејди Гага се појави во Санта Клара на Супербоул, каде што настапи за време на полувремето со ѕвездата на вечерта, Бед Бани, кој ги воодушеви сите со својот избор и ја отпеа песната „Die With A Smile“.
Свои пет минути имаше и познатиот Рики Мартин, кој импресионираше со својот изглед многу повеќе отколку со својата песна, но ова не е ништо ново за него.
Лејди Гага за својот настап избра асиметричен син фустан со набори, кој го комбинираше со црвени сандали и црвен детаљ на едното рамо. Нејзината препознатлива руса коса и тука беше нејзин заштитен знак, а нејзиното лице загрижи многумина.
И покрај сето ова, во центарот на вниманието беше тоа што е многу ослабена, па некои на мрежата ја нарекоа „Оземпик Лејди Гага“.
„Дали е ова AI Лејди Гага?“, „Што се случи со нејзиното лице?“, „Оземпик го направи своето“, беа некои од коментарите на мрежата.
Се чини дека, покрај сè, Лејди Гага се забавуваше одлично, иако многумина пишуваат дека Бед Бани наводно ја поканил да биде негов гостин на сцената само затоа што му снемало идеи.

