Контакт

Забава

Годините не ѝ можат ништо – Мелани Грифит не пропушта ден без вежбање

Објавено пред

Иако е во седмата деценија од животот, таа изгледа како пред повеќе од триесетина години.

Мелани Грифит (62) беше забележана од папараците додека се упатува кон салата за вежбање во Беверли Хилс за својот редовен фитнес.

Мелани е во самоизолација во својот дом во Калифорнија среде пандемија на коронавирусот. Но, во вторникот таа излезе надвор на свеж воздух и на вежбање во близина на својот дом во Беверли Хилс.

Актерката ветеран има 62 години и не пропушта ниту еден ден без вежбање, таа е фитнес-фанатик.

Секако, заслуга за зачуваниот младешки изглед на Мелани имаат и естетските хирурзи, но едно е очигледно – актерката изгледа феноменално.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Џејкоб Елорди ги покажа своите стомачни на плажа во Малибу

Објавено пред

Неговата романса со манекенката ќерка на Синди Крафорд, Каја Гербер добро напредува.

А во вторникот, Џејкоб Елорди отиде сам во Малибу за да ужива во сурфањето на бранови.

Папараците го уловија австралискиот актер кога се враќаше од плажа кон својот автомобил паркиран на автопатот покрај плажата. Атлетски градениот Џејкоб чија висина надминува 1.95 ги покажа своите беспрекорни стомачни мускули во црно одело за сурфање завиткано преку струкот.

Џејкоб (23) стана познат како една од ѕвездите на филмот романтична комедија The Kissing Booth кој беше премиерно прикажан во мај 2018 година на „Нетфликс“.

Прикажи повеќе...

Екологија

Во Средоземното Море секоја година завршуваат над 200.000 тони пластика

Објавено пред

Повеќе од 200.000 тони пластика завршуваат во Средоземното Море секоја година, објави Меѓународниот сојуз за зачувување на природата (IUCN), со строго предупредување дека таа количина ќе се зголеми двојно до 2040 година, доколку не се преземат драстични мерки.

Новиот извештај на IUCN насловен „Медитеран: Море од пластика“, заснован на теренски студии, проценува дека 33 медитерански земји фрлаат 229.000 тони пластика годишно, што е количина поголема од онаа на 500 бродски транспортни контејнери.

Дури 94 проценти од пластиката завршува во морето како резултат на лошото управување со отпадoт и се таложи на морското дно во форма на микропластика, или честички помали од пет милиметри.

IUCN проценува дека можеби 3,5 милиони тони пластика се имаат насобрано во Медитеранот на овој начин.

„Загадувањето со пластика може долгорочно да им наштети на копнените и морските екосистеми и биодиверзитетот. Морските животни можат да се заплеткаат во пластичен отпад или да го проголтаат и на крајот да умрат од исцрпеност и глад. Покрај тоа, пластичниот отпад ослободува хемикалии во животната средина кои можат да бидат штетни за екосистемите и здравјето на луѓето, особено во полузатворено море како Средоземното“, рече Мина Епс, директорка на Глобалната поморска и поларна програма на IUCN.

Прикажи повеќе...

Забава

Ким Кардашјан критикувана за „скромната“ роденденска забава на приватен остров

Објавено пред

Ким Кардашјан-Вест се соочува со критики на социјалните мрежи кога се пофали со раскошниот тропски одмор со семејството и пријателите на својот роденден во време на пандемија.

Таа го прослави својот 40-ти роденден на приватен остров со голема група семејство и пријатели.

А неколку дена потоа реалната sвездата наиде на остри критики, па дури и исмевање, за организирање раскошна забава, без социјално дистанцирање или маски среде пандемија на Ковид-19.

Таа тврди дека патувањето го организирала по низа здравствени прегледи, кои траеле две недели, и дека побарала од сите поканети да бидат во карантин пред да дојдат.

Објавувајќи фотографии од забавата на „Твитер“, Кардашијан-Вест вели „понизно се потсетувам на тоа колку е мојот живот привилегиран“.

Во обид да се оправда за непочитувањето на препораките, Кардашјан-Вест напиша серија твитови. „Пред Ковид-19 мислам дека никој од нас навистина не ценеше каков обичен луксуз беше да се патува и да се биде заедно со семејството и пријателите во безбедно опкружување“.

„Откога поминав две недели на здравствени прегледи и побарав од сите да се стават во карантин, го изненадив мојот најблизок круг луѓе со патување на приватен остров, каде што можеше да се преправаме дека работите се нормални барем на картко“.

