Забава
Доли Партон ќе добие свој вкус на сладолед

Доли Партон набргу ќе добие свој вкус на сладолед
75-годишната легенда на американската кантри-музика се здружи со сладоледите „Сплендид“ на Џени за да изработи специјален нов вкус на сладолед, кој ќе се појави на полиците во следните недели.
Приходите ќе одат за непрофитната Imagination Library на Доли.
Вкусот на моментно неименуваниот сладолед сè уште не е објавен, но фановите може да се пријават за информации и апдејт за производот во ограничено издание на линкот (http://jenis.com/dolly).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
„Барби“, „Прасето Пепа“, „Мојот мал пони“ опасни за деца, тврди кинсеко надзорно тело

Популарните цртани серии како Barbie, Peppa Pig и My Little Pony се на удар на критики во Кина, откако родителите се пожалија до надзорното тело за заштита на правата на потрошувачите дека содржат неприкладно однесување.
Советот на потрошувачи во Џиангсу во источна Кина објави список со 20 серии цртани филмови за кои тврди дека содржат однесување и јазик несоодветни за деца. Членовите на Советот ги гледале овие серии и разговарале со родители.
Осум од сериите се од странство, вклучувајќи ja британскaта Peppa Pig и две американски Barbie Dreamhouse Adntures и My Little Pony, со уште пет други од Јапонија, меѓу нив е Detective Conan, според Советот, кој всушност е организација поддржана од кинеска влада и формирана со цел да ги заштити правата на потрошувачите.
Во еден пример на сцена опишана како опасна во Peppa Pig, ликот „Деди пиг“ ја отвора вратата од авион и паѓа од него.
Во сцена од цртаниот филм „Моето мало пони“, лик се потопува во лава.
Во „Авантурите на Барби дримхаус“ има сцени на ликови кои висат од хеликоптер или кошаркарски обрач, газат врз некого или паѓаат од таванот, според извештајот на надзорното тело.
Забава
На повидок нова комедија со Џорџ Клуни и Џулија Робертс

Новиот филм со Џорџ Клуни и Џулија Робертс, „Билет за рајот“, треба да излезе следната година.
Двете ѕвезди на „Money Monster“ и „Ocean’s Eleven“ повторно ќе се здружат за претстојната романтична комедија во режија на Ол Паркер, каде ќе глумат разведен пар кој патува на Бали за да ја спречи својата ќерка да стапи во брак.
Били Лурд ја глуми ќерката, која престојува на Бали и ја пронаоѓа својата романса со локален лекар.
„Варајети“ објави дека филмот ќе се појави во киносалите во САД на 30 септември 2022 година.
Снимањето треба да започне во Австралија подоцна оваа година.
Забава
Двејн Џонсон би се кандидирал за претседател ако народот го сака

Ѕвездата на „Брзи и бесни“ Двејн Џонсон изјави дека би се кандидирал за претседател на САД доколку почувствува доволно поддршка од Американците.
48-годишниот Џонсон, еден од најплатените и најпопуларните холивудски актери, веќе неколку години кокетира со можна понуда за Белата куќа.
„Мојата цел е да ја обединам нашата земја и сметам дека ќе го сторам тоа ако народот сака,“ рече Џонсон, запрашан за неговите претседателски амбиции во интервју што се емитуваше во понеделникот во емисијата „Тудеј“.
Поранешниот професионален борач не кажа која партија ќе ја претставува или кога би можел да се кандидира за Белата куќа.
Неговите коментари уследија по онлајн анкета на јавното мислење, објавена од компанијата „Пиплсеј“ минатата недела, според која околу 46 проценти од Американците би гласале за Џонсон.
По објавувањето на анкетата, Џонсон, познат како „Д Рок“ или карпата, на својот Инстаграм напиша дека ќе му биде чест да му служи на народот.
„Не мислам дека нашите Татковци основачи некогаш помислиле дека ќелав и тетовиран полу-црнец кој пие текила и вози пикап комбе ќе им се приклучи во клубот – но ако тоа некогаш се случи, ќе ми биде чест да ви служам.“
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш