Забава
Ева Лонгорија откри дека е во сродство со познатата оскаровка: „Направивме ДНК-тест“
Изгледа дека се случи некој вид семејно обединување на снимањето на четвртата сезона од Only Murders in the Building.
Ева Лонгорија и Мерил Стрип глумат во новата сезона на серијата, а ѕвездата на „Домаќинки“ неодамна откри дека, всушност, е во роднинска врска со познатата оскаровка.
View this post on Instagram
„Мерил и јас сме роднини. И двете направивме ДНК-тест во шоуто на д-р Гејтс и дознавме дека имаме заеднички роднина“, изјави Лонгорија за „Екстра“ мислејќи на документарната серија на Хенри Луис Гејтс Јуниор, во која многу познати личности ги откриваат своите корени.
Ѕвездата на „Домаќинки“ откри и како е да се работи со Мерил на серијата Only Murders in the Building.
View this post on Instagram
„Беше навистина, навистина забавно и се викавме ‘роднино’“, рече таа.
На снимањето, Стрип ја претстави Лонгорија како своја роднина.
„Таа ја раскажа приказната и сите беа збунети бидејќи јас сум латино, а таа е – Мерил Стрип“, изјави Лонгорија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
