Забава
Вратени назад булдозите на Лејди Гага, шетачот на кучиња таа го нарече херој

Вооружениот напад и грабнувањето на кучињата на поп-ѕвездата Лејди Гага е со среќна завршница – човекот што се грижеше за кучињата на Лејди Гага заздравува, а двата француски булдога се безбедни.
Според „Асошиетед прес“, нејзините два француски булдога биле донесени во полициската станица во Лос Анџелес во петокот од страна на непозната жена.
Пејачката моментно е во Рим на снимање филм. Нејзини претставници биле во станицата и потврдиле дека тоа се нејзините домашни миленичиња.
Претставник на полицијата изјави дека жената што ги донела кучињата се чини дека не била инволвирана или поврзана со нападот во средата вечерта (24 февруари).
Не е јасно како таа дошла во контакт со кучињата.
Во средата 30-годишниот Рајан Фишер беше надвор за да ги прошета трите француските булдози на поп-ѕвездата – Коџи, Мис Азија и Густаво – во западен Холивуд кога беше нападнат од двајца мажи, кои го застрелаа четири пати во градите пред да побегнат со две од трите кучиња.
Фишер итно беше пренесен во болница, од каде што изминатиов викенд беше соопштено дека е во стабилна состојба. Во петокот неговото семејство ѝ се заблагодари на Гага за поддршката по нападот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Иконата на 90-тите го прослави 55-тиот роденден во костим за капење: Времето застанало…

Клаудија Шифер го поминува летниот одмор во Грција, од каде што ги почасти своите следбеници и обожаватели со серија фотографии со порака за роденден.
Германскиот супермодел и едно од најпознатите лица на модните писти на сите времиња, Клаудија Шифер, го прослави својот 55-ти роденден и по тој повод објави неколку фотографии на кои ја покажува својата завидна фигура и препознатливо лице во средината на педесеттите години.
Познатата русокоса позираше покрај базенот во бел, елегантен и романтичен едноделен костум од Chloé, со цена од 690 евра.
Костимот за капење има длабоко деколте и набори на горниот и долниот дел што му даваат доза на романтика, а Клаудија го комбинираше со кафеави очила за сонце и скап златен накит од истата марка.
Нејзиното лице без шминка и препознатливата насмевка, кои красеа бројни престижни насловни страници и модни писти, сè уште се нејзин заштитен знак.
„Денес полнам 55 години, толку сум среќна што го славам мојот роденден радосна и здрава! 🎉“, напиша Клаудија Шифер покрај објавата.
фото: принтскрин
Забава
И таа има 12 години? Новите фотографии од ќерката на Ким Кардашијан предизвикаа бес на социјалните мрежи

Риалити ѕвездата Ким Кардашијан и нејзината 12-годишна ќерка Норт Вест неодамна беа фотографирани во Рим пред хотел. Според странските медиуми, мајката и ќерката се упатиле кон луксузен ресторан на вечера.
И целата ситуација не би била вредна за забележување доколку дамите не одбрале ризични комбинации.
За таа пригода, Ким избра тесна сатенска облека која ги истакнуваше нејзините бујни гради. Својот изглед го надополни со шминка во земјени тонови и брановидна коса.
Kim Kardashian and 12-year-old North West were spotted in Rome. 📸 pic.twitter.com/JACofYjZkl
— Rain Drops Media (@Raindropsmedia1) August 25, 2025
И тогаш вистинското изненадување беше таа – Норт Вест – ќерката на Ким Кардашијан и Канје Вест.
Таа носеше комбинација што предизвика јавно негодување. Се одлучи за црн корсет и мини-здолниште, а нејзината долга, распуштена коса и големата количина шминка беа забележливи.
Нејзиниот начин на облекување е, како што тврдат многу корисници на интернет, несоодветен за 12-годишно девојче. А ова се само дел од коментарите на Инстаграм: „Норт изгледа многу постара од Ким“, „Родителството не е за секого“, „И таа има 12 години“.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) На прв поглед досадно, но на втор – толку е секси

Актерката Дакота Џонсон веќе некое време го привлекува вниманието на јавноста. Често може да се види на големи настани, а на црвениот тепих секогаш, но секогаш, ги воодушевува сите присутни.
Таа неодамна присуствуваше на премиерата на филмот Splitsville, каде што привлече внимание со својата облека.
Позната по својот софистициран, но смел стил, таа се појави во елегантен зелен мини фустан, кој на прв поглед изгледаше досадно.
Сепак, тишината настапи во текот на вечерта кога таа се сврте и покажа еден детаљ што модните критичари не го забележаа.
Стануваше збор за отворен грб, а овој драматичен детаљ на фустанот ја истакнуваше нејзината вита фигура. Креацијата направена од светкав материјал беше совршен избор за вечерно излегување.
Својот изглед го комплетира со минимална шминка во земјени тонови и дискретни обетки.
фото: принтскрин