Контакт

Забава

Гвен Стефани го слави својот 50. роденден

Објавено пред

Американската пејачка Гвен Стефани наполни 50 години.

Гвен Стефани стана позната уште во 90-тите години кога со својот бенд „Но даут“ се проби со албумот Tragic Kingdom. По сè уште лесно препознатливата песна Don’t Speak, талентираната пејачка продолжи да прави хитови.

Меѓу најпознатите песни се Rich Girl и Sweet Escape, како и What You Waiting For? и Used To Love You.

Освен со музика, пејачката се занимава и со мода и има своја модна линија Л.А.М.Б. Таа заедно со своето момче Блејк Шелтон тренира разни гласови во емисијата The Voice.

Забава

Хелен Мирен, кралица на глумата, денес слави роденден

Објавено пред

Една од најомилените холувудски ветеранки, Хелен Мирен, која во својата исклучителна кариера портретираше монарси од кој било период, денес полни 76 години.

Големата театарска и филмска ѕвезда може да глуми полициски инспектор, рокер, убиец, монархиња… и тоа го прави во изминатите пет децении: од раната театарска улога на Клеопатра, и Елизабета Втора во „Кралица“ што ѝ донесе Оскар во 2007 година, до Катерина Велика во истоимената ТВ-серија. Таа е единствената актерка која на филм ги портретирала двете кралици Елизабети.

На почетокот беше отворена млада класична актерка кој жестоко се спротивставуваше на објективизацијата, без разлика дали од весници или ТВ-емисии.

Потоа дојде зрелата Мирен со дарба да глуми монарси (Елизабета Прва на ТВ, Елизабета Втора на филмско платно и на театарска сцена), да ги освојува сите можни награди, да биде прогласена за Dame (дама), и да стекне голема меѓународна слава. Меѓу многуте титули, таа е и амбасадор на Women International.

Семејството на Мирен има благороднички корени: нејзиниот татко Пјотр Василиевич Миронов бил руски аристократ кој ги загубил статусот и богатството по Болшевичката револуција.

Во аристократската Мирен отсекогаш имало авантурист за кој било предизвик.

Една од најнаградуваните актерки во Британија и САД ја носи почесната титула Dame (дама) доделена од британската кралица Елизабета, женски еквивалент на Sir (сер) како форма на обраќање во чест на славата.

Мирен е безвременска дама со уникатен стил, вистинска инспирација за сите генерации. На свечените церемонии, холивудската ветеранка изгледа беспрекорно со совршено одбрани комбинации и секогаш со доза женственост и сексапил.

Прикажи повеќе...

Забава

Џел Ло и Бен Афлек на романтично бегство во Сен Тропе

Објавено пред

Старо-новата двојка, која изминатиот викенд ужуваше на мега јахта вредна 130 милиони долари по должина на француската ривиера, им даде на фановите експлозија од минатото, бидејќи ненамерно ја пресоздадоа познатата сцена од музичкото видео за Jenny From the Block нејзиниот хит од 2002 година.

Џенифер и Бен се на европско патување по повод 52. роденден на латиноѕвездата, а минатиот викенд се релаксираа во Сен Тропе.

Афлек (48) е фотографиран како става крем за сончање на познатата задница на својата девојка, многу слична сцена со онаа во видеото на Џеј Ло за песната „Џени од блокот“, која го следеше нивниот статус на моќна двојка во тоа време.

Фановите исто така можеа да видат и врамена слика на парот – направена од легендарниот фотограф Херб Ритс во 2002 година – што се гледа во позадината на нивната јахта.

Шоу-биз медиуми објавија дека тие продолжиле со прославата на роденденот во раните утрински часови, што следува откако двајцата на Инстаграм ја потврдија обновената романса покажувајќи ја меѓусебната наклоност.

Прикажи повеќе...

Забава

Судијата што ја води постапката за развод на Џоли и Пит мора да се повлече од случајот

Објавено пред

Приватниот судија кој веќе пет години ја води бракоразводната парница на Бред Пит и Анџелина Џоли во петокот доби наредба да се повлече откако Џоли се пожали дека не е непристрасен.

Во пресудата на апелациониот суд во Калифорнија се наведува дека судијата Џон Одеркирк требало да ги обелодени неговите претходни деловни односи со адвокатскиот тим што го застапува Пит во долготрајниот спор околу старателството над нивните деца.

Џоли и Пит, некогаш еден од најгламурозните парови во Холивуд, се разделија во септември 2016 година по повеќе од 10-годишна романса и двегодишен брак. Џоли поднесе барање за развод повикувајќи се на непомирливи разлики.

Тие беа законски прогласени за „сингл“ во 2019 година, но двајцата актери останаа во судска битка околу старателството над нивните пет малолетни деца.

Во одлуката на апелациониот суд се вели дека Удеркирк направил „етичка повреда што може да предизвика објективна личност, свесна за сите факти, оправдано да се сомнева во способноста на судијата да биде непристрасен. Потребно е дисквалификација“.

Парот го ангажираше Одеркирк, приватен судија, во обид деталите за разводот да останат далеку од очите на јавноста. Неговото заминување веројатно дополнително ќе го продолжи спорот за старателството.

