Контакт

Забава

Гвинет Палтроу се шегува дека сексуалниот живот ѝ завршил сега живее со сопругот

Објавено пред

Гвинет Палтроу се пошегува дека нејзиниот сексуален живот е готов сега кога се преселила кај сопругот.

47-годишната актерка и нејзиниот сопруг Бред Фалчук, конечно, решија да живеат заедно со полно работно време, пишуваат таблоидите и додаваат дека одлуката паднала по повеќе од една година по нивната венчавка.

Иако во брак, тие го одложуваа животот заедно бидејќи не сакаа да ја уништат мистеријата на нивната врска.

Говорејќи за февруарскиот број на магазинот „Харперс базар“, таа се пошегува: „И, така, нашиот сексуален живот е готов“.

„Мислам дека тоа сигурно помага во зачувување на мистеријата и исто така зачувување на идејата дека секоја личност има свој живот. Значи, свесна сум за ова сега кога живееме заедно“.

Гвинет, која има ги децата Епл (15) и Мојсеј (13) со својот поранешен сопруг Крис Мартин, минатата година откри дека таа и Бред поминуваат заедно само четири од седум ноќи во неделата и дека 48-годишниот писател и продуцент остатокот од времето го поминува во својата куќа.

Но, во август минатата година Гвинет рече дека таа и Бред постепено почнуваат да живеат заедно цело време.

„Го обожавам сопругот. Тој е брилијантен и многу љубезен. Тој ме турка напред на најдобар можен начин. Навистина ми се допаѓа да бидам омажена. Забавно е“.

Гвинет и Бред се венчаа во септември 2018 година на приватна и мала церемонија во Хамптонс, Њујорк, на Лонг Ајленд – осум години по запознавањето на снимањето на филмот Glee.

 

Забава

Кралицата Елизабета Втора сподели една од нејзините омилени фотографии со принцот Филип

Објавено пред

Во пресрет на погребот на принцот Филип, британската кралица Елизабета Втора сподели со јавноста една од нејзините омилени фотографии со нејзиниот сопруг, со кого беше во брак 73 години.

На фотографијата се гледа како кралскиот пар се одмара на трева во Абердиншир во 2003 година, пренесува Би-Би-Си.

На таа фотографија направена еден сончев ден, кралицата и принцот Филип изгледаат целосно опуштено и топло се насмевнуваат на својата снаа Софија која ги сликала.

Погребот на принцот Филип, кој почина на 9 април, на 100-годишна возраст, ќе се одржи денес во замокот Виндзор.

На погребот ќе можат да присуствуваат најмногу 30 лица во согласност со мерките против епидемијата на коронавирусот. Самиот принц Филип претходно изјави дека сака скромен погреб.

На церемонијата, која ќе биде прикажана на телевизија, кралското семејство ќе се збогува со војводата од Единбург, кој беше во брак со „Лилибет“ која стана кралица во 1952 година.

Прикажи повеќе...

Забава

Ејдан Тарнер ќе го глуми Леонардо да Винчи во нова серија

Објавено пред

Ирскиот актер Ејдан Тарнер изјави дека му е мило што новата историска драма за Леонардо да Винчи ја отсликува сексуалноста на уметникот.

Во новиот проект, во продукција на „Амазон прајм“, Тарнер го глуми познатиот италијански ренесансен архитект, инженер, вајар, уметник.

Во ТВ-серијата, универзалсниот уметник од Тоскана е прикажан како да има машки љубовници. Некои историчари тврдат дека Да Винчи бил хомосексуалец или бисексуалец.

„Неговата сексуалност е голем дел од она што навистина бил тој“, рече Тарнер во текот на поткатстот Leonardo: Official Podcast. „И негова мотивација да направи толку многу“, додаде актерот.

Драмската серија – љубовна приказна и мистерија за убиство – истражува што го натерало Да Винчи да црта. Секоја од осумте епизоди се фокусира на различна слика и приказната што стои зад неа.

Прикажи повеќе...

Забава

Најубава фигура во танга-бикини, Софија Вергара ги потсети фановите како изгледаше во 90-тите

Објавено пред

Актерката Софија Вергара сака да ги задева своите 21,4 милион фанови и следачи на „Инстаграм“ со фотографии од периодот кога работеше како модел, години пред да стане голема телевизиска sвезда благодарение на хит-серијата „Модерно семејство“.

Колумбиската убавица се наврати на помладите години и овој пат сподели секси фотографија во танга-бикини како дел од својот Throwback Thursday.

„#tbt Мајами 90-тите“, напиша 48-годишната актерка во описот на објавата потсетувајќи се на периодот кога живеела во Мајами, каде што се доселило нејзиното семејство кон крајот на 90-тите.

