Контакт

Забава

Двејн Џонсон би се кандидирал за претседател ако народот го сака

Објавено пред

Ѕвездата на „Брзи и бесни“, Двејн Џонсон, изјави дека би се кандидирал за претседател на САД доколку почувствува доволно поддршка од Американците.

dobivaj vesti na viber

48-годишниот Џонсон, еден од најплатените и најпопуларни холивудски актери, веќе неколку години кокетира со можна понуда за Белата куќа.

„Мојата цел е да ја обединам нашата земја и сметам дека ќе го сторам тоа ако народот сака“, рече Џонсон запрашан за своите претседателски амбиции во интервју што се емитуваше во понеделникот во емисијата „Тудеј“.

Поранешниот професионален борач не кажа која партија ќе ја претставува или кога би можел да се кандидира за Белата куќа.

Неговите коментари следуваа по онлајн-анкетата на јавното мислење, објавена од компанијата „Пиплсеј“ минатата недела, според која околу 46 проценти од Американците би гласале за Џонсон.

По објавувањето на анкетата, Џонсон, познат како Д Рок или Карпата, на својот „Инстаграм“ напиша дека ќе му биде чест да му служи на народот.

„Не мислам дека нашите татковци основачи некогаш помислиле дека ќелав и тетовиран полуцрнец, кој пие текила и вози пикап-комбе, ќе им се приклучи во клубот – но ако тоа некогаш се случи, ќе ми биде чест да ви служам“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Поради оваа грешка за време на негата на лицето изгледаме постари

Објавено пред

Од

Не станува збор (секогаш) за погрешни производи, туку за навика што повеќето луѓе ја сметаат за исправна. Пречестото и премногу агресивно чистење ја нарушува заштитната бариера на кожата, па тенот изгледа полошо, а не подобро.

dobivaj vesti na viber

Интензивираниот режим на чистење има смисла, особено пред спиење, но проблемот се јавува кога овој зголемен ритам се одржува со недели, со пилинзи и агресивни средства за чистење.

Тогаш кожата ретко изгледа здраво и мирно, дури и кога е навидум чиста. По миењето, се чувствува чувство на затегнатост кое не исчезнува, кожата изгледа тенка, кршлива и непријатна. Црвенилото продолжува, порите се поизразени, а впечатокот за чистота на лицето трае многу кратко време. Како кожата постојано да реагира, но никогаш не успева целосно да се смири.

Оваа состојба не се јавува преку ноќ, туку постепено, речиси незабележливо. Најчесто, почнувате да ја чистите кожата почесто отколку што е навистина потребно. Можеби двапати на ден користите агресивни гелови за миење, дополнително мицеларна вода (која може да содржи алкохол) без плакнење, повремено механички пилинзи, козметички киселини или четки за чистење. Можеби сакавте да спречите неправилности, да го контролирате сјајот или темелно да ја исчистите кожата, но ден по ден ги отстранивте заштитните липиди што ја одржуваат стабилна.

Важно е да се нагласи дека ова нема никаква врска со типот на кожа. Прекумерното чистење може подеднакво да влијае на мрсната, мешаната или отпорната кожа, како и на сувата, бидејќи проблемот не е во количината на природно масло што ја произведува кожата, туку во оштетената бариера. Затоа кожата може истовремено да биде затегната и помасна од порано, чувствителна, но и склона кон неправилности.

Кои се знаците дека на кожата ѝ е потребна помош

Еден од јасните знаци е променетата толеранција на производите. Оние што ви одговараа до неодамна сега малку горат, кремите се апсорбираат полошо, а тенот реагира речиси веднаш по миењето. Се појавуваат мали иритации, дифузно црвенило или неправилности што изгледаат како акни, но не се однесуваат како класични акни.

Во таква ситуација, решението ретко лежи во додавање на уште еден производ. Сосема спротивното – првиот чекор е отстранување: поретко миење, понежни формули, пауза од сите видови ексфолијација и активни состојки. Накратко, треба да практикувате помалку чистење: често е доволно да го миете лицето еднаш дневно, да користите благ чистач кој не остава чувство на затегнатост и да ѝ дадете време на кожата повторно да го воспостави својот ритам.

 

фото/депозитфотос

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Со „лада“ дивеел по плоштад, па урнал 12-метарска елка

Објавено пред

Ноќна авантура во Казахстан завршила бизарно, откако млад возач со автомобил „лада“ со опасни маневри на празен плоштад урнал огромна градска новогодишна елка.

dobivaj vesti na viber

Снимките од надзорните камери покажуваат како возачот со голема брзина кружи по плоштадот, а потоа ја губи контролата и силно удира во елката висока околу 12 метри, која паѓа на плочникот, пренесува „Њујорк пост“.

По инцидентот, возачот побегнал, но полицијата брзо го идентификувала и утврдила дека управувал со модел ВАЗ-2105. Освен парична казна за опасно возење, му била изречена и невообичаена мерка – самиот да ја поправи оштетената елка.

„Младиот возач ја санираше штетата и вети дека нема да повтори ваков прекршок“, соопштила полицијата.

Прикажи повеќе...

Забава

Ова се најсреќните датуми за свадба во 2026 година

Објавено пред

Од

Изборот на датум за свадба за многу парови е исто толку важен како и изборот на локација или фустан. Некои се водени од емоции, некои од практичност, а многумина сакаат малку среќа да биде „измешана“ во датумот.

dobivaj vesti na viber

За паровите што планираат свадба со вера во моќната симболика на броевите, изборот на датум може да биде повеќе од избор на календар – тоа е покана за енергијата што сакате да ја внесете во вашиот брак.

Нумерологијата учи дека секој датум носи своја вибрација и енергија, а датумите со поволни броеви можат да донесат хармонија, љубов, стабилност и раст во вашиот заеднички живот.

За сите парови кои се венчаваат во 2026 година, подолу одбравме 10 датуми со магични комбинации на броеви кои се идеални за оние кои сакаат да внесат позитивна енергија во својот брак, објавува Б92.

Пролетта е симбол на нови почетоци

1 мај 2026 година (петок)

Датум кој симболизира нови почетоци, раст и оптимизам – совршен за парови кои го гледаат бракот како заеднички проект.

Нумеролошки број: 8

Бројот осум симболизира стабилност, безбедност и долгорочен успех. Според нумеролошки извори, ова е одличен датум за парови кои сакаат цврста основа и заедничка иднина со јасни цели.

2 мај 2026 година (сабота)

Еден од најбараните пролетни датуми: практичен, романтичен и идеален за целодневна прослава.

Нумеролошки број: 9

Бројот девет е поврзан со емоционална зрелост, емпатија и универзална љубов – идеален за парови кои го доживуваат бракот како длабоко, свесно партнерство.

Лето – љубов на големата сцена

13 јуни 2026 година (сабота)

Јуни традиционално е месец на љубовта, а овој датум носи хармонија и стабилност.

Нумеролошки број: 4

Четири е број на стабилност и трајност. Често се смета за еден од најсигурните броеви за брак.

20 јуни 2026 година (сабота)

Совршен за свадби на отворено, со долги денови и златна вечерна светлина.

Нумеролошки број: 4

Повторно ја нагласува безбедноста, одговорноста и стабилната врска – совршен избор за парови кои го ценат редот и долговечноста.

18 јули 2026 година (сабота)

Страсна, топла летна енергија – идеална за големи, весели прослави.

Нумеролошки број: 5

Број на слобода, промена и раст. Овој датум им одговара на паровите кои ја сакаат динамиката, патувањата и животот без ригидна рутина.

15 август 2026 година (сабота)

Еден од најмоќните летни датуми, често поврзан со долготрајна и стабилна љубов.

Нумеролошки број: 6

Еден од најповолните броеви за брак. Бројот шест симболизира љубов, семејство и хармонија, а според нумеролошките извори често се смета за „идеален број за свадба“.

Есен – Елегантна и зрела романса

19 септември 2026 година (сабота)

Есента носи мир, безбедност и чувство на „вистинскиот момент“.

Нумеролошки број: 2

Бројот на партнерство и рамнотежа. Нумеролозите често го истакнуваат како најдиректен симбол на бракот – двајца луѓе во хармонија.

17 октомври 2026 година (сабота)

Датум кој ја симболизира зрелоста на врските, рамнотежата и јасните одлуки.

Нумеролошки број: 3

Бројот на радоста, комуникацијата и оптимизмот. Овој датум носи енергија на леснотија и радост, идеален за брак полн со смеа.

Зима – Интимна магија

11 декември 2026 година (петок)

Елегантен, романтичен и совршен за софистицирани зимски свадби.

Нумеролошки број: 3

Нагласува ко-креација, отворена комуникација и весела атмосфера – совршен за зимски, интимни свадби.

12 декември 2026 година (сабота)

Топлата празнична атмосфера и силното чувство на заедништво го прават овој датум посебен.

Нумеролошки број: 6

Уште еден силен датум за љубов, семејство и емоционална безбедност – идеален за парови кои сонуваат за топол, стабилен дом.

