Забава
Добро позната и најпосетувана. Која грчка плажа плени со своите карактеристики на море, планина и волшебни погледи, кои пленат воздишки?
Паралија, познато летувалиште во Грција, избор за одмор и рекреација, со поволни цени и прекрасна песочна плажа.
Името Паралија, (грч. Παραλία) во буквален превод значи плажа, што е главна карактеристика на ова грчко летувалиште, кое се наоѓа на 4 км од градот Катерини, во подножјето на планината Олимп. Оваа летна дестинација, која е претежно избор за летни семејни патувања, се одликува со 3 км долга песочна плажа, која ја спојува со Олимпик Бич.
Паралија е доста популарна кај семејствата и луѓето што сакаат навистина летен одмор по пристапни цени во сместување што нуди одлични услови за парите, а таков случај е Вила Атина. Главна карактеристика на Паралија е што за разлика од другите летни региони во Грција, мештаните останаа доследни на идејата за сместување на странските туристи (најмногу од Србија, Македонија и Бугарија), по пристапни цени, како на сместувањето, така и на услугите во рестораните, кафулињата и маркетите.
Дополнително, оддалеченоста од Солун (на само 70 км), ја прави Паралија посебно интересна за оние кои сакаат комбинација на пространа песочна плажа и прошетка во туристичка метропола, а посебно чистите плажи и пријатниот амбиент се вистински избор за оваа сезона кога температурите достигнуваат и до повеќе од 40 Целзиусови степени.
За оние кои се заинтересирани за одмор кој нуди уживање на песокта и чистото Егејско Море, Паралија нуди долга плажа (околу 3 км), која е со ситен песок и е одлична за сончање, пливање и се карактеризира со пространост, но е одличен избор и за семејства со деца. Водата е плитка, што ја прави одличен избор за децата.
Шеталиштето и локалните продавници се посебно атрактивни поради својата живописност и пристапните цени на текстил и храна, а раздвиженоста во попладневните и вечерните часови го нуди типичниот грчки амбиент на екстра летувалиште.
За оние со поголем авантуристички дух, тика се и еднодневните екскурзии до Метеори или до живописните острови Скијатос и Скопелос. Незаборавните глетки се вистинска атракција која ќе го збогати одморот во Паралија и ќе им даде дополнителен шмек на одморот и забавата.
За оние кои се вљубеници во природата, прошетките во прегратките на планината Олимп се посебно возбудливи и исполнителни и пленат со живописни погледи, кои никого не оставаат рамнодушен.
Ако се уште не сте резервирале одмор, сега е вистинско време да одберете сместување во Паралија, а наш предлог е Вила Атина во срцето на Паралија, блиску до прекрасната трикилометарска плажа, а од туристичката агенција ЈК Травел ќе ви обезбедат и дополнителен попуст за нивниот 18-ти роденден и ќе ви помогнат во целокупната организација на вашето уживање во Паралија.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Куќата каде што е основана AC/DC е урната по грешка: новиот сопственик не бил свесен за нејзината историја
Сместена во предградието Бурвуд во Сиднеј, оваа куќа долго време е место посетено од обожаватели на бендот од целиот свет.
Малколм и Ангус Јанг од AC/DC живееле во оваа куќа како тинејџери кои формирале сопствен бенд со нивниот брат Џорџ Јанг, гитарист на популарната рок група Easybeats. Нивното семејство мигрирало во Австралија од Шкотска, а во 1965 година се преселиле на улицата Бурли.
Семејната куќа ја купил градежен изведувач во март 2023 година за 5,8 милиони австралиски долари, а минатиот месец тој одлучил да ја урне. Дури откако куќата била урната, градежната компанија „Бурвуд Сквер“ го утврдила културното значење на оваа куќа.
„Историската врска со AC/DC не беше навремено воспоставена и жалиме што претходниот долгогодишен сопственик не ја сподели оваа информација со нас. Иако не можеме да го промениме минатото, ние сме посветени да го славиме овој значаен дел од приказната на бендот“, рече генералниот директор на оваа компанија, Леон Камита.
Планирано е на земјиштето на кое некогаш стоела оваа куќа да се изгради кула од 50 ката со 120 соби и 48 апартмани.
Иако оваа куќа беше наведена во австралискиот национален регистар во 2013 година, таа не ја доби заштитата што требаше за да се спречи уривање. Советот на Бурвуд спроведе преглед во 2015 година за да утврди дали куќата треба да биде на листата на наследство. На крајот, тие изјавија дека не е препорачливо додавањето на куќата на листата на наследство бидејќи, како што тврдат, „периодот на престој на членовите на AC/DC бил прекраток за да биде релевантен за нивниот живот и работа“.
Забава
Натали Балмикс ја објави песната што беше дисквалификувана од хрватскиот натпревар за Евровизија, фановите со реакции: „Вратете ја, би победила“
Натали Балмикс ја објави песната што беше дисквалификувана од „Дора“ и на „Јутјуб“ и на социјалните мрежи се нижат реакции.
„Песнава е подобра од која било на ‘Дора’“, „Каков хит, и оваа го исфрлаат“, „Вратете ја Натали на ‘Дора’“, „Звучи како нешто што Северина би снимила порано. Има сериозен потенцијал за сцената. Штета!“, „Ова е за Евровизија, а жирито на ‘Дора’ треба да биде заклучено некаде за да не избираат повеќе финалисти“, „Ова е брутално“, се само дел од коментарите.
Се огласија и странските евровизиски фанови. „Ја дисквалификувавте единствената песна што ќе имаше шанса на Евровизија“, „Одлична песна, требаше да биде на Евровизија. „Дали ХРТ е реална што дисквалификува“, „Натали, дојди во Србија, ние ќе те избереме“, „Каква штета, поздрав од Украина“.
Натали ја објави песната на денот кога беа официјално објавени сите песни што ќе се натпреваруваат на „Дора“ оваа година.
View this post on Instagram
Текстот го напишаа Натали Балмикс и Аида Бараку, а музиката ја компонира Дарко Димитров, македонски композитор и продуцент.
„Песната беше дисквалификувана од натпреварот поради значителни промени во финалната верзија“, се наведува во објаснувањето на ХРТ.
Забава
Хари и Меган им нудат засолниште во својата вила на пријателите во Лос Анџелес погодени од пожарот
Меган Маркл и принцот Хари проговорија за пожарите во Лос Анџелес.
Парот, кој живее во Монтесито, Калифорнија, ги повика луѓето преку својата веб-страница Sussex.com да ги посетат своите соседи и да им помогнат на оние на кои им е најпотребно. Тие исто така оставија линкови од веб-страници на разни добротворни организации. Тие исто така побараа од луѓето да ги отворат своите домови за погодените од пожарите. Меган и Хари ги отворија вратите на својата вила во Монтесито, вредна 29 милиони долари, за пријателите од Лос Анџелес погодени од пожарот, пишува „Дејли мејл“.
„Доколку некој пријател, член на семејството или домашно милениче треба да се евакуира и можете да им понудите засолниште, направете го тоа. Исто така, проверете дали на вашите соседи со попреченост или постари лица им е потребна помош при евакуацијата. Некои семејства останаа без ништо. Размислете за донирање облека, детски играчки и основни потреби. Американскиот Црвен крст е на терен и им помага на оние на кои им е најпотребно“, напишаа тие.