Забава
Гостин на кралицата Елизабета случајно ги изел бисквитите на нејзините кучиња

Поранешен британски министер седел до кралицата Елизабета Втора за време на ручек во замокот Виндзор во 2008 година и по грешка ги изел бисквитите на нејзините кучиња, открива нова книга на кралскиот биограф, Роберт Хардман.
95-годишната монархиња одржала состанок со тогашниот министер за здравство Алан Џонсон и велшкиот министер Пол Марфи и ги поканила политичарите да ручаат со неа.
Нејзините гости уживале во пријатниот разговор и во оброкот, но дури потоа Алан сфати дека јадел од десертите поставени за саканите корги на кралицата.
Биографот Хардман во својата нова книга „Кралица на нашето време“ пишува: „Двајцата министри заминаа расположени. Чекавме да ги донесат автомобилите и Пол рече: какво прекрасно јадење. Алан дополни: и мене ми се допадна, уживав цело време“.
„Додека разговараа за храната, Џонсон спомна дека особено уживал во сирењето и необичните темни бисквити. Пол тогаш извика: не, темните бисквити беа за коргите!“
„Во тој момент Алан Џонсон сфати дека јадел грицки за кучиња. „Мислам дека претходно не сум јадел сирење со бисквит Bonio“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Ники Хилтон го покажа трудничкиот стомак на настан во Њујорк

Ники Хилтон го покажува својот труднички стомак во лелеав цветен фустан на добротворен настан посветен на заштита на бездомни животни – Animal Haven’s Benefit for the Animals – кој се одржа во „Трибека 360“ во Њујорк во средата.
„Анимал хевн“ или животински рај е приватен, непрофитен центар за згрижување бездомни мачки и кучиња, место каде што изгубените и напуштени животни можат да најдат храна и засолниште од суровоста на животот.
38-годишната наследничка на луксузни хотели им мавташе на своите фанови пред да се упати кон главната локација на настанот.
Присуството на ваков настан се случи само неколку дена откако го покажа својот труднички стомак на фотографија што ја сподели на Инстаграм.
Сестрата на Парис Хилтон додаде малку гламур на својот изглед за свеченоста со комплет блескави розови обетки.
Нејзината обемна руса коса е делумно врзана во плетенка, а остатокот паѓа на рамениците и градите.
Забава
Дијана Рос и „Квин“ ќе настапат на концерт за кралицата

Дијана Рос, „Квин“ и Адам Ламберт, „Дуран Дуран“ и сер Род Стјуарт се на списокот музички ѕвезди што ќе настапат на концерт во рамки на прославата на платинестиот јубилеј на британската кралица.
Пред Бакингемската палата ќе се појават и Алиша Кис, Ханс Цимер, Мејбел и британскиот претставник на Евросонгот, Сем Рајдер.
Платинестата забава во „Палас“ ќе ја следат 22,000 луѓе во живо и ќе се емитува на „Би-би-си уан“ на 4 јуни.
Гитаристот на „Квин“, Брајан Меј, ќе се врати 20 години по изведбата на покривот на палата за Златниот јубилеј на кралицата.
Легендарниот поп-бенд и нивниот фронтмен Ламберт ќе го отворат концертот за одбележување на годишнината од доаѓањето на кралицата Елизабета Втора на тронот.
Концертот, кој ќе трае два и пол часа, ќе има три бини и 3Д проекции преку фасадата на палатата.
Макета за тоа како ќе изгледа една од трите сцени пред Бакингемската палата
Велика Британија ќе ги прослави рекордните 70 години на тронот на својата кралица со четиридневна прослава, која започнува на 2 јуни.
Забава
Том Круз пристигна во Кан во голем стил

Том Круз „влета“ во Канскиот филмски фестивал во средата, коментираат светските шоу-биз медиуми, додавајќи дека појавувањето на холивудскиот актер беше проследено со млазни авиони, гламур, фотографирање и потпишување автограми покрај црвениот тепих.
Фановите го пречекаа со вресоци, а акробатскиот тим на француското воено воздухопловство Patrouille de France полета над главите, прскајќи го небото во обоени димни патеки во црвена, бела и сина боја.
Круз беше во градот за да го промовира долгоочекуваното продолжение „Топ ган: Маверик“, чија премиера беше одложувана две години поради пандемијата.
Големото извлекување билети додаде значителна возбуда на најголемиот светски филмски фестивал, кој одбележува сјајно враќање на своето 75. јубилејно издание.
Со смокинг и црна машна пеперутка, американската ѕвезда поминуваше покрај стотици луѓе наредени до црвениот тепих, потпишувајќи фотографии и позирајќи за селфи.
Тој позираше со колешките актери Џенифер Конели и Мајлс Телер, плескајќи на грбот на директорот на Канскиот филмски фестивалот, Тиери Фремо, кога млазниците прелетаа над неговата глава.
Круз пристигна порано во текот на денот, излегувајќи од црн автомобил на скандирањата „Том! Том!“