И конечно – иако симболиката на датумот може да биде убав водич, најважно е избраниот ден да има значење за вас.

Сепак, ако сакате да ги комбинирате емоциите, добрата енергија и практичноста на викендот, овие 10 датуми во 2026 година се одлична почетна точка.

 

фото/депозитфотос

Прикажи повеќе...

Најново

Свет19 минути

Нова студија: Давањето мобилни телефони на деца пред 13-годишна возраст може да биде особено опасно

Новите научни студии објавени во 2025 година даваат сè појасна слика за ризиците од раниот пристап до паметни телефони и...

Свет30 минути

САД се сомневаат во руската приказна за нападот врз резиденцијата на Путин: „Се чини несоодветно“

Амбасадорот на САД во НАТО, Метју Витакер, денес изрази сомнеж врз руските тврдења дека Украина ја нападнала резиденцијата на претседателот...

Свет33 минути

Франција купува авиони за рано предупредување од Сааб за 1,14 милијарди евра

Франција потпиша договор со шведската одбранбена компанија Сааб за купување на два авиони за рано предупредување во вредност од околу...

Свет36 минути

Германија ја прекина истрагата против тајкуните на Путин во замена за 10 милиони евра

Германските обвинители објавија дека ќе ја прекинат истрагата против рускиот олигарх Алишер Усманов, близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин,...

Економија14 часа

ЕБОР одобри над 20 милиони евра кредит за модернизација на железничкиот товарен возен парк во Македонија

ЕБОР одобри 20,9 милиони евра кредит на Северна Македонија за набавка на нови електрични локомотиви и современ систем за планирање...

Македонија18 часа

ДПИ со засилени контроли: издадени се 96 прекршочни платни налози во износ од 2,8 милиони денари

Државниот пазарен инспекторат во текот на месец декември спроведе засилени инспекциски надзори кај угостителските објекти на територија на цела држава...

Топ18 часа

Петарда експлодира во раката на осумгодишно дете од Врапчиште, заврши на Клиника

Осумгодишно дете од селото Врапчиште, гостиварско, се здобило со сериозни повреди на раката кога му експлодирала петарда. Настанот бил пријавен...

Македонија19 часа

Електродистрибуција со засилено отчитување за празниците

Во насока на обезбедување на поголемо отчитување во најоптоварениот период од годината и задоволување на потребите на корисниците, Електродистрибуција ќе...

Македонија19 часа

Вонредни контроли во рестораните, месарниците и рибарниците: уништени 624 килограми небезбедна храна

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), со цел обезбедување на...

Македонија20 часа

(Фото) Се преврте цистерна на патот Струга – Ќафасан, сообраќајот во прекин

Министерството за внатрешни работи информира дека во моментов во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин...

Свет21 час

Украина: Нема докази за напад врз резиденцијата на Путин, тоа не се случило

Украина соопшти дека не постојат докази за тврдењата на Русија дека украински беспилотни летала нападнале една од официјалните резиденции на...

Економија21 час

Зголемени цените во индустријата во ноември

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во ноември 2025 година се зголемени за 0,3 отсто во...

Македонија22 часа

Декемвриската пензија ќе се исплати навремено, на 2 јануари 2026 година, известува Фондот на ПИОМ

Фондот на ПИОМ ги известува сите корисници на пензија дека целосно се обезбедени потребните средства за исплата на пензиите за...

Македонија22 часа

„Дали на Бихаќка Нова година ќе си честитаат по дубајско време“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

„Откако лидерот на СДС, Зоран Заев одамна се смести во Дубаи, а Венко Филипче побрза да избега кај него за...

Македонија22 часа

(Видео) Зајкова: Реформи за Судски совет донесени на брза лента не градат доверба

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, остро реагираше на начинот на кој се носи новиот...

Регион23 часа

До кога Бугарите ќе можат да плаќаат и во лева и во евра по 1 јануари 2026 година

За разлика од неограничената размена на лева за евра, плаќањата во обете валути, познати како период на двојна циркулација, се...

Топ1 ден

Уапсен возачот кој во скопски Чаир со автомобил удри во дете и избега

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 65-годишниот С.И. поради сторено кривично дело по член 300 од...

Европа1 ден

Медведев: Зеленски ќе мора да се крие до крајот на животот

По нападот со беспилотни летала врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород, Володимир Зеленски ќе мора да...

Македонија1 ден

Земјотрес почувствуван во Охрид и блиската околина

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Свет2 дена

Украина: Русите измислија напад врз резиденцијата на Путин, имаат две причини за тоа

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека руските тврдења за наводниот „обид за напад врз резиденцијата на Путин“...