Контакт

Забава

Двејн Џонсон сонува да добие „Оскар“

Објавено пред

Двејн Д’рок Џонсон откри дека сонува да добие „Оскар“.

dobivaj vesti na viber

50-годишниот актер, кој стана ѕвезда во 90-тите како професионален борач, се надева дека еден ден ќе ја освои златната статуетка.

„Би сакал да добијам ‘Оскар’ еден ден. Би сакал да застанам на сцената за ‘Оскари’“, рече тој во интервју за „ЕТ Канада“.

Борачот, кој стана актер, дури и размислил што би можел да каже во говорот за прифаќање.

„Размислувам како би изгледал тој говор, кому би му се заблагодарил, што би рекол“.

Двејн претходно призна дека тоа што е прогласен за најплатен актер во светот е неверојатно задоволство.

Запрашан дали тоа е важна пресвртница во неговата кариера, Двејн објасни: „Тоа е возбудливо и неверојатно радува. Но, сè што сум постигнал е резултат на големата верба во себе и решеноста да успеам во животот“.

„Морав да се кренам од подот и да работам многу напорно за да се вратам во животот“.

Двејн инсистира на тоа дека морал да гребе и да граби на својот пат до успехот во Холивуд.

И тој се надева дека актерите аспиранти, односно амбициозните почетници, може да пронајдат инспирација во неговата кариера.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Џенифер Лопез и Бен Афлек снимени додека страсно се бакнуваат на улица

Објавено пред

Папараците ги фатија Џенифер Лопез и Бен Афлек додека споделуваат страстен бакнеж по ручекот во Лос Анџелес.

dobivaj vesti na viber

Тие посетија ресторан, кој се наоѓа недалеку од нивниот дом. Потоа почнале да одат кон автомобилот, а пред да седнат Бен ја притиснал сопругата на ѕидот и почнал да ја бакнува.

Лопез неодамна откри дека никогаш не планирала да се смири со Бен Афлек. За време на гостувањето во радиоемисијата „Кајл и Џеки О Радио шоу“, каде што зборуваше за врската, таа особено изненади со изјавата дека морала да се пронајде по нивната неуспешна свршувачка.

„Се заљубив во љубовта на мојот живот и од разни причини моравме духовно да растеме и да правиме други работи. И двајцата имавме односи со други луѓе, имаме деца, но секогаш ја имав мислата во мојата глава: ‘Добро, она нашето се случува само еднаш во животот’. А кога продолживме пак заедно, едноставно, не можев да поверувам. А знам дека ни тој. Навистина не го планиравме тоа“, изјави пејачката.

Лопез и Афлек почнаа да се забавуваат во 2002 година, а подоцна истата година се свршија. Сепак, парот се раздели во 2004 година по одложувањето на својата венчавка една година претходно. По неколку години разделени, Лопез и Афлек, конечно, се обединија во 2021 година и се венчаа во 2022 година.

Прикажи повеќе...

Забава

Хакиран профилот на починатиот актер Метју Пери

Објавено пред

Наводно, официјалната X-страница на починатиот американски актер Метју Пери е цел на хакери.

dobivaj vesti na viber

Целта на хакерскиот напад се чини дека била фондацијата, која е основана во чест на ѕвездата на „Пријатели“ како врска за донација, прикажана на врвот на страницата на социјалната мрежа, која ги пренасочувала донаторите на лажна страница, која собира донации преку криптовалути.

Профилот на „Инстаграм“ на Фондацијата „Метју Пери“ објави: „Известени сме дека официјалната X-страница на Метју е хакирана и ги пренасочува корисниците на лажна страница, која собира донации преку криптовалути.

Ве молиме, не донирајте преку оваа страница и не споделувајте лажни објави на социјалните мрежи. Единствената веб-страница поврзана со фондацијата е MatthewPerryFoundation.org, што значи дека добиваме само донации преку неа“.

„Ова е единствениот официјален профил на Фондацијата ‘Метју Пери’ на ‘Инстаграм’ и ние објавуваме само официјални информации. Затоа, пријавете ги лажните сметки и не испраќајте донации преку кој било друг канал, освен MatthewPerryFoundation.org“, се предупредува.

Во декември смртта на Пери беше прогласена за несреќен случај поради акутен ефект од потрошувачката на „кетамин“. Актерот, најпознат по улогата на Чендлер Бинг во хит американската комедија „Пријатели“, беше пронајден мртов во својот стан на 28 октомври.

Пери отворено зборуваше за својата борба со злоупотреба на супстанции и за својата зависност, а основа и објект за да им помогне на луѓето со слични проблеми.

По неговата смрт, основана е фондација, која го носи неговото име и им помага на сите што се борат со зависноста.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Елен влета на базен и се нурна во водата

Објавено пред

Луѓето бегале од базен кога елен налетал на рекреативен центар во Онтарио. Сведокот Франческо Сиино снимил видео од исплашеното животно како трча околу базенот во културно-рекреативниот комплекс „Волмер“ во Ла Сал, пренесува Upi.com.

dobivaj vesti na viber

„Моето дете беше на часови по пливање и само што заврши. Бевме во соблекувалните и еден родител побрза и рече: ‘Нема да верувате! Има елен во базенот!’ Мислев дека нема шанси“, изјави Сиино за CTV News.

На видеото се гледа како еленот нурка во водата во рекреативниот центар.