Пит претходно се спротивстави на обидот на Џоли судијата Одеркирк да биде изземен од случајот бидејќи не окрил дека има деловни односи со еден од неговите адвокати. Таа тврдеше дека тоа е судир на интереси.

Поранешните сопружници моментално го делат старателството над пет од нивните шест деца. Шестиот – Медокс роден во Камбоџа – има 19 години и не е предмет на договори за старателство.

Во јуни годинава, судијата Одеркирк му додели на Пит еднакви права со неговата поранешна сопруга за старателство над децата.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа41 минута

(Видео) Големо невреме во Лондон: Поради поплави затворени осум метростаници и две болници

Силен дожд и грмотевици го погодија Лондон што предизвика поплави во некои делови на главниот град на Британија, поради што...

Македонија1 час

Заев: Скопје никогаш нема да заборави на жртвите од земјотресот и солидарноста по него

Катастрофалниот земјотрес пред 58 години за само 20 секунди го запре животот на Скопје и им го одзеде животот на...

Свет3 часа

Фаучи: Најверојатно ќе биде потребна трета доза од вакцината

Водечкиот американски експерт за инфективни болести, Ентони Фаучи, процени дека на вакцинираните Американци чиј имунолошки систем е загрозен, може да...

Македонија3 часа

Сеќавање за жртвите – Скопје одбележува 58 години од катастрофалниот земјотрес

Скопје денеска со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 58 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година во кој 1.070...

Македонија4 часа

Почнува вакцинирањето во домашни услови

Од денеска граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да дојдат на вакцинален пункт за да примаат вакцина...

Македонија20 часа

Охридското Езеро засега го задржува статусот на УНЕСКО

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на својата 44 сесија, која се одржува во Фуџу, Кина, донесе одлука Природното и...

Регион21 час

Возачот на косовскиот автобус признал дека задремал зад воланот, загина и неговиот колега

Хрватската полиција го уапси возачот на косовскиот автобус кој денеска излета од автопатот кај Славонски Брод, Хрватска. Најмалку 10 лица...

Македонија23 часа

МНР купи електрични тротинети за вработените, набавката била дел од проектот „Зелена дипломатија – новото нормално“

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ги промовираше електричните тротинети, набавени за користење од страна на вработените во министерството, образложувајќи...

Свет1 ден

(Видео) Невреме повторно ја погоди Белгија, поплавата носеше возила

Силно невреме повторно ја погоди Белгија и предизвика штета, десет дена по поплавите во кои загинаа 36 лица. Возилата во...

Македонија1 ден

Скопје добива легални ѕидови за слободно користење на уличните уметници

Како дел од активностите на кандидатурата на Град Скопје за „Европска престолнина на културата за 2028 година“, назначени се две...

Македонија1 ден

Мал процент на граѓани се заразиле со Ковид по две дози вакцина, од утре вакцинација и дома

Само 0,02 отсто од македонските граѓани се заразиле со коронавирус по вакцинацијата. Конкретно, од вкупно 330.320 граѓани со примени две...

Македонија1 ден

Гужви на Богородица и Табановце, за влез и излез во државата се чека и до 45 минути

Големо раздвижување на граничните премини има утрово. Автомотосојузот на Македонија соопшти дека на граничните премини Богородица и Табановце задржувањето за...

Македонија2 дена

Силно сме спротивставени на корупцијата, велат од Владата по извештајот на Стејт Департментот

Силно сме спротивставени на корупцијата – за разлика од претходната, оваа Влада сериозно ги зема предвид и постапува по меѓународните...

Македонија2 дена

Заев: Во првиот круг секој ќе настапи со свој кандидат, а во вториот ќе коалицираме со ДУИ, БЕСА и ДПА

Бидејќи сме коалициони партнери со ДУИ, БЕСА и со ДПА, заедно ќе настапиме за локалните избори, изјави премиерот и претседател...

Македонија2 дена

Регистрирани 37 нови случаи на коронавирус, најмногу во Тетово и Скопје

Во последните 24 часа се направени 4.264 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19: Тетово – 13, Скопје...

Свет2 дена

(Видео) Илјадници луѓе излегоа на протест во Австралија поради карантинот

Илјадници луѓе се собраа денес во Сиднеј и другите австралиски градови во знак на протест против воведените рестриктивни мерки поради...

Македонија2 дена

Од понеделник почнува вакцинирање во домашни услови

Министерството за здравство ја информира јавноста дека од понеделник граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да дојдат...

Македонија2 дена

Мицкоски: Советничка на Заев е предложена за член на Судски совет, ете зошто Македонија не е правна држава

Советник на Заев, финансиер на СДСМ, владин член на бордот на Телеком – Тања Чачарова Илиевска, сега е претставена за...

Европа2 дена

За исчезнати се водат 150 лица по поплавите во Германија

Во поплавите што ја зафатија западна Германија на 14. и 15 јули загинаа 180 лица, а околу 150 се уште...

Свет3 дена

ЕМА ја одобри вакцината на „Модернa“ за деца над 12 години

Вакцината против коронавирус од американскиот производител Модерна може да се инјектира и на деца и адолесценти на возраст од 12...

Досие