Забава
Единствената земја во светот за која Ентони Бурден знаел дека никогаш нема да ја посети
Ентони Бурден, најпознатиот кулинарски патеписец, кој неодамна почина, во својата позната ТВ емисија за храната низ светот има јадено срце од кобра додека тоа уште чука и има посетено места каде што многу луѓе не би се осмелиле ниту да стапнат, но сепак кај него постоел неверојатен страв од една, за многумина совршена земја.
Гледачите ќе го паметат Бурден како бестрашен, љубопитен и духовит водител. Тој пропатува низ целиот свет и нема земја каде што не бил. Но дали е навистина така?
Имено, Ентони имал страв да патува во Швајцарија.
Земјата на снежните Алпи, шеширите со пердуви, часовниците со птици и надалеку познато сирење, од непозната причина кај него создавала страв.
Како што е случај со секој друг ирационален страв, Бурден не знаел зошто толку се плаши да патува во Швајцарија, но во една прилика изјавил дека популарното јодлање во многу швајцарски предели уште повеќе му го зголемило стравот.
Бурден го мина својот живот патувајќи низ целиот свет, но Швајцарија едноставно не одговарала на неговиот темперамент. Покрај стравот од Швајцарија, во листата на негови ирационални стравови, Бурден навел и кловнови, мимичари, караоке и стаорци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Мајкл Даглас и Кетрин Зета-Џонс објавија фотографија со своите деца: „Поздрави од Антарктикот“
Мајкл Даглас (81) и Кетрин Зета-Џонс (56) ја започнаа новата година со семејно патување на Антарктикот, а им се придружија и нивните деца, 25-годишниот син Дилан и 22-годишната ќерка Керис.
Даглас сподели ретка семејна фотографија на својот Инстаграм профил, направена на брод. „Поздрави од Антарктикот!“, напиша актерот во описот на објавата.
На фотографијата, семејството е топло облечено во исти црвени јакни и црни панталони, со елеци за спасување.
Во октомври минатата година, Керис откри дека сериозно размислува за кариера во сценските уметности, која ќе ги следи стапките на нејзините познати родители. Таа вели дека пораснала околу театарот и иако не студирала глума во училиште, се надева дека ќе оди во таа насока сè повеќе и повеќе – особено откако дипломира на Универзитетот Браун во мај 2025 година со диплома по филм и меѓународни односи.
И Дилан не е далеку од глумата. Дипломирал на Браун во 2022 година и наскоро треба да го има своето филмско деби во психолошкиот трилер „Ќе дојдам кај тебе“.
Семејното бегство до крајот на светот се случи кратко по големата годишнина: Даглас и Зета-Џонс прославија 25 години брак во ноември. Актерката сподели емотивна објава на Инстаграм на 18 ноември, потсетувајќи се на нивната свадба од 2000 година и велејќи дека го сака „исто колку што го сакаше и тогаш“.
Даглас има и 47-годишен син, Камерон, од првиот брак со Диандра Лукер. Тој беше во брак со Лукер 18 години, а се разведоа во 1995 година.
Забава
(Видео) „Француски вагони“ – Александар Тарабунов објави нова песна
Во „Француски вагони“, Александар Тарабунов ја изразува динамиката на животот преку музиката, текстот, аранжманот и продукцијата, кои целосно ги реализира самиот, при што вистинската порака симболично се открива на самиот крај на песната.
Преку мотивот на француските вагони од минатото – време на бонтон и луксуз – се прикажува контрастот меѓу надворешниот сјај и скриените задкулисни игри, кои можат да донесат немир и внатрешни превирања.
На овој голем христијански празник, Богојавление (Водици), песната носи порака луѓето помалку да се фокусираат на материјалното, а повеќе да го слушаат срцето, да останат природни и вистински, да љубат искрено и да бидат човечни.
„Француски вагони“ е песна со силна емоција, современ звук и длабока симболика, проследена со визуелно впечатлив музички спот.
Забава
Невообичаени симптоми на менопауза што секоја жена треба да ги знае
Иако е претежно поврзана со добро познати тегоби како што се ментална магла или нередовни менструации, постојат и помалку познати симптоми што може да изненадат многу жени.
Менопаузата е природна фаза од животот на секоја жена и најчесто се јавува на возраст помеѓу 45 и 55 години. Иако е претежно поврзана со добро познати тегоби како што се ментална магла или нередовни менструации, постојат и помалку познати симптоми што може да изненадат многу жени.
Додека некои жени минуваат низ постепена перименопауза, други се соочуваат со ненадејни промени.
Истакнуваме неколку необични симптоми кои можат да укажуваат на почетокот на оваа фаза.
Налети на студ
Покрај познатите топли бранови, некои жени доживуваат ненадејни чувства на студ, како што се треска што трае од неколку секунди до неколку минути. Експертите веруваат дека хормоналните промени во хипоталамусот, делот од мозокот што ја регулира телесната температура, се причина.
Суви очи
Чувството на сувост, печење или заматен вид може да личат на алергии, но често се поврзани со менопауза. Според студија од 2017 година, падот на нивото на тестостерон го намалува производството на солзен филм, што може да биде особено предизвикувачко за жените кои работат на компјутери.
Вртоглавица
Покрај менталната магла, многу жени доживуваат повремена вртоглавица, особено за време на топли тушеви. Причината може да биде промена во нивото на хормони кои влијаат на протокот на крв и рамнотежата.
Горушица
Непријатното чувство на печење во стомакот, често придружено со надуеност или лош здив, може да се влоши за време на менопаузата поради хормонални флуктуации, како и стрес, лоша исхрана или консумирање алкохол.
Кршливи нокти
Ноктите кои стануваат потенки, помеки или лесно се кршат можат да го најават доаѓањето на менопаузата. Ова е последица на намалувањето на кератинот, протеин кој зависи од хормони како што се естрадиол и прогестерон.
фото/Depositphotos

