Забава
Диди го прослави својот 55. роденден во затвор, интересно е славичкото мени
Американскиот рапер Диди деновите ги минува во затвор во Бруклин, каде вчера (4.11) го прослави својот 55-ти роденден. Со оглед на околностите, годинава нема да има забава за него, но затоа раперот може да избира од многубројните опции на „славничкото мени“.
Како што објави Њујорк Пост, станува збор за мени кое не е приспособено на вкусовите на Диди, туку традиционално затворот го нуди во понеделник. За појадок, раперот ќе може да избира помеѓу традиционалните американски погачици со бел сос, компири во рерна, овесни снегулки и леб со разни додатоци.
Ручекот му носи малку повеќе избор, како пица со сирење, „италијанска“ салата со тестенини и боранија. Освен тоа, ќе му биде понуден и „десерт за појадок“, што е ставка од менито што нормално нема врска со родендени. Сепак, оброкот нема да може да го залие со кафе, кое ќе биде недостапно до сабота.
А што е за вечера?
Диди ќе го заокружи своето роденденско мени со избор на пржен ориз со тофу или пилешко и мисирка со боранија, сос, леб и неговиот избор на пијалок. Ручекот ќе биде достапен од 11 часот, додека вечерата ќе биде достапна најрано во 16 часот.
Само минатиот месец, адвокатот на Диди се пожали на менито што му е понудено на неговиот клиент. „Мислам дека храната е веројатно најтешкиот дел од сето тоа“, рече Марк Агнифило на 10 октомври пред судницата на Менхетен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Бен Афлек забележан со поранешната сопруга: „Во последно време често се заедно“
Бен Афлек и Џенифер Гарнер и по разводот останаа во пријателски односи, но медиумите пишуваат дека тие се заедно во последно време.
Папараците ги снимиле за време на заедничко возење во Лос Анџелес, а според магазинот „Пипл“, Џенифер пред тоа му доставила појадок на Бен и останала со него некое време.
„Тие секогаш ќе бидат блиски затоа што имаат деца и одржуваат пријателски сородителски односи“, рекол извор близок на актерите откако заедно го прославиле Денот на благодарноста.
Бен и Џенифер учествуваа во хуманитарна акција со своите деца и доброволно се пријавија во Полноќната мисија во Лос Анџелес, служејќи им топли оброци на повеќе од две илјади бездомници.
Фотографиите кои тогаш се појавија ги изненадија сите фанови на актерот бидејќи по долго време беше фотографиран насмеан и расположен. Откако го поминале тој празник заедно, извори тврдат дека децата ги замолиле да го поминат и Божиќ заедно. Наводно познатите родители решиле да им ја исполнат таа желба.
„Џен навистина сака нејзините деца да бидат среќни. Таа ќе продолжи да се грижи да поминуваат време заедно како семејство, а тоа го вклучува и Бен. И тие имаат божиќни планови со децата. Децата уживаат да поминуваат време заедно”, открил изворот.
Гарнер и Афлек беа во брак од 2005 до 2018 година, а и потоа останаа во одлични односи поради нивните деца – Виолета (18), Серафин (15) и Семјуел (12).
Бен беше во врска со актерката Ана де Армас, а во 2022 година се ожени со Џенифер Лопез, но нивниот брак заврши оваа година. Џенифер Гарнер денес е во врска со претприемачот Џон Милер.
Забава
Четири хороскопски знаци ќе пливаат во пари во 2025 година, добри вести и за оние кои планираат да стапат во брак
До Нова година останува уште помалку од еден месец. Астролозите веќе прават прогнози за она што ќе се случува во следните 12 месеци.
Според нив, времето е идеално за нормализирање на односите, но и за нови врски и познанства.
За браковите склучени во 2025 година се верува дека ќе бидат најтрајни. Од друга страна, познатиот руски астролог Тамара Глоба во својата прогноза се фокусира на нешто друго: 2025 година ќе биде богата со финансиски можности.
За четири хороскопски знаци ќе се отвори особено силен паричен тек. Покрај тоа, таков успех се случува еднаш во педесет години!
Овен: Време е за големи шанси
Довербата и енергијата на Овните ќе игра голема улога во привлекувањето на нови приходи. Можеби среќата е во ваша корист во форма на неочекувано наследство или добивка. Но, главната работа е да не седите со скрстени раце. Преземете акција за да не ја пропуштите можноста.
Лав: Издигнете се до просперитет
Лавовите мора да се подготват и за силни успеси во финансискиот сектор. Креативните идеи и лидерските квалитети ќе ве доведат до импресивни резултати во бизнисот. Очекувајте големи инвестиции и профитабилен бизнис. Вашите средства брзо ќе се зголемат.
Стрелец: Поволни промени
Оптимизмот и нагонот на Стрелецот нема да дозволат да им побегнат неверојатните финансиски изгледи. Можеби ќе најдете нов пазар или ќе добиете високо платена позиција во странство. Главен сојузник во финансиските прашања во 2025 година за претставниците на знакот ќе биде интуицијата.
Водолија: Изобилство и среќа
Во новата година, Водолиите ќе мора да се фокусираат на нивната оригиналност. Тоа е она што ќе ги доведе до финансиски успех. Иновативните идеи можат да привлечат големи и дарежливи инвеститори. Може да очекувате скок во развојот на производи или услуги што генерира значителен приход.
Забава
Пет имиња го парализираат ChatGPT: „Не можам да одговорам“
„Чет џи-пи-ти“ (ChatGPT) го завршува разговорот веднаш штом ќе спомнете некое од овие имиња.
Има имиња кои кога пишувате ChatGPT, само добивате повратна информација дека овој четбот во моментов не може да ви даде одговор за нив.
ChatGPT го завршува разговорот веднаш штом спомнете некое од овие имиња, а сето тоа е резултат на специјалниот филтер што оневозможува одговор до корисникот.
OpenAI никогаш јавно не ги коментирал овие случаи, но најверојатно тоа се имиња на луѓе кои ја тужеле компанијата или побарале трајно да се избришат од базата на податоци.
Ова се имињата по кои ChatGPT го завршува разговорот (како што се напишани на англиски):
Brian Hood
Jonathan Turley
Jonathan Zittrain
David Faber
Guido Scorza
Главно, се работи за луѓе кои го тужеле ChatGPT поради лажни информации.