Контакт

Забава

Деми Мур никогаш не се сметала доволно добра

Објавено пред

Една од најпознатите актерки на денешницата, која за пресвртница во својот живот ја смета улогата во филмот „Огнот на свети Елмо“ од 1985 година, сепак ја откри својата добро чувана тајна – Настанот што се случи на почетокот на нејзината успешна актерска кариера, кој таа го сподели со неколкумина.

„Навистина се најдов на патот што води надолу, на патот на самоуништување, и без разлика каков вид успех ќе ми се случеше, јас никогаш не се чувствував доволно добро. Имав исклучително ниско мислење за себе, не се ценев и сето тоа бргу ме доведе до самоуништување. Но, тогаш се случи нешто што никој не го очекуваше, па дури ни јас. Двајца луѓе, кои одвај ги знаев, ме примија во свои раце, застанаа покрај мене и ми дадоа шанса. Всушност, тие ми поставија ултиматум – подобро ќе биде да се појавам на местото каде што ме очекуваат.“

Тоа го истакна Деми Мур во хотелот „Беверли Хилтон“, каде што ја доби наградата „Жена на годината“ доделена од страна на центарот „Пеги Албрехт френдли хаус“ во Лос Анџелес, кој се грижи за жените на рехабилитација кои биле зависни од алкохол.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Видео) Снимањето на „Бетмен“ продолжува

Објавено пред

На почетокот на септември, од продуцентската куќа „Ворнер брос“ потврдија дека снимањето на нивниот најголем проект најавен в година, „Бетмен“, засега е запрено затоа што еден член на актерската екипа бил заразен од коронавирус.

Иако не беше потврдено, се зборуваше дека станува збор за актерот Роберт Патинсон (34). Снимањето во Хертфордшир, Англија, беше паузирано, а сега сè се враќа во нормала и сцените повторно почнаа да се снимаат, потврдија од „Ворнер брос“, пишуваат странските медиуми.

Тоа не е прв пат снимањето да мора да се прекине. Тие го сторија тоа и поради пандемијата на коронавирусот во март. Сега сите се вратиле на работа, а извори блиски до актерската екипа тврдат дека остануваат само неколку сцени кои сè уште не се снимени.

„Бетмен“ треба да се појави во киносалите во октомври 2021 година, во 3Д, 2Д и IMAX-формати, но не е познато дали прекинот на снимањето поради коронавирусот на крајот ќе ги уништи нивните планови.

„Сите се надевавме дека ќе се вратиме на работата што е можно побргу и беше ужасно што моравме да престанеме да снимаме повторно само три дена по почнувањето“, рече член на актерската екипа.

Во август сценаристот Метсон Томлин (30) тврдеше дека сигурно нема да има одложувања, но во тоа време тој не знаеше дека тимот од сетот ќе мора да одмори две недели бидејќи некој беше позитивен на коронавирусот.

Фановите на „Бетмен“ не беа одушевени што актерот Патинсон, sвездата на „Сага на самракот“, ќе го отелотвори стрип-јунакот, но трејлерот што излезе кон крајот на август, како што пишуваат, е мистичен и фантастичен. Овој „Бетмен“ ќе биде најмрачниот досега, што се гледа во најавата преку музиката и снимките. Во моментот е најочекуваниот филм на годината.

Прикажи повеќе...

Забава

Почина Винстон Грум, авторот на романот „Форест Гамп“

Објавено пред

Авторот на романот „Форест Гамп“, според кој е снимен холивудскиот филм во кој глуми Том Хенкс, почина на 77-годишна возраст, објавија американските медиуми.

Винстон Грум почина во својот дом во Ферхоуп, Алабама, објавија американските медиуми цитирајќи ја градоначалничката Карин Вилсон.

„Исклучително сме тажни поради веста. Овде тој беше икона“, изјави Вилсон за Си-ен-ен додавајќи дека причините за смртта не се познати.

Според локалниот портал „АЛ.ком“, Грум служел како војник во Виетнам и пренесол дел од своето искуство во главниот лик на романот „Форест Гамп“ од 1986 година, кој се стекна со светска слава токму благодарение на филмот и брилијантната интерпретација на Том Хенкс во главната улога.

По враќањето од Виетнам, Грум работел како репортер за „Вашингтон стар“ следејќи ги судството и сојузниот правосуден систем, но поднел оставка за да се посвети на пишувањето.
Неговиот прв роман Better Times Than These е објавен во 1978 година.

Грум исто така пишувал публицистички дела, вклучително и за американската граѓанска војна.

Неговата книга „Разговори со непријателот“ (1982), приказна за еден маринец во Виетнам, кој избегал од логор и се врати дома во САД за да биде уапсен за дезертирство 14 години подоцна, се натпреваруваше за Пулицеровата награда за новинарство во 1984 година.

Прикажи повеќе...

Забава

Кетрин Зета-Џонс објави фотографија од својата ќерка Карис

Објавено пред

Познатата холивудска двојка Кетрин Зета-Џонс (50) и Мајкл Даглас (75) имаат две деца, ќерката Карис (17) и синот Дилан (19), а сега гордата мајка објави фотографија на социјалните мрежи и покажа како изгледа нејзината ќерка, која израсна во вистинска убавица.

