Контакт

Забава

Дуа Липа ја тужат дека споделила папараци-фотографија

Објавено пред

Дуа Липа ќе оди на суд бидејќи на својот инстаграм-профил постирала фотографија направена од папараци

Според документите на американскиот суд, ѕездата била фотографирана во редица на аеродром во февруари 2019 година, а подоцна фотографијата ја споделила за своите фанови „без дозвола и одобрување“.

Во тужбата за кршење на авторски права, компанијата „Интеграл имиџис“ наведува дека Липа профитирала од фотографијата, бидејќи нејзините објави на Инстаграм делуваат како маркетинг алатка за нејзината музика.

Тие бараат отштета од 150,000 долари (108,000 фунти) и судење со порота.

Компанијата, исто така, бара судска наредба која ќе ја спречи пејачката во понатамошни кршење на законот, како и покривање на правните трошоци за судскиот спор.

Липа, наводно,  ја објавила фотографијата на својот инстаграм-профил на 7 февруари 2019 година, четири дена откако била направена.

Сега веќе избришаната објава ја покажува поп-ѕвездата како стои во редица и држи авиобилети и пасош.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Џамела Џамил ги критикува Безос и Бренсон за трошење пари за вселенско патување

Објавено пред

Актерката Џамела Џамил ги нападна милијардерите Џеф Безос и сер Ричард Бренсон дека трошеле пари за патување во вселената.

Ѕвездата на She-Hulk се огласи на Твитер за да ги исмева неодамнешните експедиции на двајцата бизнисмени во вселената, инсистирајќи на тоа дека подобро би било да го искористат своето огромно богатство за да помогнат во решавање на некои проблеми на Земјата, како што се бездомништво и глобална здравствена заштита, па дури и да се ослободи Бритни Спирс од конзерваторскиот надзор.

Таа на Твитер напиша: „Луѓе! Луѓе? Кој милијардер требаше да биде прв во вселената?! Кој милијардер го спаси здравството? Кој милијардер сместил најмногу бездомници? Кој милијардер ја ослободи Бритни?”.

35-годишната Џамеела претпоставува дека нејзините објави на социјалните мрежи во кои ги критикува Безос (57) и Бренсон (71), кои добија многу пофалби за нивните напори да создадат комерцијални летови до вселената, ќе предизвикаат бран на онлајн-омраза кон неа.

Прикажи повеќе...

Забава

Тејлор Свифт на врвот на Билборд-листата на најплатени музичари за 2020 година

Објавено пред

Тејлор Свифт со заработка од над 23 милиони долари во 2020 година се најде на првото место на листата на „Билборд“ на најплатени музички имиња.

По турбулентна година во која недостасуваа концерти и било какви настапи во живо како резултат на пандемијата, 31-годишната музичка ѕвезда се врати на листата на американските „манимејкери“ (Money Makers) со приближно 23,8 милиони долари, но сепак, тоа е намалување од 99,6 милиони долари кога последен пат беше на листата во 2018 година.

Најновиот подвиг на врвот на табелата доаѓа и покрај фактот што таа немаше приходи од концерти поради глобалната здравствена криза.

Ова е првпат во историјата на музичките Money Makers турнеите да не придонесуваат за врвот на табелата.

За нејзиното место на врвот, „Билборд“ проценува дека Тејлор заработила 10,6 милиони долари од стриминг, 10 милиони од продажба и 3,2 милиони долари од издаваштво.

Прикажи повеќе...

Забава

Хејтерските коментари не ја нарушија традицијата! Новата фотографија на принцот Џорџ има над милион лајкови

Објавено пред

Многу фанови на кралското семејство со нетрпение го очекуваа денешниот ден, роденденот на принцот Џорџ, на кој традиционално се објавува негов портрет.

Портретот лесно можеше да биде изоставен оваа година, откако фотографии на малиот принц на трибините на стадионот Вембли станаа мета на хејтери на социјалните мрежи.

Сепак, мајката, Кејт Мидлтон, не ја наруши традицијата, туку го зеде фотоапаратот во раце и направи прекрасна фотографија од нејзиното осумгодишно дете.

Портретот на симпатичното и разиграно момче доаѓа по бројните шпекулации во британските медиуми за тоа како принцот Вилијам и Кејт најверојатно ќе престанат да го изложуваат Џорџ во јавност, сето тоа поради недоличните коментари на фотографијата на принцот Џорџ во костум и вратоврска на финалето на Европското првенство во фудбал.

Деновиве проструи веста дека годинава ќе недостасува роденденскиот портрет на Џорџ. Сепак, тоа не се случи.

Фотографија на Џорџ со широка насмевка и облечен во опуштена комбинација – шорцеви и поло маичка додека седи на автомобил во природа – беше објавена на официјалниот инстаграм-профил на војводата на Кембриџ уште синоќа.

Фотографијата на малиот Џорџ фатен од објективот на мама Кејт во Норфолк, каде што семејството моментално се одмора, заработи повеќе од милион лајкови.

