Контакт

Забава

Грешка во проценката, вели Брус Вилис откако беше фотографиран во аптека без маска на лице

Објавено пред

Фотографија на која се гледа Брус Вилис како влегува во деловен простор во јужна Калифорнија без заштитна маска предизвика лавина коментари во медиумите во понеделникот.

И покрај тоа што владата во Калифорнија воведе строги правила во обид да го спречи ширењето на Ковид-19, холивудскиот актер е прикажан како купува во аптека во Лос Анџелес, без да носи маска за лице.

Еден ден потоа, ѕвездата на „Умри машки“ (65) во кратка изјава за „Пипл“ вели дека потегот е грешка во проценката. „Бидете безбедни сите каде и да сте и да продолжиме да се маскираме“, додаде тој.

Некои медиуми објавија дека Вилис одбил да го покрие лицето кога влегол во продавницата RiteAid , иако се гледало дека носи марама околу вратот, која лесно може да се навлече преку устата и носот.

Вилис неодамна сподели и ретка фотографија покрај неговата сопруга Ема (42) и нивните две ќерки Евелин (6) и Мејбел (8).



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Мет Дејмон бара 21 милиони долари за својот имот во Лос Анџелес

Објавено пред

Тој е еден од најуспешните актери во Холивуд.

Но, се чини дека Мет Дејмон е подготвен за промена и ја наведе својата палата во Лос Анџелес за продажба.

Ѕвездата (50) бара 21 милион долари за својот имот на „Пацифик палисади“ што го купи во 2012 година за 15 милиони долари.

Имотот се наоѓа зад високи жива ограда на половина хектар, а резиденцијата може да се пофали со простор за живеење од 13.500 квадратни метри.

 

Домот, опишан од агенцијата за недвижнини како тропско уточиште, нуди седум спални соби и 10 бањи, голем надворешен базен и рибник.

Прикажи повеќе...

Забава

Адел и Симон Конецки постигнаа договор за развод на бракот

Објавено пред

Британската пејачка Адел постигна договор со сопругот Симон Конецки за развод на брак со спогодба, речиси две години по нивното разделување.

„Ју-ес викли“ објави во четвртокот, дека пејачката (32) и Симон (46), извршен директор на добротворната организација Drop4Drop, во петокот на 15 јануари ги поднеле условите за развод од 171 милиони долари.

Иако Адел и Симон го завршија своето за да го финализираат разводот, бракот официјално нема да биде прекинат додека судијата не се потпише на документите.

Двајцата објавија дека ќе се разделат во април 2019 година, а Адел поднесе судски документи пет месеци подоцна. Тие се одлучија да користат медијација за да се прецизираат деталите за поделба на нивниот имот и долгови.

Британската поп сензација е една од најбогатите пејачки во својата земја. Нејзиниот раскошен глас и талентот ја сместија меѓу најценетите и најплатените светски музичари на денешнината.

Прикажи повеќе...

Забава

Харисон Форд докажа дека не е холивудски сноб и дека не мора да јаде во отмени ресторани

Објавено пред

Тој е на холивудската А-листа од 70-тите години на минатиот век.

Но, Харисон Форд го демонстрираше својот шарм на обичен човек кога си купи оброк  во калифорниската населба „Пацифички палисади“ во четвртокот.

Херојот на „Војна на ѕвездите“ (78), јасно стави до знаење дека не е сноб бидејќи зеде бурито од локалниот тако-камион. Среде топло време во Лос Анџелес, Харисон е облечен во шорцеви, маслинесто зелена маичка и спортски патики.

Не покажувајќи ни малку холивудска надменост, актерот познат како „сребрена лисица“, кој е во брак со актерката Калиста Флокхарт од 2010 година, се приближи до малиот прозорец на камионот и ја кажа својата нарачка.

Потоа, ѕвездата на „Индијана Џонс“ стрпливо ја чекаше својата храна како и секој друг редовен муштерија.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа9 минути

ЕК бара објаснување од „Фајзер“ за доцнењето на вакцините

Европската комисија ќе побара објаснување од американската компанија „Фајзер“, за причините поради кои повторно се одложува испораката на вакцини против...

