Забава
Вилијам и Хари заедно ја открија статуата на Дијана во палатата Кенсингтон
Војводите од Кембриџ и Сасекс беа повторно заедно во четвртокот за да ја откријат статуата на Дијана, принцезата од Велс, велејќи дека секој ден посакуваат таа да е сè уште со нив.
Принцовите Вилијам и Хари дојдоа во редизајнираната Потоната градина на палатата Кенсингтон во четвртокот, 1 јули, на денот кој би бил 60-тиот роденден на нивната мајка.

Ова беше нивно прво заедничко појавување по погребот на војводата од Единбург во април.
„Се сеќаваме на нејзината љубов, сила и карактер“, рекоа тие.
„Квалитети што ја направија сила за добро низ целиот свет, менувајќи безброј животи на подобро“.
Двата принца изразија надеж дека статуата ќе се гледа засекогаш како симбол на нејзиниот живот и нејзиното наследство. „Им заблагодаруваме на луѓето низ целиот свет кои го одржуваат во живот споменот на нашата мајка“.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Одбра ризичен фустан, па за малку ќе ги покажеше и интимните делови од телото
Кристен Бел беше добредојден гостин на црвениот тепих на доделувањето на наградите SAG во Лос Анџелес. Актерката имаше посебна улога – таа беше водителка на програмата, а за оваа свечена пригода реши да го покаже целиот свој сексапил на сцената.
Таа избра котур фустан од либанскиот дизајнер Жорж Хобеика, кој е украсен со интересен крој. Креацијата е комбинација од класичен гламур и „гол“ фустан и е изработена од транспарентен материјал.
Деталите на фустанот – монистра и светки, беа повеќе од само декоративен момент, бидејќи со нивната добро осмислена положба на фустанот, тие ги покриваа интимните делови од телото на актерката.
Длабокото деколте му даваше на стилот секси шмек, а сатенскиот дел што се влечеше беше целиот гламур потребен за овој фустан.
Кристен ја стилизираше косата на уникатен начин, во согласност со нејзиниот аутфит – таа избра брановидна фризура инспирирана од стариот холивудски гламур. Додаде и суптилен накит – дијамантски ѓердан и обетки, кои совршено го заокружија овој изглед.
Забава
Никогаш посреќен: Рафаел Надал објави ретки семејни фотографии
Познатиот тенисер Рафаел Надал веќе долго време е надвор од терените, но тоа не значи дека медиумите не го следат секој негов потег. Иако се пензионираше и сака да ужива со своето семејство, повремено дава увид во неговиот живот на социјалните мрежи.
Познато е дека Надал, дури и на врвот на својата популарност, не откриваше премногу детали за своето семејство, но неговата врска со Марија Перело привлече големо внимание од самиот почеток.
Двојката за прв пат беше видена заедно во 2006 година, а во меѓувреме станаа родители на две момчиња.
Последната објава на Рафа доаѓа директно од скијачко патување, каде што тој и Марија го учат својот постар син да скија, а познатата Линдзи Вон исто така ги поддржа.
„Сè уште учиме. Линдзи Вон, дали имаш некаков совет за нас“, напиша Надал во описот на семејната објава.
„Го обожавам ова“, одговори Линдзи, која моментално се опоравува од ужасна повреда што ја доби по падот на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.
Забава
(Видео) Луѓето не можат да поверуваат што се случува со Деми Мур: „Нема да го нормализираме ова“
Лос Анџелес беше центар на светот, бидејќи собра бројни ѕвезди за годишните награди SAG. На големиот настан присуствуваше и познатата Деми Дур, загрижувајќи многумина со својот изглед.
За оваа пригода, таа одлучи да облече фустан од модната куќа Schiaparelli, кој совршено ги комбинира елеганцијата и модната екстравагантност. Станува збор за впечатливо модно парче кое се држи до телото и совршено ја нагласува секоја облина – во случајот на Деми, видливо тенка фигура.
Исто така, самата креација има необична релјефна структура која наликува на крокодилска кожа и дополнително го нагласува изгледот на актерката. Горниот дел ги открива рамената, додека драматичниот дел од бел тил и црни детали го евоцира тој моден момент по кој е позната оваа креација.
Стајлингот го комплетираше со високи потпетици, дијамантски додатоци и чантичка во црна боја со златна рамка. Навистина, нејзината модна комбинација беше на завидно ниво, а истото не може да се каже за нејзиниот физички изглед.
Критики на социјалните мрежи
Деми, благодарение на горенаведената модна комбинација, беше мета на јавни критики. Многумина на социјалните мрежи, особено на Инстаграм, каде што беше објавено и видео од неа од црвениот тепих, го осудија овој изглед.
„Толку е слаба“, „Изгледа како да умира“, „Преживува, луѓе“, „Нема да го нормализираме ова“, се само дел од коментарите на Инстаграм.

