Забава
Војводата од Сасекс тргнува во прва офанзива со комедија во живо

Принцот Хари ќе учествува во традиционалниот добротворен фестивал на музика и комедија Stand Up for Heroes на 18 ноември.
Oткако се повлекоа од функцијата високи членови на кралското семејство, војводата и војвотката од Сасекс градат свои кариери како филантропи, говорници и продуценти на „Нетфликс“.
Сепак, никој не можеше да го претпостави најновиот потфат на принцот Хари, со тоа што војводата ќе се појави во стендап-комедија, како дел од забавен настан за добротворни цели.
Њујоршкиот годишен Stand Up for Heroes оваа година се одржува виртуелно поради пандемијата, а ќе се емитува на @Еј-би-си њуз лајв“ и онлајн на 18 ноември. Во него ќе учествуваат голем број sвезди, вклучително и пејачот Брус Спрингстин, стендап-комичарот Џон Стјуарт, Тифани Хадиш, Реј Роман и други кои со перформанси и скечеви ќе се обидат да соберат средства за фондацијата Боб Вудруф – организација со седиште во САД чија цел е да создаде здрави, позитивни иднини за воените херои, ветераните и нивните семејства.
Според официјалната веб-страница на фондацијата, настанот ќе потенцира инспиративни моменти, изненадувања и приказни за издржливост.
Годишниот добротворен настан, кој се одржува веќе 14 години, започна по иницијатива на дописникот на „Еј-би-си њуз“ Боб Вудруф, откако тој се здоби со повреди на главата во 2006 година, додека известуваше за војната во Ирак.
Од својата инаугуративна година во 2007 година, настанот собра повеќе од 57 милиони долари, со настапи од ѕвездени имиња како Стивен Колберт, Џон Мејер, Сет Мејерс, Тревор Ноа, Конан О’Брајан, Рики Џервејс, Вупи Голдберг, Џери Синфилд, Брус Спрингстин , Реј Романо и Робин Вилијамс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Софија Вергара во тесен кожен фустан воодушеви во Париз

Колумбиската убавица Софија Вергара на Неделата на модата во Париз, беше една од многуте во чии прекрасни изданија уживаме со денови.
Иако Софија неодамна беше во центарот на вниманието поради тешка алергија што ја имаше, и поради тоа ги откажа сите работни обврски, сега таа блеска во полн сјај.
Таа го посети и Париз и уживаше на модните ревии, но и во ноќниот живот, а за таа пригода избра тесен кожен фустан кој совршено ги истакнуваше сите нејзини облини.
Како и обично, нејзините гради повторно беа во преден план.
Софија на оваа модна комбинација додаде сандали со високи потпетици, во боја на кожа, додека преку фустанот носеше долг кафеав капут.
Сите очи беа насочени кон атрактивната колумбиска актерка, која покрај својот изглед, ги освојува сите и со своето посебно чувство за хумор, поради што често станува вирална на мрежите.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Ким Кардашијан каква што досега не сме ја виделе: драстична промена, а сите имаат ист коментар

Изгледот што ја одбележа Неделата на модата во Париз беше секако оној со кој нè почасти Ким Кардашијан, пристигнувајќи во сосема поинакво издание и, на прв поглед, изгледајќи речиси идентично како нејзината мајка Крис Џенер.
Ким Кардашијан драстично ја промени фризурата, и таа пристигна на ревијата на Maison Alaïa и уште еднаш докажа дека дефинитивно е мајстор за привлекување внимание.
Нејзината сличност со нејзината мајка ги воодушеви многумина, а што се однесува до самиот аутфит, па… јавноста веќе е навикната на него, бидејќи се појави во проѕирен црн фустан без прерамки. Корсетот под проѕирниот материјал со впечатлив горен дел што истовремено ги крие и открива нејзините гради беше ѕвездата на аутфитот, а Ким го комплетираше фустанот со црна чанта и штикли, како и црн капут што само го фрли преку рамо, но и со впечатливи обетки.
„Мислев дека ова е Крис“, „изгледаат како близначки“, „Како Крис кога беше помлада“, „Што прави Крис Џенер тука?“ се само некои од многуте коментари што ги предизвика „новата“ Ким Кардашијан.
Таа објави и некои од фотографиите на социјалните мрежи, очигледно задоволна од својот нов имиџ.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Најбизарното издание на Хајди Клум: голи гради и детаљ што ги згрози сите

Поранешната ѕвезда на модните писти Хајди Клум се појави на Неделата на модата во Париз во сосема неочекувано, но и, како што многумина коментираат, најлошото издание во нејзината кариера досега.
Навикнати сме да гледаме екстремно провокативни модни стајлинзи од познатата Германка, како и фактот дека редовно ги покажува своите интимни делови, сепак… Хајди успеа да ја шокира јавноста со овој избор на ревијата пролет/лето 2026 на модната куќа Vetements.
Таа пристигна на ревијата во проѕирен фустан од чипка, под кој јасно се гледаа нејзините голи гради, кои гордо ги покажуваше додека позираше пред камерите, како и бели танга гаќички со висок струк. Сепак, таа направи „катастрофална грешка“ со еден моден детаљ – носеше златни протези.
Таа ја зачини оваа бизарна комбинација со чевли во боја на кожа и црни очила за сонце, а реакциите на нејзиниот изглед беа сè друго освен позитивни. Некои сметаат дека ова е вулгарен и невкусен потег што привлекува внимание, и очаен обид да се „врати“ во своите 20-ти години.
„Очајот не е привлечен. Ова е само тажно“, „Зрачи со очај. Апсолутно невкусно“, напишаа некои.
Таа пристигна на модниот настан во придружба на нејзината ќерка Лени Клум, која успешно ја гради својата манекенска кариера и која, за разлика од нејзината позната мајка, беше облечена поскромно – таа искомбинираше црна здолниште со црна кратка кошула.
фото: принтскрин