Забава
Гвинет Палтроу му купила на синот мозаик-сложувалка од 40 долари за да се забавува

Холивудската актерка Гвинет Палтроу откри дека на својот 14-годишен син му купила мозаик-сложувалка со 450 парчиња за да се забавува во самоизолација.
47-годишната актерка и лајфстајл-дива ова го напиша во неделата во објавата на својата велнес веб-страница „Гоп“ (Goop).
Таа објави водич за некои производи кои ѝ помагаат да го издржи летото во самоизолација, а сложувалката од 40 долари е меѓу нив.
Ѕвездата на оскаровецот „Вљубениот Шекспир“ го дели старателството над двете деца со фронтменот на „Колдплеј“, Крис Мартин, со кого беше во брак од 2003 до 2016 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Џенифер Гарнер на дневна дружба со стара пријателка

Тие заедно глумеа во 13 Going On 30, романтична комедија од 2004 година.
Џенифер Гарнер и Џуди Грир негуваат пријателство кое трае до денес.
Во понеделникот, по прошетката со Џуди, Џенифер ги задеваше своите следачи на Инстаграм предизвикувајќи ги да погодат со кого се дружи тој ден.
Таа ја покажа својата придружничка одзади на својата инстаграм-приказна и напиша: „Денес бев да се прошетам со една од моите најомилени личности“.
На друга фотографија, Џенифер напиша: „Совет: Застанува и разговара со секое куче што ќе го види!“
Гарнер е мајка на Вајолет (15), Серафина (12) и синот Семјуел (8), кои ги дели со поранешниот сопруг Бен Афлек. Таа и добитникот на „Оскар“ за „Арго“ се разделија во 2015 година по 10 години брак, а разводот го финализираа во 2018 година.
Забава
Хајди Клум ги збуни фановите со стара фотографија

Хајди Клум изгради кариера како русокоса бомба во духот на Барбарела со кампањи кои вклучуваат модни ревии на Victoria’s Secret и насловни страни за Sports Illustrated Swimsuit Edition.
Токму порди тоа, таблодите пишуваат дека било шок да се види 47-годишната Хајди како бринета со густи веѓи на 19-годишна возраст.
Во неделата, sвездата на Project Runway (Проект писта) сподели многу ретка фотогрфија од себе кога првпат започнала да се занимава со манекенство во 1992 година.
„Помина време …..“, напиша Хајди, која сега е мајка на четири деца, и додаде емотикон смешко.
А таблоидите коментираа: Оваа девојка е прекрасна, но никој не би погодил дека е Хајди.
Забава
Метју Пери ја продаде куќата во Малибу за 13.1 милиони долари

Метју Пери ја продаде својата класична ергенска куќа на плажата во Малибу за 13.1 милиони долари, помалку од една година откако ја објави на пазарот со цена од 14.95 милиони долари.
Веста ја објави „ТМЗ“ во понеделникот, додавајќи дека Пери (51) добил помалку од бараната цена, но сепак цифрата е сè уште чекор повеќе од износот што тој го платил во 2011 година.
Прекрасниот дом со поглед на океанот Пери го купи за 12 милиони долари.
Имотот од 5.500 квадратни метри се наоѓа на раскошна улица во Малибу. Има четири спални соби и четири бањи.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот