Забава
Во Германија речиси 90 отсто од пензионерите одат на работа поради дружење, а не за пари

Речиси 90 отсто од германските пензионери што работат и по исполнување на критериумите за пензија, работат поради социјалните контакти и лични мотиви, а не поради финансии, покажа една студија на Институтот за истражување на пазарот на трудот (ИАБ).
„90 отсто од пензионерите што се вработени и по заминување во пензија, уживаат во својата работа и бараат контакт со колегите“, се наведува во студијата на Институтот што дејствува во склоп на Сојузната агенција за вработување.
Истовремено, над 50 отсто од испитаниците навеле дека остануваат во работен однос и поради финансиите.
Меѓу пензионерите со пензии пониски од 1.000 евра има 26 отсто жени и 29 отсто мажи што работат и тој процент е значително помал од оној што се бележи кај пензионерите со повисоки пензии. Меѓу пензионерите со пензии повисоки од 2.500 евра бројот на оние што работат е 59 отсто.
Во првите три години по заминувањето во пензија во Германија, во некаков вид работен однос остануваат над четвртина од пензионерите. Инаку, сè повеќе работодавци, поради недостигот на работна сила, вработуваат пензионери како слободни соработници и по официјалното заминување во пензија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Целиот свет зборува за жешките фотографии на познатата манекенка

Наоми Кембел е една од најпознатите модели во светот, и иако веќе е во шестата деценија од животот, сè уште нема конкуренција.
Познатата манекенка Наоми Кембел е на одмор на Сицилија, од каде што доаѓаат нејзините нови фотографии од бикини кои станаа вирални.
Наоми со години се обидува да го задржи својот приватен живот за себе, па затоа ова се единствените фотографии што можеме да ги добиеме од неа, а таа неодамна ги покажа своите деца за прв пат.
Црниот Пантер, како што многумина ја нарекуваат, има 55 години, но тоа не ја спречува сè уште да биде една од најубавите жени во светот.
Целосно облечена во бело, таа предизвика голем возбуда во Италија. Позираше во бело бикини и наметка, а нејзината обликувана фигура беше во преден план.
Речиси и да нема никаква разлика во нејзиниот изглед од пред неколку децении до сега, и јасно е дека познатата убавица сè уште редовно тренира.
Забава
Жената која „не старее“ шокира со нови фотографии: го прослави 76. роденден и не ја открива својата тајна

Познатата дизајнерка на венчаници наполни 76 години, но кога ќе видите како изгледа, ќе ви биде тешко да поверувате.
Славната Вера Ванг, верувале или не, наполни 76 години, а по тој повод организираше забава во Париз за своите најблиски пријатели.
Познатата дизајнерка сподели неколку фотографии на својот Инстаграм профил, но исто така докажа дека возраста и модата дефинитивно не треба да се поврзуваат. Вера и претходно беше тема на дискусија кога станува збор за младоликоста, па затоа често се дискутираше за неа.
Таа позираше во краток црн џемпер и долго здолниште, а сè беше дополнето со ремен со синџири.
„Се обидувам да бидам малку модерна“, напиша Вера, очигледно правејќи шега на своја сметка.
Таа го комплетираше својот екстравагантен моден изглед со високи платформи и црна лента за глава, како и очила за сонце. Уште еднаш, нејзиниот изглед беше главна тема, а на никој не му е јасно како е можно оваа жена да е во својата осма деценија.
Вера Ванг често е пример за тоа како возраста не може да биде пречка, и тоа не само кога станува збор за модата.
Таа ја започна својата кариера како дизајнерка на венчаници на 40-годишна возраст, иако дотогаш веќе беше многу успешна. Соработуваше со Ралф Лорен, пред да одлучи да стане независна.
Таа сè уште не ја открила тајната на својот младешки изглед, како што еднаш рекла, не прави ништо посебно и се однесува сосема нормално, па засега сè уште мора да веруваме дека „главниот виновник“ е генетиката и обичниот живот.
Забава
(Видео) „Никој освен тебе” – нова песна и спот на Нокаут

Популарниот македонски бенд Нокаут ја промовираше својата најнова песна „Никој освен тебе“.
Музиката, текстот и аранжманот се на фронтменот Никола Перевски – Пере.