Контакт

Забава

Гитара на Ерик Клептон продадена за 625.000 долари на аукција

Објавено пред

Еден среќен фан сега поседува дел од историјата на рокенролот со гитарата на Ерик Клептон од дебито на сцената со „Дерек и Доминос“, која се продаде за неверојатни 625.000 долари.

Акустичната гитара „мартин Д-45“ од 1968 година првично се очекуваше да достигне цена помеѓу 300.000 и 500.000 долари од аукциската куќа „Џулиенс“ на дводневната аукција Icons & Idols: Rock & Roll, одржана во Лос Анџелес минатиот викенд.

Акустичната гитара на Клептон заврши како најскапа ставка на аукцијата, а продажбата на целата аукција надмина 5 милиони долари.

Рок-легендата свиреше на истата гитара за време на својот прв настап во живо со тогашниот негов бенд „Дерек и Доминос“ во театарот „Лицеум“ во Лондон на 14 јуни 1970 година.

Забава

Илон Маск ја продаде и последната куќа, сега нема свој дом

Објавено пред

Вториот најбогат човек на светот, Илон Маск, го исполни ветувањето и ја продаде својата последна куќа и официјално повеќе нема дом.

Извршниот директор на „Тесла“ и „SpaceX“, го продаде својот имот во Силиконската долина за 30 милиони долари, што е за 7,5 милиони долари помалку од првичната барана цена од 37,5 милиони долари.

Илон Маск, тежок повеќе од 151 милијарда долари, претходно изјави дека имотот од 47 хектари јужно од Сан Франциско е неговиот последен преостанат дом.

Маск, кого шефот на „Амазон“, Џеф Безос, го прескокна на врвот на листата на „Форбс“ за најбогати луѓе во светот, моментално живее во куќа што ја изнајмува за 50.000 долари во Бока Чика, Тексас, во близина на неговата фабрика за ракети.

„ Мојот примарен дом е буквално куќа од 50.000 долари во Бока Чика која ја изнајмувам од SpaceX. На крајот на краиштата, тоа е некако одлично“, напиша Маск на Твитер.

Новиот сопственик на вилата Хилсборо во Калифорнија на 891 Crystal Springs Road не е објавен во јавноста.

Огромниот имот има седум спални соби, седум бањи, музичка соба, голема сала за бал и коктел соба со полици за библиотека на извлекување.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) AББA објави видео за првата божикна песна

Објавено пред

Новата божикна песна на AББА, Little Things, сега е достапна како сингл на цеде. Шведскиот култен бенд во петокот објави музички спот за песната.

Во него ученици разговараат за технологијата за претстојниот концерт ABBA Voyage во Лондон во 2022. Оваа технологија се користи за снимање на движењата на членовите на бендот и нивно претворање во дигитални реплики, кои ќе може да се видат на сцената во Лондон.

Учениците ја претвораат својата училница во продукциска канцеларија за да може сето тоа сами да го изведат и сами да создаваат музика. Крајниот резултат е божикно шоу на АББА.

Little Things е првата божикна песна на шведската супергрупа – ваква песна веќе долго време беше желба на фан-заедницата. „Јуниверзал мјузик“ соопшти дека целиот приход од продажбата на цедето ќе оди во Фондот на УНИЦЕФ за заштита на децата.

Прикажи повеќе...

Забава

Бритни Спирс сподели фотографии од прославата на роденденот во Мексико

Објавено пред

Бритни Спирс се чувствуваше малку огорчена на сега веќе укинатиот конзерваторски надзор среде прослава на својот 40. роденден во Кабо Сан Лукас.

Поп-ѕвездата на својот Инстаграм покажа некои од своите омилени фустани додека стои пред новогодишна елка, а својата лутина ја насочи кон спорното старателство и оние кои се залагаа за таков вид надзор над нејзиниот живот.

Во објавата, таа им порача на сите клеветници: „Може да го бакнете мојот убав бел задник“ и си вети дека сега ќе го живее својот живот како што сака.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

Папата на Лезбос со мигрантите – стотици бели ливчиња, апел за помош

Папата Франциско на вториот ден од посетата на Грција го посети бегалскиот камп на островот Лезбос. Тој ја обвини Европа...

Свет8 часа

Путин предупреди: Полјаците ги полеваат мигрантите со хербициди на граница

Рускиот претседател Владимир Путин ја повика директорката на Федерацијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Франческа Рока, да внимава на...

Свет8 часа

Фаучи: Засега, не треба да бидеме премногу загрижени за омикрон

“Првите „малку охрабрувачки знаци“ доаѓаат од Јужна Африка кога станува збор за сериозноста на инфекциите со омикрон” , изјавил советникот...

Европа10 часа

(Видео) Со водени топови и солзавец растерани демонстрантите во Брисел

Белгиската полиција денеска употреби водени топови и солзавец за да ја растера групата демонстранти во Брисел. Учесниците на маршот протестираа...

Македонија12 часа

Заев прифати меѓународна истрага за случаите „Монструм“, „Диво Насеље“ и Алмир Алиу

Постигната е согласност Владата да испрати официјално барање до Европската Комисија со кое ќе побара тим од независни експерти кои...

Македонија13 часа

(Видео) Алтернатива доби две министерства и министер без ресор, Гаши и Заев најавија стабилно мнозинство

Алтернатива доби три министерства во Владата на заедничка прес-конференција соопштија претседателот во заминување на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на...

Македонија14 часа

Десет починати и 276 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.720 тестирања,...

Регион16 часа

(Видео) Поројни врнежи од дожд во Хрватска, поплавени улици и патишта

Пороен дожд утрово врне на Јадранот локално и со пороен дожд и грмежи. Во текот на денот се очекуваат обилни...

Топ16 часа

Петмина повредени во судир на автомобил и трактор на патот Битола-Ресен

Пет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера на магистралниот пат Битола-Ресен, кај „Сопотски ливади“. Несреќата...

Свет17 часа

Научниците со нови сознанија: Омикронот можеби презел дел од генот на вирусот на настинката

Новиот сој на коронавирус, омикрон, можеби стекнал барем една од неговите мутации со собирање фрагмент од генетски материјал од друг...

Топ17 часа

МВР со апел: Граѓаните да не користат петарди, казните се од 200 до 500 евра

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека и годинава спроведува превентивна кампања, со цел на граѓаните да им се...

Свет18 часа

Си-Ен-Ен го отпушти најпознатиот водител Крис Куомо, брат на поранешниот гувернер на Њујорк

Американската медиумска куќа Си-Ен-Ен во саботата објави дека водителот Крис Куомо е отпуштен и дека одлуката веднаш стапува на сила....

Македонија1 ден

(Видео) Алтернатива влегува во Владата

Алтернатива на Африм Гаши влезе во Владата, соопшти партискиот портпарол. Ова доаѓа по состанок на Централниот совет. Со мнозинство гласови,...

Свет1 ден

Путин и Бајден во вторник ќе разговараат за Украина

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џозеф Бајден, ќе разговараат во вторник на 7 декември, соопшти Кремљ....

Свет1 ден

(Видео) Инциденти и апсења на протестите во Австрија – полицијата употреби бибер спреј

Во центарот на Виена попладнево се одржуваат бројни протести на противниците на ковид-мерките и задолжителната вакцинација, поради што многу улици...

Свет1 ден

Русија е можно во јануари да ја нападне Украина, тврди украинскиот министер за одбрана

Американскиот државен секретар Ентони Блинкинен го предупреди својот руски колега дека Москва ќе плати „висока цена“ доколку ја нападне Украина....

Македонија2 дена

15 починати и 355 новозаразени со Ковид-19

Денес се регистрирани 355 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19...

Македонија2 дена

Владата ги замрзна цените на основните артикли

На денешната 124-та редовна седница, Владата донесе Одлука за определување на највисоки цени на основни прехранбени производи во трговијата на...

Регион2 дена

Омикрон се поблиску до нас – Потврден прв случај во Хрватска

Новиот сој на корона вирусот, кој Светската здравствена организација (СЗО) го нарече омикрон, официјално е регистриран во Хрватска. Оваа информација,...

Топ2 дена

Тешка сообраќајна несреќа во Маџари, загина велосипедист

Велосипедист го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случила синоќа во 01.30 часот после полной во Маџари. Според инфорациите...

Досие