Забава
Девојката на Ал Пачино гравитира кон постари мажи

Актерска легенда („Лице со лузна“, „Кучешко попладне“ и сите филмови од сагата „Кум“) и неговата 29-годишна девојка неделава се најдоа на насловните страници откога претставник на актерот потврди дека е бремена во осмиот месец.
Ова значи дека 83-годишниот Пачино ќе стане татко четврти пат. Тој ги има Џули (33) и близнаците Антон и Оливија (22) – од браковите со двете поранешни сопруги Џен Терант и Беверли ди Анџело.
„Нор Алфала постојано гравитира кон постарите богати мажи“, изјавија извори за „Пејџ сикс“. „Таа, едноставно, сака стари луѓе“.
Но, други велат дека бременоста не била планирана, а ТМЗ објави дека Пачино бил шокиран од веста дека повторно ќе стане татко.
Пред да биде објавена веста за нивниот претстоен пакет на радост, Пачино и Алфала својата романса ја држеа во тајност, првпат беа фотографирани заедно во април минатата година. Алфала неодамна на својот инстаграм-профил ја сподели првата фотографија од оскаровецот, веројатно како одговор на извештаите што ја поврзуваа со Пачино.
„Мојот нов ‘дејт’,“ напиша таа под фотографијата и додаде: потврдено од извор.
Алфала немаше споделено фотографија од неа и Пачино заедно сè до минатиот месец кога парот присуствуваше на изложба на својот пријател Бенет Милер.
Но, тој не е првата позната ѕвезда со која ја поврзуваат. Таблоидите ја коментираат нејзината историја на партнери: пред романсата со Пачино, Алфала беше во врска со фронтменот на „Ролинг стоунс“, Мик Џегер, кој сега има 79 години. Романсата траеше една година (до 2018).
Потоа беше во врска со Николас Бергруен, милијардер, инвеститор и филантроп, иако новински извештаи ја поврзуваа со сега 93-годишната холивудска легенда Клинт Иствуд откако беа фотографирани заедно во 2019 година.
Брзо пребарување на нејзиниот инстаграм-профил покажува дека таа со години се дружи со познати личности, меѓу кои и Тимоти Шаламет, Кортни Лав и продуцентот на „Пиратите од Карибите“, Брајан Грејзер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Дуото Ај Кју објави нова песна „Till The beat comes down“

Дуото Ај Кју кое не претставуваше на Евровизија во 2018 година има нова песна на англиски насловена „Till The beat comes down“.
Бојан и Марија кои веќе неколку години живеат и работат во Лондон се активни на полето на музиката и денес ја промовираат нивната нова песна која е дел од нивниот следен албум кој е во изработка.
На оваа песна соработуваа со продуценти од Лондон Шведска Австралија и Италија.
Звукот е модерен и претпознатлив за нивните фанови од претходно, но може да се забележи и малку попрогресивен експериментален пристап особено во ритмичката секција кој е новитет во последните неколку нивни песни.
Забава
Хороскопски знаци кои едвај чекаат да заврши работното време

Некои хороскопски знаци толку многу уживаат во својата работа што забораваат на времето, додека други гледаат на часовникот на секои пет минути. Без разлика дали сонуваат за кревет, кафе со пријатели или тивко време без е-пошта, овие знаци често ги бројат минутите до крајот на работниот ден.
Близнаци
Близнаците брзо се заморуваат од рутината и сакаат промени, па затоа работното време може да биде вистинска мака за нив – особено ако станува збор за монотона работа. Кога ќе видат дека останува само еден час до крајот на работниот ден, тие веќе ментално планираат каде ќе се напијат, што ќе објават на социјалните мрежи и кого ќе повикаат.
Вага
Вагата ја сака рамнотежата, а за нив ова значи дека по работата мора да има уживање. Иако се вредни, тешко се справуваат со стресни или заморни денови, па едвај чекаат да заврши работата за да се посветат на себе, на естетиката, на мирот и на дружењето.
Риби
Рибите често сонуваат, дури и додека пишуваат на тастатурата. Нивната имагинација ги носи на далечни места, и ако денот е тежок, веќе можат да размислуваат за топла бања, ТВ серија или осаменост во 10 часот наутро. Работата е неопходност за нив, но вистинската забава започнува кога ќе заврши работниот ден.
Стрелец
Овој знак ја сака слободата и не сака да биде врзан за фиксни рокови. Иако можат да бидат многу продуктивни, Стрелците го гледаат работното време како ограничување и затоа нетрпеливо чекаат часовникот да го отчука крајот за да можат да се впуштат во своите авантури, патувања или хобија.
Секако, сите понекогаш сонуваме за крајот на работниот ден, но за овие знаци тоа е речиси секојдневна појава. За нив, работното време е само пауза помеѓу животот што навистина сакаат да го водат.
Забава
(Видео) „Вака изгледа безвременската убавина“: Салма Хајек без шминка го освојува интернетот

Салма Хајек (58) неодамна ја сподели својата дневна рутина за нега на кожата и за шминкање со списанието „Вог“, а видеото, кое првично беше објавено на „Јутјуб“, ги освои социјалните мрежи и предизвика многубројни коментари во кои се восхитуваат на нејзината убавина. Додека Салма ги споделува своите омилени техники – вклучувајќи и паметен трик за прикривање на седата коса со маскара – таа зборува и за „сендвичот за убавина“, како и за безвременските совети што ги наследила од својата баба.
View this post on Instagram
Таа исто така откри како се справува со хиперпигментацијата, особено на очните капаци, кои ги смета за природни сенки за очи. Таа исто така рече дека претпочита да користи шминка наместо филери за контурирање на лицето.
„Мора да ја менувате вашата рутина за шминкање и убавина како што стареете. Можеби она што функционирало порано, сега не функционира. Затоа е добро да бидете авантуристички настроени, креативни и да се обидете да се забавувате додека го правите тоа“, вели Хаjек, која вели дека ја научила оваа лекција од својата баба: „Имам голема среќа затоа што имав баба која беше опседната со убавината и знаеше секакви трикови“.
Видеото во кое Салма ги покажува своите трикови и дневната рутина предизвика низа воодушевени коментари: „Како да ставила сè што имала, го намачкала и некако сè уште изгледа беспрекорно“, „Неверојатно е колку е убава“, „Зачудувачка убавица“, „Вака изгледа безвременската убавина“.
За потсетување, Хајек претходно откри дека нејзината убавина на 58-годишна возраст не е само резултат на природата, туку призна дека била подложена на естетска процедура за подмладување. Станува збор за ултразвучна процедура за затегнување на кожата и стимулирање на производството на колаген.