Експлозија од минатото: Софија Вегара во „троубек трсдеј“ од 90-тите

На крилјата на високите телевизиски рејтинзи и признанија, Вергара беше најплатената ТВ-актерка од 2013 до 2019 година, што вклучува неверојатни 42,5 милиона долари од јуни 2017 и јуни 2018 година.

Од неодамна таа е судија, односно една од четиричленото жири на ТВ-шоуто „Америка има талент“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

Убиецот кој застрела осум луѓе во „Федекс“ го купил оружјето легално

Момчето кое уби осум лица со огнено оружје во објект на „Федекс“ во Индијанаполис, САД, а потоа изврши самоубиство, купил...

Свет8 часа

Келин: Руските власти нема да дозволат Навални да умре во затвор

Рускиот амбасадор во Велика Британија, Андреј Келин, изјави денеска во интервју за Би-Би-Си дека власта нема да дозволи Алексеј Навални...

Македонија10 часа

Заев: Со згрозување ја примив информацијата дека за Мицкоски гласањето во Собрание било тероризам

Со згрозување ја примив информацијата дека за Христијан Мицкоски овој чин бил тероризам. Мицкоски се дрзна гласањето помош за граѓаните...

Македонија11 час

Мицкоски за болните пратеници во Собранието: Ова е тероризам, а не 27 април

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го коментира доаѓањето на пратениците болни од коронавирус во Собранието. „Ова во Собрание е тероризам,...

Македонија12 часа

Во Македонија 364 нови случаи на коронавирус, починаа 24 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 364 нови случаи на коронавирус, 24 лица починаа, а оздравеа 689 заболени,...

Македонија13 часа

Изгласан петтиот пакет мерки, гласаа и двајца пратеници позитивни на Ковид-19

Собранието го изгласа петтиот пакет економски мерки за помош на стопанствениците и економијата погодени од пандемијата. Изгласани се Законот за...

Македонија14 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Заев го загрозува јавното здравје и тера пратеници болни од ковид да одат во Собрание

Зоран Заев го загрозува јавното здравје и тера пратеници болни од КОВИД во изолација, во скафандери да одат во Собрание,...

Свет16 часа

Инцидент на забава во САД – подот од куќата пропадна во подрумот, повредени над 30 луѓе

Најмалку 30 луѓе се повредени на забава кога се урнал подот на двокатна куќа во американската држава Џорџија. Полицијата соопшти...

Свет17 часа

Бабиш: Агeнтите кои го отруја Скрипаљ, се поврзани со експлозијата во Чешка

Двајца руски државјани, обвинети за труење на Сергеј Скрипаљ во 2018 година во градот Солсбери во Велика Британија, се поврзани...

Македонија18 часа

Во ковид центрите во Скопје хоспитализирани нови 42 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 42 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно...

Свет18 часа

(Видео) Во Кина пуштен во функција воз без машиновозач

Во Кина почна да работи линија на автономен воз без машиновозач и екипаж. Линијата е отворена во Чонгкинг и е...

Регион19 часа

Белград би можел да биде домаќин на самитот Бајден и Путин

Прашањето дали Белград, како неутрален терен, може да биде домаќин на средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател...

Македонија19 часа

Утре пристигнуваат вакцините на „Фајзер“

Во Македонија утре ќе пристигнат 10 илјади вакцини на компанијата „Фајзер“. Исто толку вакцини се очекува да пристигнат и на...

Свет1 ден

Чешка протера руски дипломати

Чешка одлучи да протера 18 вработени во руската амбасада во Прага, за кои надлежните чешки служби тврдат дека се руски...

Свет1 ден

ФСБ спречи атентат на Лукашенко

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) уапси две лица кои планирале да извршат воен удар во Белорусија на 9 мај...

Македонија1 ден

Нови 824 заболени и 31 починат од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 3.988 тестирања, а регистрирани се 824 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 313,...

Свет1 ден

Познати личности од целиот свет му напишаа писмо на Путин

Повеќе од 70 познати личности од целиот свет му напишаа отворено писмо на рускиот претседател Владимир Путин. Во писмото бараат...

Свет2 дена

(Видео) Погреб на принцот Филип – Цела нација со една минута молк

Принцот Филип, војводата од Единбург и сопруг на кралицата Елизабета Втора, кој почина минатата недела на 99-годишна возраст, ќе биде...

Економија2 дена

Ивент индустријата ќе добие финансиска помош за смислување настани за Денот на независноста

Следната недела ќе биде објавен јавниот повик за финансиска поддршка од 1 милион евра за компаниите да можат да реализираат...

Македонија2 дена

Османи ги претстави првите економски советници кои ќе бидат испратени во Варшава, Минхен, Анкара и Абу Даби

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ги престави првите четири избрани економски советници, кои ќе бидат упатени во рамките на...

Досие