Контакт

Забава

Дино Раѓа влегува во Куќата на славните

Објавено пред

По Крешимир Ќосиќ (1996), Дражен Петровиќ (2002) и Мирко Новосел (2002), член на Кошаркарската куќа на славните во американскиот Спрингфилд ќе стане и четвртиот хрватски кошаркар Дино Раѓа.

„Каква чест е претставувањето на Сплит и Хрватска на такво место во овој момент. Вау”, напиша Дино Раџа од Спрингфилд на неговата фејсбук-страница.

Две сребрени олимписки медали, три титули на клупски првак на Европа, бројни медали на светски и европски првенство и многу други награди, се импресивна колекција на Дино Раѓа, која ќе биде крунисана вечерва со приемот во Кошаркарската сала на славните во Спрингфилд.

Забава

(Видео) Магионичар заработи милион долари, на никој не му е јасно како ги изведува триковите

Објавено пред

Дваесет и шестгодишниот Шин Лим е победник на најновата сезона на американскиот Суперталент. Неговите мајстории со картите и останатите магионичарски трикови го освоија жирито, но и цела Америка која што гласаше за него. Шин го освои првото место на шоуто ‘Americas Got Talent’, со што доби своја претстава во Лас Вегас и освои парична награда од милион долари.

Овој магионичар има синдром на карпален тунел, поради што често го болат дланките, а Шин стравува дека со тек на време мускулите целосно ќе му атрофираат, што би значело и крај на неговата магионичарка кариера.

Многумина се обидуваат да ги одгонетнат неговите трикови, но на никој досега не му пошло тоа од рака. Шин ја освои и титулата на светски првак во изведување трикови со карти во 2015 година.

Прикажи повеќе...

Естрада

Јосипа Лисац објави фотографија што разбуди носталгија кај колегите

Објавено пред

Од

На официјалниот профил на музичката ѕвезда беше објавена фотографија од минатите времиња и нејзината дружба со колегите Тони Цетински, Масимо Савиќ и Дадо Топиќ. Овој убав спомен создаден во 1997 година пред концертната изведба на рок-операта „Губец-бег“ ги одушеви пејачите, но и нивните следбеници на социјалните мрежи.

Koncertna verzija Gubec Bega(1997) Prepoznajete li ih? Massimo (Official), Tony, Josipa i Dado 😊🎹🎼🎤

Gepostet von Josipa Lisac am Montag, 17. September 2018

„Време кога луѓето, едноставно, се сакаа, поддржуваа и се почитуваа меѓусебно. Благодарам, Јосипа Лисац. Прекрасно сеќавање на изведбата во живо на легендарната рок-опера ‘Губец-бег’“, напиша Тони Цетински кај кого оваа фотографија предизвика чувство на носталгија.

„Времето лета, (фото)спомените извираат. Благодарам за ова изненадување, Јосипа Лисац!“, ѝ порача Масимо Савиќ на својата сакана колешка Јосипа Лисац, една од најголемите хрватски уметници.

Прикажи повеќе...

Естрада

Оскаровката призна: Имам направено пластични операции и сега се каам поради тоа

Објавено пред

Од

Иако за неа подолго време се шпекулира дека има направено многу пластични операции, оскаровката Џејн Фонда конечно го потврди тоа.

Осумдесетгодишната актерка Џејн Фонда, која е позната и како голем љубител на фитнесот, неодамна призна дека направила неколку пластични операции. Таа истакнала дека го направила тоа за да го ублажи уморниот изглед.

„Драго ми е дека изгледам добро за моите години, но имам пластични операции. Нема да лажам. Ми здодеа да личам како да сум постојано уморна, дури и кога не бев“, рекла Фонда.

Сепак, таа додала дека не е горда на тоа што го коригирала лицето на овој начин.

„Од една страна го мразам фактот што сакав физички да се сменам за да се чувствувам подобро. Би сакала да не е така. Сакам постари лица, лица кои се живи. Го сакам лицето на Ванеса Редгрејв. Би сакала да бев похрабра, но не сум“, рекла актерката.

Прикажи повеќе...

Најново

Култура1 час

(Галерија) Почна ,,Браќа Манаки” – Клаудија Кардинале продефилира на црвениот тепих

Со перформанс во режија на Срѓан Јаниќијевиќ беше отворен 39 интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. На...

Европа5 часа

Почна Октоберфест во Минхен, се очекуваат шест милиони посетители

Градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтен го отвори 185. фестивал на пивото – Октоберфест, еден од најпознатите и најголемите фестивали во...

