Забава
Во Австралија по 25 години е пронајдена желка која дише низ задникот

Научниците по пат на ДНК-анализа на примероци од вода во северниот дел на Квинсленд открија дека во областа моментално има вид на желка која може да дише преку задникот кога е потребно и последен пат била видена во регионот пред повеќе од 25 години.
Експертите од Универзитетот „Џејмс Кук“ (JCU) анализирале ДНК од примерок од реката Бурдекин и откриле дека таканаречената Ирвинова желка живее на неколку места. Го добила името по познатиот, сега починат, зоолог Стив Ирвин познт како „Ловецот на крокодили“ и неговиот татко Боб.
„Добро е да се знае дека сè уште има некои во оваа област“, рече Демиен Бароус, шеф на истражување во Центарот за тропски води и водни екосистеми на JCU.
Боб и Стив Ирвин ја откриле оваа желка (E. irwini) во сливот на реката Бурдекин во раните 1990-ти. Посебна е по тоа што може да дише на задникот, односно го користи аналниот отвор за да дише под вода.
„До ова последно откритие, немавме никакви официјални податоци за да докажеме дека желката на Ирвин сè уште живее во долниот дел на реката Бурдекин“, рече Бароус, цитиран од „Гардијан“.
Научниците анализираа примероци и ги пребаруваа реките Бурдекин, Бовен и Брокен во три периоди во 2020 и 2021 година, покривајќи 37 локации во три басени.
„Порано, беше многу тешко да се најде желката на Ирвин бидејќи живее само на места каде што има крокодили или во планински притоки до кои е многу тешко пристапен“, рече Бароус.
„Исто така, тие не е лесно да се фатат, а водата во која се наоѓаат не е чиста, така што не можат да бидат снимени со подводни камери. Но, ДНК-анализата го промени тоа бидејќи само требаше да земеме примероци и да ја пронајдеме нивната ДНК“, тој додаде.
Процесот овозможува собирање на генетскиот материјал на еден организам од почвата, седиментот и водата, но не може да ја открие возраста на желките.
„Не знаеме ништо за демографијата на оваа популација, но фактот што ја најдовме нивната ДНК, и покрај браната изградена во 1980-тите, сугерира дека возрасните желки Ирвин сè уште можат да преживеат во овие услови на матна вода“, рече биологот Сесилија Вилакорта-Рат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Ники Хилтон го покажа трудничкиот стомак на настан во Њујорк

Ники Хилтон го покажува својот труднички стомак во лелеав цветен фустан на добротворен настан посветен на заштита на бездомни животни – Animal Haven’s Benefit for the Animals – кој се одржа во „Трибека 360“ во Њујорк во средата.
„Анимал хевн“ или животински рај е приватен, непрофитен центар за згрижување бездомни мачки и кучиња, место каде што изгубените и напуштени животни можат да најдат храна и засолниште од суровоста на животот.
38-годишната наследничка на луксузни хотели им мавташе на своите фанови пред да се упати кон главната локација на настанот.
Присуството на ваков настан се случи само неколку дена откако го покажа својот труднички стомак на фотографија што ја сподели на Инстаграм.
Сестрата на Парис Хилтон додаде малку гламур на својот изглед за свеченоста со комплет блескави розови обетки.
Нејзината обемна руса коса е делумно врзана во плетенка, а остатокот паѓа на рамениците и градите.
Забава
Дијана Рос и „Квин“ ќе настапат на концерт за кралицата

Дијана Рос, „Квин“ и Адам Ламберт, „Дуран Дуран“ и сер Род Стјуарт се на списокот музички ѕвезди што ќе настапат на концерт во рамки на прославата на платинестиот јубилеј на британската кралица.
Пред Бакингемската палата ќе се појават и Алиша Кис, Ханс Цимер, Мејбел и британскиот претставник на Евросонгот, Сем Рајдер.
Платинестата забава во „Палас“ ќе ја следат 22,000 луѓе во живо и ќе се емитува на „Би-би-си уан“ на 4 јуни.
Гитаристот на „Квин“, Брајан Меј, ќе се врати 20 години по изведбата на покривот на палата за Златниот јубилеј на кралицата.
Легендарниот поп-бенд и нивниот фронтмен Ламберт ќе го отворат концертот за одбележување на годишнината од доаѓањето на кралицата Елизабета Втора на тронот.
Концертот, кој ќе трае два и пол часа, ќе има три бини и 3Д проекции преку фасадата на палатата.
Макета за тоа како ќе изгледа една од трите сцени пред Бакингемската палата
Велика Британија ќе ги прослави рекордните 70 години на тронот на својата кралица со четиридневна прослава, која започнува на 2 јуни.
Забава
Том Круз пристигна во Кан во голем стил

Том Круз „влета“ во Канскиот филмски фестивал во средата, коментираат светските шоу-биз медиуми, додавајќи дека појавувањето на холивудскиот актер беше проследено со млазни авиони, гламур, фотографирање и потпишување автограми покрај црвениот тепих.
Фановите го пречекаа со вресоци, а акробатскиот тим на француското воено воздухопловство Patrouille de France полета над главите, прскајќи го небото во обоени димни патеки во црвена, бела и сина боја.
Круз беше во градот за да го промовира долгоочекуваното продолжение „Топ ган: Маверик“, чија премиера беше одложувана две години поради пандемијата.
Големото извлекување билети додаде значителна возбуда на најголемиот светски филмски фестивал, кој одбележува сјајно враќање на своето 75. јубилејно издание.
Со смокинг и црна машна пеперутка, американската ѕвезда поминуваше покрај стотици луѓе наредени до црвениот тепих, потпишувајќи фотографии и позирајќи за селфи.
Тој позираше со колешките актери Џенифер Конели и Мајлс Телер, плескајќи на грбот на директорот на Канскиот филмски фестивалот, Тиери Фремо, кога млазниците прелетаа над неговата глава.
Круз пристигна порано во текот на денот, излегувајќи од црн автомобил на скандирањата „Том! Том!“