„Танцувавме, возевме велосипеди, пливавме покрај китовите, возевме кајак, гледавме филм на плажа и многу повеќе“, напиша таа во серија твитови.

Коронавирусот уби повеќе од 1,1 милион луѓе и предизвика економски пустош во светот. Во САД рекорден број луѓе побараа надоместоци за невработеност оваа година како резултат на загуба на работното место поради пандемијата, коментираат весниците.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

Советот за безбедност ќе одржи седница за состојбата со коронавирусот

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“  утре, 29 октомври, со почеток во 11 часот ќе се одржи...

Свет31 минута

Куба ја регистрира својата втора вакцина против коронавирус

Куба официјално регистрираше втора вакцина против Ковид-19, а испитувањата се очекува да започнат наскоро, објави „Агенсија Кубана де нотисијас“ (АКН)....

Македонија2 часа

Мицкоски: Бремените жени да се ослободат од работа поради загадувањето и пандемијата

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид-19, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во...

Свет2 часа

(Видео) Меланија Трамп: Медиумите од мојот сопруг направија личност што не је препознавам

Првата дама на САД, Меланија Трамп, вчера одржа говор на предизборен митинг во Пенсилванија – тоа беше нејзино прво соло...

Свет3 часа

Турција остро ја осуди карикатурата на Ердоган во „Шарли ебдо“

Водечките турски претставници ги осудија карикатурите на претседателот Реџеп Таип Ердоган во денешното издание на францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“....

Македонија4 часа

Митко Јанчев повикува на протест за смена на Мицкоски

Митко Јанчев повикува на протест за смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.   Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен...

Свет4 часа

Блумберг донира уште 15 милиони долари за кампања на Бајден

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг донира дополнителни 15 милиони долари за претседателската кампања на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во Охајо...

Свет4 часа

Од коронавирус во светот заразени повеќе од 44.155.000 лица

Повеќе од 44.155.000 лица се заразени од коронавирус во светот, според најновите статистички податоци што ги одржува специјализираната страница worldometers.info....

Свет4 часа

Русија ја поднесе својата вакцина во СЗО за забрзана регистрација

Русија поднесе барање до Светската здравствена организација (СЗО) за забрзана за регистрација и претквалификација на својата прва вакцина против новиот...

Европа4 часа

Ватикан најави божикна прослава на папата на интернет

Божикната прослава на папата Франциско ќе се емитува преку интернет оваа година без лично присуство на јавноста поради пандемијата на...

Свет15 часа

СЗО: Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела

Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела, соопшти Светската здравствена организација (СЗО)....

Македонија15 часа

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, позитивна на Ковид-19

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа вели дека нема симптоми и дека се чувствува...

Европа17 часа

Во Италија рекордни 21.994 новозаболени и 221 починат од коронавирус

Во изминатите 24 часа во Италија се регистрирани 21.994 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство. Ова е...

Македонија18 часа

Во Македонија 628 нови случаи на коронавирус и 15 починати

Во последните 24 часа во Македонија потврдени се 628 нови случаи на коронавирус, починаа 15 пациенти, соопшти Министерството за здравство....

Македонија19 часа

Собранието ги верифицира мандатите на четворицата нови пратеници

Собранието на денешната седница ги верифицираше мандатите на новите чет ворицатапратеници Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ, Рина Ајдари од ДУИ, Мирослав...

Македонија19 часа

Одобрена набавката на лекот „ремдесивир“, државата ќе потроши 67,5 милиони денари

Владата одобри набавка на лекот „ремдесивир“ за третман на пациенти со коронавирус. За испорака на овој лек во следните пет...

Спорт22 часа

Нови заразени во Вардар, одложен е натпреварот со ПСЖ

Ракометниот клуб Вардар 1961 потврди дека е одложен натпреварот против ПСЖ, во Лигата на шампионите. Вардар, во рамките на 6....

Свет22 часа

Во Русија од утре маските се задолжителни во јавниот превоз, парковите и во лифтовите

Русија од утре воведува задолжително носење маски поради зголемувањето на бројот на случаи со коронавирус. Според уредбата објавена на веб-страницата...

Свет23 часа

(Видео) Муслиманскиот свет го претстави Макрон како сатанист

Францускиот претседател Емануел Макрон беше цел на демонстрантите во исламскиот свет по изјавата по повод објавувањето на карикатурата на пророкот...

Македонија23 часа

Позитивни на Ковид-19 биле 24 отсто од тестираните во текот на изминатата недела

Министерството за здравство информира дека во согласност со извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од...

Досие