Карис Даглас повеќе не е мало девојче, а нејзината мајка Кетрин Зета-Џонс објави фотографија од својата ќерка со зборовите:

„Мојата девојка во градината“, напишала актерката во описот на фотографијата, на која нејзината ќерка позира во бело летно фустанче.

Фановите на славното семејство изјавија дека 17-годишната девојка е иста како нејзината мајка и дека ја наследила нејзината убавина.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион8 часа

Украдени ретки книги во вредност од 2,5 милиони фунти, пронајдени под подот на куќа во Романија

Околу 200 „незаменливи“ книги вредни повеќе од 2,5 милиони фунти (3,2 милиони американски долари), кои биле украдени од еден магацин...

Свет9 часа

Трамп сакал да го ослободи Асанж, ако му кажел кој стои зад хакерскиот напад на Демократската партија

Американскиот претседател Доналд Трамп му понуди помилување на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, доколку открие кој стои зад хакирањето на...

Македонија10 часа

Отказ за советникот на Чулев поради насилно и недолично однесување

Министерството за внатрешни работи му даде отказ на Зоран Ѓорѓиевски, кој беше вработен како советник во кабинетот на министерот во...

Топ12 часа

Осумгодишно дете починало на пат кон болница

Вчера во Градската болница Куманово со возило на брза помош било донесено осумгодишно дете на реанимација. Детето било од Крива...

Македонија13 часа

Осум лица починаа од коронавирус, потврдени 144 нови случаи

Во последните 24 часа осум лица починаа, а потврдени се 144 нови случаи на коронавирус од 1.545 теста, соопшти Министерството...

Македонија14 часа

Мицкоски: На Јанкулоска ѝ судеа без докази затоа што не избра да биде слуга во скутот на Заев

„Мафијата на власт потроши над 8 милиони евра за службени возила, а за набавка на едно службено возило што го...

Македонија15 часа

40 илјади деца немаат компјутери за да следат онлајн-настава

Училиштата ќе отпечатат материјали за учење од дома за 40 илјади деца, кои немаат техничка опрема за следење на онлајн-наставата....

Македонија15 часа

Интегра го тужи Мицкоски, од него бара 100 илјади евра за клевета

Партијата Интегра поднесе тужба против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку која бара 100.000 евра поради изнесени клевети и лаги...

Македонија16 часа

Обвинителството поднесе жалба за условната казна за сообраќајната несреќа кај Млечен ресторан

Основното јавно обвинителство Скопје до Апелациониот суд поднесе жалба на пресудата за условна казна за сообраќајната несреќа што пред две...

Регион17 часа

(Видео) Редок циклон пристигна во Грција, јахти летаат на сите страни

Исклучително редок медитерански циклон, „медикејн“, кого Грците го нарекоа Јанис, погоди делови oд Грција. Медиумите јавуваат дека јахтите се удираат...

Свет17 часа

Национален парк на Тајланд по пошта им го враќа на туристите ѓубрето што го оставиле зад себе

Посетителите на националните паркови на Тајланд, по враќањето дома, може да почнат да добиваат пакети во кои им е испратено...

Македонија18 часа

Јанкулоска оди во затвор, Врховниот суд ја потврди пресудата

Врховниот суд, по една година вонредно преиспитување на предметот „Тенк“, ја потврди четиригодишната затворска казна, која ѝ беше изречена на...

Регион18 часа

Балканот се подготвува за исклучително редок метеоролошки феномен

Грција почна со подготовки за редок вид бура, медитеранскиот ураган познат како медиган. Според хрватскиот „Јутарњи лист“, се очекува невремето...

Македонија18 часа

Се расчистува дивата депонија кај СЦ „Борис Трајковски“

Општина Карпош почна со чистење на теренот во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, кој изминатава недела гореше во два...

Свет18 часа

СЗО: Рекорден број нови случаи во Европа, пред нас е сериозна ситуација

Најновиот неделен биланс на бројот на нови случаи на коронавирус во Европа ги надмина бројките забележани кога пандемијата првпат го...

Свет19 часа

Кина спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против Ковид-19

Кинескиот министер за наука и технологија, Ванг Џиганг, изјави дека земјата во моментот спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против...

Економија19 часа

Жените сè уште значително помалку платени од мажите за иста работа

Надлежните институции во соработка со приватниот сектор и синдикатите да развијат ефикасен механизам кој ќе придонесе за изедначување на платите...

Топ20 часа

Тачи на Трамп ќе му додели Орден на слободата

Косово ќе му ја додели највисоката награда на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата улога во помагањето на Косово и...

Европа20 часа

Чешка соборува рекорди: за еден ден 3.130 нови случаи на Ковид-19

Во Чешка се регистрирани 3.130 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е најголем број нови случаи за...

Свет20 часа

Повеќе од 200 озлогласени криминалци избегаа од затвор

Затвореници во Уганда успеале да ги совладаат чуварите и најмалку 219 од нив успеаја да избегаат од затворот со петнаесетина...

Досие