Контакт

Забава

„Ворнер“ ја става Азија на прво место со 45-дневен стриминг за филмови

Објавено пред

Ерата на домашно кино ги направи филмовите подостапни за масите, особено со сегашната практика на истовремено прикажување и на стриминг-платформи и во киносали.

„Ворнер медија“ не е исклучок од овој тренд, бидејќи се подготвува да воведе политика на 45-дневен прозорец за филмови на Warner Bros. во делови од Азија, каде што публиката во југоисточна Азија, Тајван и Хонгконг ќе може да ужива во главните филмски наслови помалку од седум недели по влегувањето во кината.

Според оваа нова стратегија, изданијата на долгометражни филмови треба да варираат од територија до територија, при што соодветно ќе се прилагодат емитувањата на стриминг. Филмот The Conjuring: The Devil Made Me Do It – сега достапен на „Ејч-би-о гоу“ на Филипините, Хонг Конг, Сингапур, Малезија, Тајланд, Тајван и Индонезија – е првиот што излезе од блокот, а Space Jam: A New Legacy ќе биде следен на листата.

Забава

(Видео) Вилијам и Кејт, Камила и Чарлс ќе присуствуваат на премиерата на новиот филм за Џејмс Бонд

Објавено пред

Кејт, војвотката од Кембриџ и принцот Вилијам ќе им се придружат на принцот Чарлс и Камила, војвотката од Корнвол, во редок заеднички ангажман полн со филмски ѕвезди.

Четворицата членови на кралското семејство следната недела ќе продефилираат на црвениот тепих во Ројал Алберт Хол и ќе присуствуваат на светската премиера на No Time To Die („Не е време за умирање“), новиот филм во серијалот за најпознатиот таен агент 007.

Најновиот и долгоочекуван филм  ќе дебитира во лондонскиот Ројал Алберт Хол на 28 септември.

Насловната песна за филмот ја напиша и ја пее Били Ајлиш.

На премиерата, кралското семејство ќе се сретнат со режисерот Кери Џоџи Фукунага и актерската екипа, вклучувајќи ги Даниел Крег, Рами Малек, Леа Сејду и Лашана Линч.

Исто така, ќе бидат пречекани од сценаристите Нил Пурвис, Роберт Вејд, Фиби Волер Бриџ и изведувачите Били Ајлиш и Финиес О’Конел.

Кралското присуство на премиерата на 25. филм за Бонд, а последен во кој Крег ја има улогата на тајниот агент 007, се вклопува во добротворната работа на кралското семејство.

Британската, воедно и светската премиера, всушност ќе биде од корист за добротворни организации кои ги поддржуваат поранешните и сегашните припадници на МИ5, МИ6, ГХХК и специјалните сили на Велика Британија.

Здравствените работници и припадниците на вооружените сили, исто така, се поканети да присуствуваат на ѕвездениот настан.

Кејт, принцот Вилијам и принцот Хари на премиерата на Spectre во 2015 година

Прикажи повеќе...

Забава

Бред Пит и Анџелина Џоли постигнаа договор за продажба на заеднички имот

Објавено пред

Некогашниот омилен холивудски пар Бред Пит и Анџелина Џоли постигнаа договор што отвора врата за Џоли да го продаде својот удел во винаријата вредна 164 милиони долари, но некои медиуми предупредуваат дека неодамнешна тужба на Пит става пречки на патот.

Џоли и Пит се согласуваат со одлуката за укинување на „стандардната привремена мерка забрана за пристап“ на нивниот заеднички имот, која беше донесена во текот на бракоразводната постапка.

Ова му овозможува на поранешниот пар да продава имот стекнат во периодот на нивниот двегодишен брак, што навидум ја отвора вратата за Џоли да ги продаде своите 50% од акциите на замокот-винарница Шато Миравал во јужна Франција.

Но, претходно оваа недела Бред поднесе тужба со која ја обвини Џоли за „одмазднички план“ да ги продаде нејзините акции, заобиколувајќи го неговото право на прво одбивање и да профитира од „макотрпната работа, време и пари“ инвестирани од страна на актерот и неговите бизнис-партнери, според ексклузивните правни документи до кои дојде „Дејли мејл“.

Замокот Миравал е проценет на 164 милиони долари (140 милиони евра).

Прикажи повеќе...

Забава

Почина Роџер Мичел, режисерот на „Нотинг Хил“

Објавено пред

Режисерот Роџер Мичел, најпознат по филмовите „Нотинг Хил“, „Венера“ и „Мојата братучетка Рејчел“, почина на 66-годишна возраст.

„Семејството на Роџер со голема тага ја сподели веста за смртта на режисерот, писател, татко на Хари, Меги, Роузи и Спероу“, потврди публицистот на Мичел. Причината за смртта не беше наведена.

Најпознатиот филм на Мичел, „Нотинг Хил“, романтична комедија од 1999 што ја напиша Ричард Кертис, а во која глумат Џулија Робертс и Хју Грант, имаше голем успех во светски рамки, со три номинации за „Златен глобус“.

Работеше и на филмовите „Кобно престројување“ (Changing Lanes) од 2002 година со Бен Афлек и Семјуел Џексон, потоа работеше на „Венера“ (Venus) со Питер О’Тул, и две продукции во кои глумеше Даниел Крег – Мother и Enduring Love.

Мичел преговараше за режирање на филмот за Џејмс Бонд во 2006 година, но се откажа, исто како и од филмот „Мандолинaта на капетан Корели“ поради закрепнување од срцев удар.

Роден во Јужна Африка и школуван во Кембриџ, Мичел ја започна својата кариера во театар како помошник режисер.

Ненадејната смрт на Мичел предизвика шок во филмската индустрија. Пред три недели преговараше за работа на нов документарен филм, пишува „Гардијан“.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа2 часа

Излезни анкети во Германија: Мртва трка помеѓу ЦДУ и СПД

Според првичните прогнози по парламентарните избори во Германија, демохристијаните (ЦДУ/ЦСУ) и социјалдемократите (СПД) освоија по 25 проценти од гласовите. На...

Топ4 часа

Пронајден починат лекар во Психијатриската болница „Скопје“

Дежурен лекар во Психијатриската болница „Скопје“ бил пронајден починат синоќа по полноќ на работното место. Како што соопшти МВР, здравствениот...

Топ4 часа

Драма во Ресен: Со нож се обидела да го повреди сопругот со кого се разведуваат, ја нападнала и неговата нова девојка

Семејна драма се случувала вчера во Ресен, кога 31-годишна девојка (Д.Н). се обидела со нож да го повреди сопругот со...

Регион4 часа

Борел: Ја следиме ситуацијата на северот на Косово, провокациите се неприфатливи

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел рече дека внимателно се следи ситуацијата на северот на Косово и им кажа на...

Македонија5 часа

Регистрирани 336 нови случаи на коронавирус, починаа 17 лица

Во последните 24 часа направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 169, Велес...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција обвини дека градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери, а случајот го...

Македонија9 часа

(Видео) Заев се попиша: „Конечно ќе добиеме релевантни податоци за креирање на реални политики“

Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со своето семејство во својот дом во Струмица, ја исполни граѓанската должност и законска...

Европа11 час

Германија бира наследник на Меркел

Околу 60,4 милиони Германци денеска на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот, и индиректно за...

Македонија12 часа

Од утре изборна кампања

Од утре стартува изборната кампања за Локалните избори што се закажани на 17 октомври. Кампањата ќе заврши на 15 октомври...

Македонија1 ден

Регистрирани 392 нови случаи на коронавирус, починаа 20 лица

Во последните 24 часа направени се 4.633 тестирања, а регистрирани се 392 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 180, Куманово...

Македонија1 ден

Заев за виенски „Стандард“: ЕУ треба да го забрза процесот на донесување одлуки

„Понекогаш членките на ЕУ ја забораваат причината зошто работиме заедно, а тоа е затоа што сме заемно корисни. ЕУ е...

Европа1 ден

(Видео) Ерупцијата на вулканот на шпанскиот остров влезе во најинтензивната фаза

Реки лава течеа низ вулканот на шпанскиот остров Ла Палма ноќта помеѓу петокот и саботата, поради што локалниот аеродром беше...

Регион1 ден

Татко си ги задавил трите деца во Загреб, oставил писмо на „Фејсбук“

Три малолетни деца биле задавени од страна на нивниот татко во стан во Загреб, во населбата Млинови. Полицијата на местото...

Европа1 ден

Кој ќе ја наследи Меркел: Изборите се неизвесни, постизборните сојузи се уште понеизвесни

Околу 60,4 милиони Германци в недела, 26 септември на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот,...

Македонија1 ден

Заклучен избирачкиот список, кампањата почнува в понеделник

Државната изборна комисија го заклучи избирачкиот список, со што од понеделник почнува кампањата за локалните избори закажани на 17 октомври....

Македонија1 ден

Досега се попишани околу 1,4 милион граѓани, пописот ќе заврши во четврток

Заклучно до вчера до 12 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435.000 домаќинства и над 600.000 станови, а се...

Македонија2 дена

Нови 525 случаи на коронавирус, починаа 12 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 525 нови случаи на коронавирус, 449 оздравеа, а 12 лица починаа, информира...

Македонија2 дена

Осумдесет oтсто од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани од позитивни случаи на Ковид-19 во периодот од 6 август заклучно со...

Македонија2 дена

Еврејската заедница во Македонија смета дека со бришењето на терминот „бугарски“ се искривува историската вистина

Eврејската верска заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија велат дека не се согласуваат со намерата за бришење...

Европа2 дена

Норвешка од утре ги укинува сите ковид-мерки

Норвешка ќе ги укине сите рестриктивни мерки воведени поради пандемијата на коронавирус, објави владата. „Поминаа 561 ден откако ги воведовме...

Досие