Многумина забележаа како момчето силно наликува на неговиот татко принцот Вилијам. Имаше низа комплименти со честитки: „Изгледа како неговиот татко“, „Многу личи на Вилијам“, „Сè повеќе личи на татко му“, „Фотографиите на нејзиното височество никогаш не разочаруваат“, „Војвотката направила прекрасна фотографија“, „Каква насмевка”, „ Какво убаво мало момче “…

Најстариот син на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон обожава да биде во природа и медиумите шпекулираат дека роденденската прослава ќе помине во семејни активности на отворено.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Бојан Јовановски спроведен во „Идризово“ за да ја издржува казната од девет години затвор

Осудениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, попладнево од домашен притвор бил спроведен во затворот „Идризово“ на издржување на затворската казна...

Топ11 час

Стрелиште во Гази Баба нелегално продавало муниција, кај негови клиенти пронајдени 300 куршуми

Секторот за оружје при МВР извршил контрола во цивилно стрелиште во Гази Баба, за кое е утврдено дека вршело неовластена...

Македонија14 часа

Заев: СДСМ и ДУИ заедно ќе настапат на локалните избори

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево преку социјалните мрежи потврди дека со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се договориле СДСМ...

Македонија17 часа

Антикорупциската бара градоначалникот Мерко да одговара кривично за финансиски малверзации

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, треба кривично да одговара за финансиски злоупотреби во Општината, оцени Државната комисија за спречување на...

Топ20 часа

Загина 21-годишно момче, со камион паднало во Вардар

Момче на 21-годишна возраст загина кога товарното возило што го управувал паднало во Вардар. Возилото е сопственост на фирма од Куманово. Момчето...

Топ21 час

Ресенец испраќал пораки дека има бомби на повеќе локации во Охрид

Четириесет и шестгодишен ресенец е осомничен дека испраќал пораки во кои лажел дека на неколку локации во Охрид има поставено...

Македонија22 часа

Заев: Пописот нема да влијае врз правата на граѓаните од етничките малцинства

Во интервјуто за емисијата „Конфликт зоун“ премиерот Зоран Заев зборуваше за исходот од претстојниот попис за кој изрази уверување дека...

Македонија24 часа

(Видео) Заев: Сѐ уште ги истражуваме сите легални начини како Груевски да биде вратен во земјата

Северна Македонија и понатаму ги истражува сите легални начини како поранешниот премиер Груевски да биде вратен назад со цел да...

Регион24 часа

(Видео) Протести против вакцинацијата во Грција, полицијата употреби солзавец и водни топови

Грчката полиција употреби солзавец и водни топови во Атина за да ја растера толпата што протестира против вакцинацијата против коронавирусот....

Македонија1 ден

Мицкоски: Резолуцијата да биде прифатена од сите партии без изговори и условувања

Резолуцијата да биде прифатена од сите политички партии, без условувања, барање изговори, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на...

Топ1 ден

(Видео) Момче натепа девојка во Куманово

Mлад дечко со шутирање натепа девојка во Куманово, а снимките попладнево беа објавени на социјалните мрежи. Подоцна дечкото беше нападнат...

Македонија2 дена

Камчев повторно однесен на Клиниката за кардиологија, се пожалил на гушење и силна главоболка

Јордан Камчев денеска пред своите адвокати повторно се пожалил на влошена здравствена состојба. Неговиот правен тим соопшти дека синоќа Камчев...

Свет2 дена

(Видео) Поплави во Кина по силниот дожд, расте бројот на жртви

Поплавената метростаница и населби, но и ослабената брана по обилните дождови, невидени во 60 години, предизвикаа смрт кај најмалку 25...

Македонија2 дена

Османи: Има можности за решавање на спорот со Бугарија до крајот на годината

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оцени дека постојат сериозни можности за решение на спорот со Бугарија до крајот на...

Македонија2 дена

Регистрирани 15 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.550 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи на...

Македонија2 дена

Апелација ги потврди пресудите – за Катица Јанева седум, за Бојан Јовановски девет години затвор

Апелациониот суд Скопје ги потврди првостепените пресуди во случајот „Рекет“, со кои поранешната шефица на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева,...

Топ2 дена

Обвинение за тренерот по џудо во Прилеп за силување деца

Прилепското Обвинителство поднесе обвинение за тренерот по џудо од Прилеп за силување деца, односно негови ученички кои му биле доверени...

Македонија2 дена

Првпат изведена афереза на периферни матични клетки кај дете на Клиниката за хематологија

Министерството за здравство информира дека на Универзитетската клиника за хематологија, во соработка со Универзитетската клиника за детски болести, денеска се...

Регион2 дена

Четвртиот бран е веќе тука, од одмор одете директно во изолација, порачуваат експертите во Словенија

Шефот на словенечкиот Институт за јавно здравје, Милан Крек, вчера, на прес-конференција предупреди дека новите варијанти на вирусот се раширени...

Македонија2 дена

Димитров за „Евроњуз“: Ако македонскиот јазик е причина за тоа да не можеме да се приближиме кон ЕУ, тогаш така и нека биде

Проблематизирањето на македонскиот јазик не е во согласност со вредностите за кои се залага Европа како континент, каде што се...

Досие