Забава
Доктор Оз измисли чудотворен пијалок: изгубете 7 килограми за само 3 дена
Докторот Мехмет Оз, по потекло од Турција, стана познат по својот план за детоксикација, според кој можете да изгубите до седум килограми за само три дена.
Неговиот пијалок за слабеење се состои од мешавина од вода, зелен чај, сок од лимон, краставица, нане и кајенски пипер, и тој тврди дека е „испробан и тестиран за да му помогне на телото да се врати на вистинскиот пат со процесот на слабеење“.
Планот вклучува пиење четири или повеќе чаши детоксикациска вода за да се забрзаат резултатите додека се јаде здрава храна, а докторот тврди дека нема да чувствувате глад. Една од главните цели на детоксикацијата со вода е чистење на цревата на здрав начин.
Детоксикацијата е особено важна бидејќи многу луѓе се преоптоварени со токсини апсорбирани од остатоци од пестициди во храната, загадениот воздух и други извори.
Црниот дроб честопати не може доволно брзо да ги филтрира овие токсини, што доведува до нивно складирање во масните клетки. Како што токсините се елиминираат од телото, мастите се согоруваат побрзо. Антиоксидансите присутни во зелениот чај, исто така, можат да го забрзаат метаболизмот за 35 проценти.
Рецептот за овој моќен пијалок вклучува пет чаши ладна филтрирана вода, три чаши силен зелен чај (сварен и изладен), една средна краставица со кора исечена на парчиња, сок од половина лимон, четвртина чаша свежи листови од нане и половина лажичка кајенски пипер во прав. Сите состојки се мешаат и се оставаат во фрижидер, а се препорачува да се пие еден час пред оброците.
Покрај детоксикацијата, д-р Оз советува и придржување кон исхрана што вклучува непреработена храна, здрави масти, висококвалитетни протеини и овошје и зеленчук богати со растителни влакна и антиоксиданси за да се постигнат најдобри резултати во процесот на слабеење.
Мехмет Оз е роден на 11 јуни 1960 година во Кливленд, Охајо, САД. Иако по потекло е од Турција, тој дипломирал на Универзитетот Харвард во 1982 година и станал познат како кардиохирург.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