Македонија7 часа

(Видео) Шилегов: Од Лисиче до Центар со воз се стигнува за 4 минути, од таму продолжете со велосипед

Европската недела на мобилност 2018 во Скопје заврши со комбинирање на железнички и превоз со велосипед. Активисти од здружението „Прв...

Свет9 часа

(Видео) Над 20 мртви при вооружен напад за време на воена парада во Иран

Дваесет и четири лица се убиени, а 53 повредени во утринскиот напад на вооружени луѓе за време на воена парада...

Македонија9 часа

(Видео) Платите на хирурзите покачени за 5.300 денари, повисоки плати и во школите и во градинките

На вработените во градинките, училиштата и болниците септемвриската плата ќе им биде зголемена за пет отсто. Зголемената плата ќе им...

Македонија11 час

Следува период на пост-демократија во која главниот збор не е на избирачите, рече Иванов на предавање во САД

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на почетокот на работната посета на САД, одржа предавање на Државниот универзитет Вејн во...

Топ12 часа

Холанѓанец пронајден мртов во вила во Трпејца

Во вила во охридското село Трпејца, во текот на вчерашниот ден починат бил пронајден 79-годишен Холанѓанец. Како што информираат од...

Македонија12 часа

(Видео) Макрон со обраќање до македонските граѓани: Ниеден договор не е совршен, но се работи за иднината на земјата

Францускиот претседател, Емануел Макрон, во пресрет на референдумот закажан за 30. септември преку видео-обраќање упати порака до македонсите граѓани, при...

Крвав четврток23 часа

Го извадив пиштолот и кажав стој полиција, сведочеше телохранителот на Оливер Спасовски за 27 април

Сашо Тасевски, директорот на БЈБ, телохранител на тогашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, доцна вечерва сведочеше во кривичниот суд...

Крвав четврток1 ден

Ги видов пратениците Мукоски и Василевски како ги вадат гредите од вратите на Собранието, сведочеше собраниски обебзбедувач

На продолжението од судењето за настаните од 27 април сведочеше собранискиот обезбедувач Владимир Стојков. Тој потврди дека кога чул врева,...

Македонија1 ден

Претепаниот скопјанец: Ме намести пријател, тие ме чекаа во заседа

Брутално претепаниот скопјанец за „Макфакс“ вели дека бил нападнат од познат лихвар во Скопје бидејќи зел на заем 200 евра,...

Топ1 ден

(Видео) Кавадарчанец прободел жена со нож во стомакот кога му рекла дека е бремена

Полицијата вчера уапси кавадарчанец во Струмица под сомнение за обид за убиство како и за повеќе кражби во станови во...

Македонија1 ден

Обвинителството ќе проверува дали е запоставувано детето во станот со пелени во „Скопјанка“

Основното јавно обвинителство Скопје ќе утврдува дали родителите го запоставиле детето коешто живее со бабата во станот во „Скопјанка“, којшто...

Македонија1 ден

Мухиќ: Владата не им објасни на граѓаните кои уставни промени ќе се случат по референдумот

Независниот пратеник Ферид Мухиќ не сакаше за ,,Макфакс” да каже дали ќе излезе на претстојниот референдум за промена на името,...

Македонија1 ден

Фрчат казни за адвокати во кривичниот суд, тројца казнети со 1000 евра

Поради неприсуство на тројца адвокати, Судот го одложи денешното рочиште за предметот на специјалното јавно обвинителство со кодно име „Топлик“....

Македонија1 ден

Се разболе обвинетиот Митко Пецов – Фатиме побара да биде приведен

Одложено е рочиштето за предметот ,,Насилство”. Обвинетиот Митко Пецов се разболел и не присуствуваше на седницата, обвинителката на СЈО Фатиме...

Македонија2 дена

Претепаното момче во Аеродром има потрес на мозокот и скршеници

Лицето кое вчера беше брутално претепано во Аеродром добило скршеници во пределот на носот и вилицата, имало исеченици по глава...

Македонија2 дена

Јавното обвинителство формираше комисија за следење на противправности во врска со референдумот

Јавниот обвинител на Република Македонија формираше комисија за следење на евентуални противправности при организирањето и спроведувањето на референдумот на 30...

Свет2 дена

Повторно пукање во САД, петмина повредени, меѓу кои и дете

Пет лица се повредени, меѓу кои и осум годишно девојче во пукотници во Сиракуза, во државата Њујорк, соопшти полицијата. Инцидентот...

Македонија2 дена

1000 евра казна за вештак кој не дошол на судење за предмет на СЈО

1000 евра треба да плати вештакот Павлина Стојанова, а 2000 евра Друштвото за вештачење „Форензик експертс ДОО“ оти не се појавиле...

Досие