„Само ми текна дека морам да го снимам ова бидејќи никој нема да ми верува. Да ви кажам дека провалил елен, нема шанси да ми верувате“, рече Сиино.

Локалните власти соопштија дека еленот пробил прозорец и бил лекуван и вратен во дивината од персоналот. Базенот ќе биде привремено затворен додека работниците не се уверат дека нема опасност од скршено стакло.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Демири: Ќе разговарам со семејството на Леонид Индов за можните решенија за подмирување на досегашните трошоци за рехабилитација

Министерот за здравство д-р Илир Демири информира дека на денешната владина седница беше разгледан случајот на Леонид Индов и исто...

Македонија10 часа

Максим Димитриевски собра 10 000 потписи за кандидат за претседател

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски собра 10 000 потписи за кандидат за претседател. „Над 10.000+ потписи за кандидат за Претседател!...

Македонија11 часа

Таравари влегува во трка за претседател, собра 10.000 потписи

Кандидатот на опозициските партии на Албанците, Арбен Таравари, е вториот од вкупно единаесетте кандидати кој досега успеа да ги собере...

Македонија19 часа

Македонските граѓани, сепак, ќе може да патуваат со личните карти со старото име во БиХ, информира Бојмацалиев

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, оствари телефонски разговор со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ,...

Македонија20 часа

ДНК собраа 690.000 денари за лекување на Лео со лицитацијата на статуетката од „Златна бубамара“

Музичарите Панчо и Андреј објавија дека успеале да соберат 690.000 денари за лекувањето на Леонид откога ја ставија на лицитација...

Македонија20 часа

ДИК потврди: Османи собра над 10 илјади потписи

Според последните податоци објавени на страната на Државната изборна комисија заклучно со вчерашниот ден, кандидатот на Демократската унија за интеграција,...

Македонија20 часа

(Видео) Јас можам да се туркам и на рацете: кочанчанец го продава својот инвалиден скутер, парите ќе ги намени за лекување на Лео

Кочаначанецот Благојчо Ѓоргиев реши да го проддаде својот скутер за хендикепирани и покрај здравствениот проблем, а парите, како што вели,...

Македонија21 час

Убиството во Блаце можно е да е поврзано со пожарот во Чаир

Скопското обвинителство изврши увид на самото место во близина на Блаце, каде што вчера беше пронајдено безживотно тело на маж...

Македонија21 час

Вчерашното убиство е продолжение на крвавата наркопресметка, силата на криминалните кланови е од Спасовски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Дали СДС си ги чита срамните соопштенија пред да ги пушти, или ја оставиле партијата на деца кои глумат партија....

Свет21 час

Гутереш: Нуклеарна сенка над човештвото

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска, изјави дека нуклеарната сенка повторно се надвила над човештвото, додавајќи дека ризикот...

Македонија22 часа

СДСМ: Убиство и запалено кафуле во еден ден, Тошковски и кадрите на Мицкоски покажуваат голема некадарност во водењето на МВР

Убиство и запалено кафуле во Скопје само за неколку часа, велат од СДСМ. „Министерот и началникот на СВР Скопје, кадри...

Свет22 часа

Бајден: Израел се согласи на прекин на огнот за рамазан, ризикува да ја загуби поддршката од светот

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Израел се согласил да ги прекине воените активности во Појасот Газа за време на...

Топ1 ден

Уште едно убиство во Македонија: 56-годишен маж застрелан во близина на патот кон Горно Блаце

Убиство се случи попладнево на локалниот пат од Долно кон Горно Блаце. Според првичните информации од полицијата, убиениот бил најден...

Македонија1 ден

(Видео) Османи прв собра 10.000 потписи за претседател: „Веста ме најде во домашен амбиент“

Кандидатот за претседател од редовите на ДУИ и актуелен шеф на МНР, Бујар Османи,  преку видео порака објави дека собрал...

Македонија2 дена

Според грчкиот министер „преспанскиот“ за пасошите мора да се почитува, а меморандумите во Грција ќе бидат ратификувани кога ќе им дојде времето

Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, се осврна на Преспанскиот договор, одговарајќи на прашање на СИРИЗА за ратификување на трите...

Свет2 дена

Унгарија најпосле и’ дозволи на Шведска да влезе во НАТО

По речиси две години, Унгарија најпосле ја ратификуваше одлуката за влез на Шведска во НАТО. Одлуката денеска ја донесе унгарскиот...

Регион2 дена

Извештај на ЕБОР: На Западен Балкан ќе му бидат потребни помеѓу 40 и 70 години за да го достигне животниот стандард на ЕУ

Стандардот на живеење во Западен Балкан сè уште е значително понизок од оној во Европската унија и би можеле да...

Топ2 дена

Ја малтретирале малолетната ќерка: кривична за двајцата родители од Скопје

На 24.2.2024 во Полициската станица Бит-пазар бил извршен службен разговор со Е. М. (42) и Ф. М. (37), двајцата од...

Македонија2 дена

(Видео) Петковиќ: За извршителите и судиите што не ги бришат застарените долгови чаре се кривични пријави

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувањето против извршителите и судиите што не носат одлуки за бришење на...

Македонија2 дена

Нема вина кај лекарите за случајот на Веапоска според вештачењето побарано од одбраната на обвинетите

Во Основниот суд во Струга продолжи расправата во судскиот процес против тројцата струшки лекари, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син, доктор...