Македонија54 минути

Обвинителството незадоволно од условната казна за поранешниот советник на Чулев

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е незадоволно од условната казна за Зоран Ѓорѓевски, кој беше...

Македонија2 часа

Филипче: Спремни сме да ги примиме вакцините од Србија

Министерот за здравство, Венко Филипче, пред денешниот разговор за вакцините од Србија вели дека не постојат пречки ковид-вакцините да пристигнат...

Топ3 часа

(Видео) Пресечен меѓународен канал за дрога, запленети 40 килограми марихуана

Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, заедно со Одделот за специјални полициски...

Македонија3 часа

Општина Центар додели 400.000 денари помош за Петриња и Сисак

Советот на Општина Центар додели парична помош во висина од 400.000 денари на градовите Петриња и Сисак во Хрватска. „По...

Македонија3 часа

Заев и Спасовски земаат највисоки плати во Владата

Премиерот Зоран Заев зема највисока плата од 87.813 денари, а министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, е втор на списокот...

Македонија4 часа

Царовска на средба со МАНУ: Реформите во образованието се неопходни ако сакаме подобри резултати

Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и членовите на работната група денес ги продолжуваат дебатите за предложените...

Регион4 часа

Мира Фурлан починала од западнонилска треска

Познатата актерка Мира Фурлан починала од вирусот на западнонилската треска, пишуваат хрватските медиуми. Актерката неколку месеци се борела со болеста...

Европа5 часа

Урсула фон дер Лаен: ЕУ ќе мора што побргу да обезбеди вакцини за Западен Балкан

Европската Унија со посебен механизам ќе обезбеди вакцини против коронавирусот за Западен Балкан што е можно побргу, рече претседателката на...

Свет5 часа

Уапсени двајца соработници на Навални затоа што повикувале на протести

Русија уапси двајца соработници на затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, и се закани дека ќе ги тужи другите поради...

Европа6 часа

ЕУ воведува темноцрвени зони на епидемиолошката карта на Европа

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, најави воведување нова ознака на епидемиолошката карта на Европа, темноцрвена зона, од...

Свет6 часа

Бајден бара петгодишно продолжување на договорот за контрола на нуклеарното оружје со Русија

Претседателот на САД, Џо Бајден, ќе побара петгодишно продолжување на договорот за контрола на нуклеарното оружје „Нов СТАРТ“ со Русија,...

Свет17 часа

(Видео) Бајден: Ќе ги поместиме небото и земјата за да вакцинираме што е можно повеќе луѓе

Новиот американски претседател Џо Бајден ѝ се обрати на американската јавност по повод презентацијата на планот за борба против пандемијата...

Европа18 часа

Холандија воведува полициски час, луѓето веќе смислуваат начини како да го избегнат

Предлогот на холандската влада да воведе полициски час, прв по Втората светска војна, помина во парламентот, пренесува АФП. #BREAKING Dutch...

Македонија19 часа

Филипче: Попис во време на пандемија е голем предизвик, но може да се спроведе

Спроведувањето на пописот во време на пандемија е голем предизвик, но процесот може да се спроведе и заврши по сите...

Македонија21 час

15 починати и 356 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.906 тестирања, а регистрирани се 356 нови случаи на...

Свет21 час

(Видео) Најмалку петмина мртви во пожарот што ја зафати зградата на најголемиот светски производител на вакцини

Голем пожар избувна денес во Индискиот институт за серуми (SII), фабрика за производство на вакцини во градот Пуна. Пожарот го...

Македонија23 часа

Фетаи: Oд доказите произлегува дека изборот на жртвите е да се Македонци

Обвинетите Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ да бидат осудени на доживатна казна затвор, на Фејзи Азири да му биде...

Македонија1 ден

Собранието го изгласа законот за попис

По 19 години, во април ќе се одржи попис на населението во земјата. Собрането денеска со 62 гласа „за“, без...

Македонија1 ден

Брнабиќ: Ќе помогнеме вакцините на „Фајзер“ да се регистрираат во Северна Македонија

Српската премиерка Ана Брнабиќ за ТВ „Хепи“ изјави дека земјата е подготвена да испрати 8.000 вакцини во Северна Македонија и...

Досие