Забава
Еве како тајванската ТВ-ѕвезда Ди Ксу ја одржува својата витка фигура
Нејзините фанови можеа да ја видат на светската турнеја на тајванската пејачка Џолин Цаи како последна селебрити-гостинка. Но, популарната ТВ-водителка и актерка Ди Ксу, освен што се појави во дрзок стил, создаде и врева за нејзината витка фигура.
За да ја постигне и одржува својата идеална тежина таа редовно вежба, а тренингот вкучува аеробно вежбање и дигање тегови. За оние кои не можат да најдат мотивација за тренинг во сала за вежбање, зошто да не го пробаат методот на Ксу и да најдат убав инструктор, коментираат таблоидите.
Ксу е страствен обожавател на танцување, без оглед на стилот и формата. Зумба, кој комбинира елементи на латински танц со висок ритам, ѝ е особено омилен. Таа порано велеше дека зумба е мешавина од разни стилови на танцување што ги тренира срцето и белите дробови, а исто така е забавна и создава зависност.

Ксу не само што е вешта во танцување, туку е и професионална во бадминтон. На нејзиниот инстаграм-профил фановите можат да забележат дека таа го сака овој спорт и дека во изминатите години постојано игра против пријатели.
Tаа вели дека не дозволува ниту едно шатл-перце да падне на земја, потврдувајќи колку страст внесува во танцот и во бадминтонот. И со фотографии од бадминтон, нетџиите можат да видат како 42-годишната селебрити сè уште го одржува својот младешки изглед и дух.
Ксу се придржува кон навиките за здрава исхрана. Најчесто, нејзииот оброк се состои од варено јајце, неколку мали парчиња месо, зеленчук и мало парче тофу. Кога ќе почувствува глад ноќе, таа пие една чаша овесен напиток без шеќер, кој има малку калории и заситува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Вратата ја удри Ријана, нејзината реакција стана хит
Поп-ѕвездата Ријана доживеа мала незгода при излегување од хотел во Њујорк, кога вратата ја удри бидејќи телохранителот не ја придржал. Ситуацијата е снимена и видеото брзо се прошири на социјалните мрежи.
Ријана реагираше во свој стил – се насмеа и му дофрли на телохранителот: „Баш сте џентлмен“. На интернет се отвори дебата – некои сметаат дека тој требало да ѝ помогне, други дека тоа не е негова работа. Сепак, повеќето се согласија дека пејачката само се пошегувала.
Rihanna reacts to being hit by a door after her bodyguard fails to hold it:
“Such a gentleman you are.”
— Buzzing Pop (@BuzzingPop) January 17, 2026
Забава
(Видео) Хурем и Сулејман повторно заедно – по 12 години од серијата, блеснаа на црвениот тепих
По 12 години од крајот на снимањето на популарната серија Сулејман Величествениот, актерите Мерјем Узерли (Хурем) и Халит Ергенч (Сулејман) се појавија на ист настан — доделувањето на наградите Joy Awards во Ријад, Саудиска Арабија.
Мерјем блескаше во долга, богато украсена креација на Khaled & Marwan, наликувајќи на вистинска султана. Со изборот на облека таа ги испочитува културните норми на земјата-домаќин.
View this post on Instagram
На настанот присуствуваа и светски ѕвезди како Мили Боби Браун (која доби признание за личност на годината) и пејачката Кејти Пери, која ја отвори церемонијата.
Мерјем и Халит се најдоа во исти кадри и на видеото кое актерката го објави на стори на „Инстаграм“, што дополнително ги разгоре шпекулациите за нивната блискост.

Халит Ергенч се појави на настанот со својата сопруга, актерката Бергузар Корел, со која денес имаат три деца и заедно ја надминале брачната криза од минатото.
Фото насловна: „Сулејман величествениот“ – промотивен материјал
Забава
Директорот на „Рајанер“ и Илон Маск си разменија навреди: „Тој е идиот – многу богат, но сепак идиот“
Јавна расправија со навреди изби меѓу Илон Маск и извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, откако О’Лири во интервју за ирското радио „Њусток“ го нарече Маск идиот и ја нарече неговата социјална мрежа „Икс“ – септичка јама. Причина за конфликтот е одлуката на „Рајанер“ да не ја користи ви-фи услугата „Старлинк“ во своите авиони.
„Тој е идиот – многу богат, но сепак идиот“, рече О’Лири.
Маск реагираше на „Икс“, нарекувајќи го О’Лири целосен идиот и побара да биде отпуштен. Во друга објава додаде: „Отпуштете го овој имбецил“, обвинувајќи го дека погрешно ги проценил ефектите на „Старлинк“ врз потрошувачката на гориво.
Во расправијата се вклучи и официјалниот профил на „Рајанер“ на „Икс“, кој го исмеа Маск поради прекин на платформата: „Можеби вам ви треба ви-фи, @elonmusk?“
perhaps you need Wi-Fi @elonmusk? https://t.co/eq82qcLqKv
— Ryanair (@Ryanair) January 16, 2026
О’Лири изјави дека „Старлинк“ не е практичен за нискобуџетните летови на кратки релации, бидејќи надворешните антени ја зголемуваат аеродинамичната отпорност и трошат повеќе гориво – до 2 проценти повеќе, што би чинело стотици милиони долари годишно.
Маск ги оспорува овие податоци, тврдејќи дека веќе постојат авиокомпании кои летаат со авиони опремени со „Старлинк“ и дека високобрзинскиот интернет ќе стане пресуден за изборот на патниците.

