Забава
Дали холивудската кариера на Џони Деп заврши по изгубениот случај за клевета?
Не беше изненадување кога Џони Деп објави на „Инстаграм“: Сакам да ве известам дека од ‘Ворнер брос’ ме замолија да си дадам оставка од мојата улога Гринделвалд во ‘Фантастични sверки’“. Го почитував нивното барање и се согласив.
„Фантастични ѕверки“, претпродолжение на популарниот серијал „Хари Потер“, ќе мора да најде нов неативец.
Сепак, дали Деп некогаш ќе се врати од овој скандал, не е јасно.
Откако веста за оставката на Деп од блокбастерот „Фантастични sверки“ стана вирална, „Сан“ весело објави статија со наслов: „Тепачот на жена, Џони Деп, никогаш повеќе нема да работи во Холивуд по отпишувањето од „Фантастични ѕверки“. Адвокатот за медиуми, Марк Стивенс, беше цитиран како вели: „Ова е поразително за Деп. Сега тој е токсичен“.

Судијата што го водеше случајот, Џастис Никол, пресуди дека 12 од 14-те наводни физички напади на Деп врз тогашната сопруга Амбер Херд биле докажани со рамнотежа на веројатност. Содржината на статијата на „Сан“ беше оценета како суштински вистинита. Деп рече дека ќе поднесе жалба, но штетата е направена.
Неговите славни пријатели не го напуштија. За време на судењето за клевета, поранешната девојка на Деп, Винона Рајдер, рече дека била шокирана кога ги слушнала наводите против него и дека тој никогаш не бил насилен кон жени. Актерката Хелена Бонам Картер, која го познава Деп со години, додаде: „ништо од ова нема никаква смисла“.
Сепак, актерите не управуваат со Холивуд, а судот на јавното мислење сè повеќе го слуша раководството на филмските студија, особено во пресрет на повеќекратните сексуални скандали што го потресоа Холивуд и доведоа до формирање на движењето #MeToo.
Обвинувањата за тепач на жена ќе му виси околу вратот како воденички камен.
Тој несомнено ќе изгуби уште многу улоги.

На крајот, одлуката на Деп да се бори против напис за кој тој сметаше дека е клевета спектакуларно го возврати ударот,, ниту, пак, ќе заврши тука бидејќи актерот е веќе испреплетен во засебен случај за клевета против „Вашингтон пост“ и поранешната сопруга Херд за статија што ја напишала.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
„Нетфликс“ се повлече од купувањето на „Варнер брос Дискавери“
По неколкумесечни преговори, Нетфликс се повлече од понудата за купување на Варнер брос Дискавери, отворајќи му пат на Парамаунт и Скајденс во договор вреден околу 111 милијарди долари, објави Би-Би-Си.
Варнер брос Дискавери, кој е на продажба од минатата година, соопшти дека најновата понуда на Парамаунт е супериорна во однос на онаа на Нетфликс. Раководството на Нетфликс одби да ја зголеми понудата, наведувајќи дека трансакцијата повеќе не е финансиски привлечна по таа цена.
Во декември, Варнер брос Дискавери прифати делумна понуда од Нетфликс во вредност од околу 72 милијарди евра, која вклучуваше купување на филмското и ТВ студио и платформата Ејч-Би-О Макс.
Сепак, Парамаунт поднесе повисока конкурентска понуда, со што се наметна како фаворит. Калифорнискиот државен обвинител Роб Бонта изјави дека договорот сè уште не е конечен и дека регулаторите ќе спроведат темелна истрага.
Доколку биде одобрен, Парамаунт ќе го преземе Ејч-Би-О Макс, како и телевизиските мрежи во сопственост на Варнер брос Дискавери, вклучително и Си-Ен-Ен, што може значително да го промени стриминг и медиумскиот пазар во Холивуд.
Фото: Depositphotos
Забава
Астро прогноза за март 2026: Два знака ќе доживеат финансиски пресврт
Според кинескиот календар, од 5 март до 4 април трае периодот на Металниот Зајак – симбол на дипломатија, хармонија и компромис, со дополнителна решителност и јасност што ја носи елементот Метал. Ова е месец во кој ќе успеат најмудрите, а не најбрзите. Погоден е за учење, преговори, обновување на односите и финансиско планирање.
Што ги очекува знаците:
Стаорец (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020) – можен кариерен пробив, но преку дополнително учење и внимателна комуникација.
Бивол (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021) – плановите се остваруваат со трпение; поволен период за разговор за унапредување.
Тигар (1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022) – напредок преку дипломатија; хармонија во љубовта.
Зајак (1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023) – просперитет, но потреба од одмор и релаксација.
Змеј (1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012) – внимателност со документи и долгови; можни патувања.
Змија (1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013) – финансиски напредок со мудри и стрпливи чекори.
Коњ (1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014) – силни емоции и можност за љубов; шанса за дополнителни приходи.
Овца (1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015) – признание и професионален успех; засилен социјален живот.
Мајмун (1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016) – време за акција и храброст; нови контакти носат финансиски потенцијал.
Петел (1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017) – фокус на здравјето и избегнување конфликти.
Куче (1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018) – учење и личен развој; можни мали финансиски предизвици.
Свиња (1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019) – љубовта во фокус, но и можност за подобрување на финансиите.
Месецот на Металниот Зајак носи мирен, но ветувачки ритам – успехот ќе дојде преку рамнотежа, трпение и внимателни одлуки.
Фото: Depositphotos
Забава
Морган Фримен за Трамп: Не разбирам како осуден криминалец може да биде претседател
Холивудскиот актер Морган Фримен остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, изјавувајќи дека не може да разбере како „осуден криминалец“ може да ја води државата.
Во интервју за емисијата MS Now, Фримен рече: „Не можам да сфатам како осуден криминалец, со пресуда за 34 кривични дела, може да стане претседател. Како е тоа воопшто можно?“
Тој додаде дека му „нема смисла“ што на Трамп му е дозволено да ја извршува претседателската функција и покрај пресудата.
Фримен и претходно бил критичен кон Трамп, а пред изборите во 2024 година морало да бидат демантирани лажни информации дека актерот ја поддржал неговата кампања.
Во меѓувреме, Трамп влезе во јавна расправија и со актерот Роберт Де Ниро, кој го обвини дека ја уништува земјата, на што Трамп возврати со навреди на својата социјална мрежа.
Фото: Depositphotos

