Забава
Доли Партон бара одлагање на плановите за нејзина статуа
Иконата на американската кантри-музика, Доли Партон, побара од државата Тенеси да ги запре плановите за поставување нејзина статуа.
Таа побара законодавниот дом на сојузната држава Тенеси да го повлече предлог-законот за поставување нејзина статуа во главниот град Нешвил.
Пејачката текстописец, музички продуцент, актерка, воедно и голем хуманист, на „Твитер“ порача дека сега не е вистинското време.
„Имајќи го предвид сето она што се случува во светот, мислам дека во овој момент не е соодветно да ме стават на пиедестал“, рече таа.
75-годишната музичарка нагласи дека е почестена од гестот, додавајќи: „Сепак, се надевам дека во иднина, неколку години од сега или можеби откако ќе ме нема, ако сметате дека заслужувам, тогаш сигурна сум дека ќе стојам горда во нашиот главен град како благодарна жителка на Тенеси“.
Во ноември ѕвездата соопшти дека се чувствува почестена и горда што донирала пари за истражување на една од најперспективните вакцини против Ковид-19.
Таа претходно најави дека донира 1 милион американски долари на медицинскиот центар на Универзитетот „Вандербилт“ во Нешвил. Тоа беше едно од местата каде што се испитуваше вакцината на „Модерна“, која, според раните истражувања, се покажа речиси 95 % ефикасна.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ничиј поглед не се задржа на нејзиното убаво лице
Познатата актерка Пенелопе Круз блесна на промоцијата на филмот „The Bride“ во Лондон и дефинитивно не остана незабележана поради нејзиниот моден избор, но и нејзиниот целокупен изглед.
Познатата шпанска убавица изгледа значително поинаку и дека апсолутно блескаше во тесен црн фустан со многу изразено деколте кое ги истакнуваше нејзините адути, па нејзиното убаво лице падна во втор план.
На овој настан, таа претстави и нова фризура, што е драстична промена во споредба со Пенелопе што ја видовме досега.
Фризурата ја претстави премиерно на Неделата на модата во Париз пред неколку недели, а забележливо е дека сега има малку посветла нијанса што ја прави „да изгледа барем десет години помлада“, како што коментираат многумина.
И како што се приближува кон педесеттата, Пенелопе продолжува да воодушевува со својата насмевка, завидна фигура, па дури и со својата подготвеност да ги следи модните и козметичките трендови, и пораката дека е подготвена за промени.
Некои велат дека секоја промена е нов почеток…
Забава
(Видео) Ќерката на Моника Белучи се соблече во долна облека и го шармираше светот
Дева Касел (21), ќерка на познати родители Моника Белучи и Винсент Касел, прерасна во вистинска убавица и долго време самоуверено го освојува светот – следејќи ги стапките на својата мајка, која сè уште ја носи титулата една од најубавите жени во светот.
За новото издание на списанието Vanity Fair, младата Дева ги здружи силите со актерот Жилиен де Сен-Жан, со кого глуми во филмот „Фантомот во операта“, чија премиера ќе биде на 23 септември оваа година.
Двајцата позираа заедно, а Дева привлече големо внимание, бидејќи на некои снимки носеше само долна облека и фустан од чипка.
Видео објавено на Инстаграм покажува како изгледало снимањето „зад сцената“, додека се создаваа фотографиите за списанието, а никој не беше имун на луксузната убавина на Дева.
„Таа е апсолутно прекрасна и многу потсетува на својата мајка“, „Ќе ја освои актерската сцена“, „Прекрасна дама“ и „Едвај го чекам овој филм“, се само некои од бројните коментари на социјалните мрежи.
Забава
(Видео) Русокосите стануваат потопли, а бринетите одат во спротивна насока: Ова е хит нијансата во 2026 година
Додека русокосите се подготвуваат за топлите, сончеви тонови што ќе ја одбележат 2026 година, бринетите оваа година одат во сосема спротивна насока.
Наместо топли, карамел прамени и класични кафеави нијанси, во 2026 година, во светот на трендовите за убавина доминираат ладни, пригушени тонови.
Трендот на преминување од посветли кафеави со прамени кон еднобојна нијанса од коренот до врвовите е сè поизразен. Овој пристап нагласува униформен тон и длабочина, а косата ја прави здрава и префинета.
@vanessa_cabrales14 Ashy but with d i m e n s i o n✨ #brunette #latinahairstylist #dimensionalbrunette #brunettespecialist #redkensalon #huntsvillealabama @Redken ♬ SABOR A MI (Versión Piano) – Alexis González
Во оваа смисла, се издвои една боја – Charcoal Brunette, или пепеласто кафеава.
Што е Charcoal Brunette?
Според експертите за бои, многу бринети сакаат да ја задржат својата природна боја – која често има сиви или пепеласти подтонови. Наместо топли, златни или бакарни нијанси, оваа пепелава основа ѝ дава на косата суптилна ладна нота, помек и поприроден изглед и нијанса што не е премногу темна, но сепак интензивна.
@annetrann Choosing shades that are slightly lighter than your natural will transform your hair without any drastic contrast! Tones that compliment your skin tone and blend seamlessly into your base colour 🤍 This brought her long and already gorgeous hair to life 🥰 #balayage #balayagehair #dimensionalhair #dimensionalbrunette #torontohairstylist ♬ Beautiful – SHYY BEATS
Експертите ја опишуваат оваа боја како слична на мока бринета, но со додавање на пепеласт подтон што создава впечаток на подлабока и помистериозна кафеава – без ризик косата да изгледа премногу темна.
@dvcolour Down to earth brunette Embraces a low-maintenance, authentic Rich Brown Tones, From chocolate to chestnut, the hair color is deep and multidimensional with a Effortless layered cut and blow out Style: Hair is often styled, simple, unfussy, Minimal Makeup: Focuses on enhancing natural features & nude browns. The look. Teaching this look in my next masterclass online education coming soon. Get on my wait list email: [email protected] Get the look at Mississauga hairsalon @vividsalondv Link in bio or Call (905)990-8777
За кого е идеална оваа нијанса?
Оваа нијанса не е резервирана само за оние со природно темна коса. Одлична е и за бринети кои сакаат да го освежат својот изглед без драстични промени, за оние кои сакаат да ги смират топлите рефлексии и да постигнат поелегантен стил, но и за секоја кожа која повеќе одговара на постудените тонови.

