Забава
Војвотката од Сасекс синоќа се појави на Си-ен-ен

Меган Маркл, војвотката од Сасекс, непланирано се појави на годишната специјална емисија „Херои на Си-ен-ен“ во чест на најинспиративните моменти на годината и луѓето што ги остварија таквите моменти.
Во видеоклип снимен за Си-ен-ен, војвотката од Сасекс им оддаде почит на тивките херои – заедници и индивидуалци – кои ги поддржуваа ранливите категории луѓе среде пандемијата на Ковид-19.
Војвотката од Сасекс видеото го снимила додека седи на клупа во куќата што ја купија на почетокот на оваа година со својот сопруг, принцот Хари. Во заднината се гледаат виолетови цвеќиња. Таа носи блуза во слична боја како и цвеќињата, со убави детали на вратот и комплементарни тонови на шминка. Изгледот го дополни со обетки од брендот „Кетрин Зораида“ и ракавици од „Картие“.
Ова ненајавено ТВ-појавување на Меган беше за време на годишната специјална ТВ-емисија на Си-ен-ен со наслов Heroes: An All-Star Tribute за да им се заблагодари на тивките херои или на оние што помогнаа повеќето луѓе да добијат храна среде пандемијата.
Војвотката од Сасекс (39) во двоминутниот клип изјави: „Видовме заедници исправени пред предизвикот како преземаат акција. Кога запреа програмите за ручек за деца, видовме дека нашите соседи вложуваа големи напори за тие деца да ја имаат потребната храна. И ние како заедница се појавивме за да доставиме храна што им е потребна на ранливите луѓе“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Сите зборуваат за контроверзната русокоса: погледнете што носи

Сидни Свини, која неодамна го откри своето ново момче, присуствуваше на Меѓународниот филмски фестивал во Хемптон, каде што доби престижна награда за нејзината главна улога во биографската драма „Christy“.
Актерката, која сè уште е вовлечена во контроверзии околу нејзината реклама за брендот „American Eeagle“, блескаше во фустан од „Муглер“ украсен со сако со впечатливи набори од тил на долниот дел.
Под сакото, таа избра да носи мини фустан кој ги истакнуваше нејзините витки нозе.
Го комплетираше својот изглед со потпетици од „Џими Чу“, руса коса во природни бранови и суптилна огрлица.
Остатокот од вечерта донесе еден непредвидлив момент – Сидни одлучи да ги „фрли“ потпетиците и да „облече“ бели патики.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Бракот ја направи уште поголема „бомба“: на Безос не му е лесно…

Лорен Санчез се појави на Неделата на модата во Париз и предизвика возбуда со својот бомбастичен изглед.
Сопругата на милијардерот Џеф Безос, Лорен Санчез, повторно изненади со смело модно издание, овој пат на Неделата на модата во Париз.
Поранешната новинарка, како и обично, ги истакна своите гради, кои се нејзин главен адут на секој настан.
За оваа пригода, таа избра елегантен црвен фустан со асиметричен дизајн и многу интересно деколте на градите. Моделот имаше набори по целата должина кои дополнително создаваа облини и правеа сè да изгледа толку гламурозно, но и провокативно.
Лорен додаде сандали во иста боја како фустанот во својот аутфит, а не се откажа од црвената ни кога стануваше збор за нејзината чанта. Монохроматското издание изгледаше како совршено да одговара на нејзиниот престој во Париз.
Новопечената милијардерка, иако можеби не го сакаше тоа, повторно беше во центарот на вниманието благодарение на својот провокативен изглед.
До неа овој пат беше Безос, кој генерално ја користи секоја можност да биде со својата сопруга на јавни настани.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Таа знае што значи „деколте до папок“: згодната пејачка го вознемири Париз

Пејачката Рита Ора е една од познатите личности кои се појавија на Неделата на модата во Париз.
Бидејќи секоја модна ревија е проследена со раскошна забава, Рита никогаш не пропушта можност да биде во центарот на вниманието, особено по промената на нејзиниот имиџ.
Згодната пејачка овој пат се одлучи за смел и храбар фустан. Таа избра бел фустан кој ја следи линијата на нејзиното тело, но има толку изразено деколте што буквално допира „до папокот“, па сè друго беше во сенка.
Белите потпетици и црните очила беа единственото друго нешто што пејачката го додаде во својот фустан, и тоа беше доволно.
Со оглед на тоа што Рита Ора понекогаш може да разочара со својот стил, овој пат тоа не беше случај, иако најчесто игра на картата на провокација.
За излегувањето, таа го избра ресторанот „Le Costes“, добро познато место меѓу познатите ѕвезди кога станува збор за Париз.
фото: принтскрин