Забава
Виртуелно доделување на наградите САГ
Годинешното доделување на наградите САГ се одржа виртуелно и беше сведено на едночасовна онлајн церемонија, со претходно снимени обраќања на презентерите и на актерите.
Виола Дејвис, Јун Јух Џунг, Даниел Калуа и покојниот Чадвик Боузмен триумфираа во своите категории.
Наградата за најдобра машка улога во филм му припадна на починатиот актер Чадвик Боузман за неговата последна улога во Ma Rainey’s Black Bottom („Ма Рејни: Mајка на блузот“).
Виола Дејвис ја доби наградата за најдобра актерка за улогата на џез дива во истиот филм.
Во отсуство на категоријата најдобар филм, беше доделена награда за најдобра актерска екипа во филм.
Па така, актерите на филмовите The Trial of the Chicago 7 („Судењето на седумтемина од Чикаго“) и Ma Rainey’s Black Bottom („Ма Рејни: Mајка на блузот“) триумфираа на церемонијата што се емитуваше во неделата вечерта.
Џилијан Андерсон е прогласена за најдобра актерка во ТВ-серија за улогата воThe Crown („Круната“), а серијата доби и награда за извонреден настап на целокупна екипа во драма.
Награда доби и Ања Тејлор-Џој за улогата во мини серијата The Queen’s Gambit („Дамски гамбит“). Покрај неа, награда освоија и актерите Марк Руфало, Џејсон Судеикис и Џејсон Бејтмен.
Овие награди кои ги доделува американското здружение на ТВ и радиоуметници се сметаат за предвесник на „Оскарите“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Згодната русокоса не се одвојува од него: Орландо Блум во врска со манекенка 21 година помлада од него?
Холивудскиот актер Орландо Блум (49) се појави на Супербоул за да ужива во спектаклот што го приреди Бед Бани за време на полувремето.
Секоја година, Супербоулот ја собира светската елита, и тие секогаш се обидуваат да им дадат на медиумите нешто за кое ќе пишуваат. Ким Кардашијан ги разгоре гласините за врска со Луис Хамилтон, а Орландо Блум исто така не губеше време.
Актерот релативно неодамна раскина со деветгодишната врска со Кети Пери, која подоцна започна романса со поранешниот канадски премиер Џастин Трудо, додека сè уште не се знаеше ништо за тоа дали Блум продолжил понатаму.
Orlando Bloom foi visto saindo de braços dados com a modelo Luisa Laemmel do Super Bowl 2026. #SuperBowl pic.twitter.com/TeVfDvYbMv
— Orlando Bloom BR (@obloombrasil) February 9, 2026
Се додека не дојде Супербоулот, кога Блум конечно се појави со својата избраничка. Актерот беше фотографиран од папараците додека го напушташе стадионот во Санта Клара, држејќи се за раце со Луиз Хемел (28), модел од Швајцарија.
За оваа пригода, тој избра црна облека, за да биде што е можно понезабележителен, додека неговата партнерка беше во бели панталони и маица. Нема официјална потврда дека се во врска, но судејќи според фотографиите, сè е повеќе од јасно.
Забава
Анџелина Џоли отворено проговори за лузните од мастектомија: „Го направив тоа за моите деца“
Холивудската актерка Анџелина Џоли веќе некое време води сосема поинаков начин на живот од оној што го очекуваме од неа. Ретко се појавува на настани, а премиерата на нејзиниот нов филм „Couture“ привлече големо внимание.
По разводот од Бред Пит, кој беше исто толку бурен како и нивниот брак, Анџелина дури размислуваше да го напушти Холивуд.
Сепак, додека сето тоа не се случи, познатата актерка повремено дава интервјуа и зборува за теми што се болни за неа, но интересни за светот.
Според „Унилад“, Анџелина предизвикала различни реакции кога во 2013 година се подложила на мастектомија за да го намали ризикот од рак на дојка, откако дознала дека е носител на генот BRCA1. Таа исто така одлучила да го стори тоа затоа што нејзината мајка починала од рак.
„Секогаш повеќе ме интересирале лузните и животите што луѓето ги носат со себе. Совршената идеја за живот без лузни никогаш не ми се допаднала. Тоа беше мој избор и го направив затоа што сакам да останам со моите деца што е можно подолго“, изјави актерката за „Франс Интер“.
Во претходните интервјуа, Џоли исто така нагласи дека е благодарна што имала избор, како и дека многу ѝ е жал што ја изгубила мајка си кога била млада, а потоа ги одгледала децата без баба.
Забава
(Фото) Убиствените стомачни мускули на Џеј Ло предизвикаа лавина од коментари
Не е тајна дека Џенифер Лопез ужива во убавините на животот, особено во здравиот дел. Таа е често активна на социјалните мрежи, каде што редовно објавува работи од својот приватен и професионален живот, вклучувајќи ја и својата фитнес рутина.
Сега таа „закачи“ фотографија од теретана на Инстаграм, а нејзиното убиствено тело беше во преден план. Латино дивата позираше во виолетов сет за тренинг кој ја нагласува нејзината витка фигура.
Нејзините стомачни мускули како камен и гради беа забележлив дел од оваа објава, и може да се каже дека ги воодушеви своите обожаватели со своето издание. Што се однесува до остатокот од стајлингот, таа се одлучи за права коса што ѝ паѓаше по рамената, но и за минимална количина шминка.
„Мамо“, „Дефинитивно стануваш подобра“, „Ги обожавам твоите објави, ти си моја инспирација“, се само дел од коментарите…

