Забава
Во новата сезона на „Современо семејство“ ќе умре еден од главните ликови
Десеттата сезона на „Современо семејство“ наскоро ќе почне да се емитува, а еден од авторите на популарната серија, Кристофер Лојд, најави нешто што ги загрижи обожавателите.
Во новата сезона ќе умре еден од главните ликови. „Во оваа сезона ќе обработиме повеќе животни настани. Ќе има смртен случај што е тема со кое семејствата мора да се носат, а на телевизија тоа не е лесно затоа што е исклучително тешка тема. Но во исто време, би било чудно семејството да не мора да се носи со такви настани“, рекол Лојд за „Ентертејмент Викли“.
Тој, сепак, не открил за кој лик станува збор, но открил дека станува збор за „значаен лик во серијата“. Лојд рекол дека смртниот случај ќе биде настан чии последици ќе се почувствуваат во неколку епизоди.
„Ќе дојде до значајни промени во динамиката на семејството за кои публиката веројатно очекува дека ќе се случат во некој момент, но ќе се случат побргу отколку што очекувала“, рекол тој.
Десеттата сезона инаку е последна сезона за која постои договор, па не се знае дали ова ќе биде крај за „Современо семејство“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Астролозите откриваат: најнезгодните свекрви се раѓаат во три хороскопски знаци
Понекогаш зад семејните тензии не стои само различноста во ставовите, туку и – хороскопот. Според астролозите, некои знаци едноставно имаат карактер што тешко се носи со улогата на свекрва. Тие имаат силна потреба за контрола, тешко прифаќаат поинаков начин на живот и често сметаат дека „знаат најдобро“.
Најпредизвикувачки свекрви, според хороскопот, најчесто се родени во знаците Девица, Шкорпија и Јарец.
Девиците се перфекционисти кои тешко се опуштаат и бараат сè да биде по нивно, дури и кога имаат најдобри намери.
Шкорпиите се интензивни, љубоморни и сакаат контрола; ако почувствуваат дека губат влијание – стануваат пасивно-агресивни.
Јарците се авторитетни, традиционални и очекуваат ред и дисциплина – а нивните критики често знаат да бидат незгодни,
Иако сите се грижат од љубов, нивниот начин знае да биде предизвик и за најстрпливите снаи.
Забава
Oткриено е зошто Ана де Армас ја прекинала врската со Том Круз: „Сè се одвиваше премногу брзо“
Холивудската актерка Ана де Армас и славниот Том Круз раскинале по девет месеци врска, пишува „Ју-ес викли“.
Извор близок до парот открил дека Ана се чувствувала „непријатно“ поради тоа колку брзо се одвивала нивната врска, иако меѓу нив, како што се наведува, „постоела неоспорна хемија“.
Двајцата глумци се запознале за време на снимањето на трилерот „Дипер“, а нивната блискост на сетот прераснала во романса. По прекинот, останале во пријателски односи и планираат да продолжат со заеднички проекти.
Забава
(Видео) „На брод сите знаат сè“ – работничка предупредува на љубовните драми на крузерите
Луси Саутертон, поранешна масерка од Бирмингем која од 19 години работела на крузери, споделува дека романтичните врски меѓу членови на екипажот ретко завршуваат добро. Таа објаснува дека на брод „нема бегство“ – сите живеат, работат и се дружат заедно, па љубовните врски брзо стануваат комплицирани.
„Кога врската ќе заврши, останувате заробени со бившиот. Го гледате секој ден, со сите заеднички колеги што знаат сè,“ раскажува Луси на својот YouTube канал Cruising As Crew.
Таа предупредува дека, иако животот на море изгледа гламурозно, љубовните драми на бродот можат брзо да се претворат во ноќна мора.

