Контакт

Забава

Единствената земја во светот за која Ентони Бурден знаел дека никогаш нема да ја посети

Објавено пред

Ентони Бурден, најпознатиот кулинарски патеписец, кој неодамна почина, во својата позната ТВ емисија за храната низ светот има јадено срце од кобра додека тоа уште чука и има посетено места каде што многу луѓе не би се осмелиле ниту да стапнат, но сепак кај него постоел неверојатен страв од една, за многумина совршена земја.

Гледачите ќе го паметат Бурден како бестрашен, љубопитен и духовит водител. Тој пропатува низ целиот свет и нема земја каде што не бил. Но дали е навистина така?

Имено, Ентони имал страв да патува во Швајцарија.

Земјата на снежните Алпи, шеширите со пердуви, часовниците со птици и надалеку познато сирење, од непозната причина кај него создавала страв.

Како што е случај со секој друг ирационален страв, Бурден не знаел зошто толку се плаши да патува во Швајцарија, но во една прилика изјавил дека популарното јодлање во многу швајцарски предели уште повеќе му го зголемило стравот.

Бурден го мина својот живот патувајќи низ целиот свет, но Швајцарија едноставно не одговарала на неговиот темперамент. Покрај стравот од Швајцарија, во листата на негови ирационални стравови, Бурден навел и кловнови, мимичари, караоке и стаорци.

Естрада

(Видео) Објавена нова песна на Оливер Драгојевиќ

Објавено пред

Новата песна на Оливер Драгојевиќ со наслов „За твоје добро”, за која текстот го напиша неговиот пријател и колега Златан Стипишиќ Џибони, е достапна на Јутјуб, а фановите на легендарниот пејач се одушевени од оваа нумера која за кратко време доби еден куп позитивни коментари.

„Џибони е гениј. Најдобра можна комбинација се неговите стихови и гласот на Оливер”, „Прекрасен човек, и уште попрекрасна песна”, „Ова е дар од небото”, „Недостигаш капетане, никогаш никој како тебе, нека те чуваат ангелите”, „Колку недостасуваш”,„Без зборови сум”, се само некои од коментарите под песната објавена на Јутјуб.

Пејачот почина на 29 јули годинава, на возраст од 71 година, по битката со ракот на белите дробови, но тој остави зад себе голем број хитови по кои публиката засекогаш ќе го помни.

Прикажи повеќе...

Hitech

(Видео) „Ливајс“ претстави нов модел на паметна тексас-јакна

Објавено пред

Новиот модел на паметна јакна „Жакард“, што е резултат на соработката меѓу компаниите „Гугл“ и „Ливајс“, своите сопственици ги информираа во ситуации кога ќе процени дека тие веројатно си го заборавиле телефонот.

Кога сопственикот премногу ќе се оддалечи од својот телефон, се активира опцијата наречена Always Together (секогаш заедно). Тогаш јакната се активира, односно сензорот вграден на ракавот почнува да свети и да вибрира.

Опцијата испраќа известување што се појавува на телефонот и на сензорот на ракавот.

Пред воведувањето на ваквата автоматска опција, пребарувањето за телефонот можеше да се врши рачно. Сопственикот со одредено движење на раката го активираше сензорот во ракавот, така што телефонот почнуваше да ѕвони.

Освен оваа нова функција, јакната исто така нуди опција за контрола на музички содржини и насоки од популарната услуга „Гугл мапс“. Цената на оваа тексас-јакна во моментов изнесува 350 долари.

Прикажи повеќе...

Забава

Познат готвач откри метод за сечење кромид без солзење на очите

Објавено пред

Никој не знае подобро од главниот шеф на ресторанот да го исече кромидот и тоа брзо и без солзи.

Јутјуб-готвачот Џек Скалфани им покажа на своите следбеници како да исечат кромид без да им солзат очите.

Оставете го кромидот во лушпа и обидете се да пронајдете соодветен нож. Тапите ножеви само ги влошуваат работите, па потрудете се вашиот нож да биде остар. Најдете го срцето на кромидот и исечете круг околу него. Кога ќе го направите ова, само извлечете ја средината од кромидот. Потоа, можете безгрижно да сечкате кромид без солзење на очите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

Димовски до Тевдовски: Престанете со арогантниот однос кон Собранието

Министре Тевдовски, до кога ќе го практикувате овој арогантен однос кон Собранието? Ја напуштате дебатата без збор. Со овие зборови...

Крвав четврток50 минути

Немате поим што се случувало на 27 април, му кажа обвинителката на сведокот кој го предложи Душко Лазаров

На денешното рочиште за судењето за 27 април прв од дополнителните сведоци сведочеше Тони Алексовски, сведок кој го предложи обвинетиот...

Македонија1 час

На судењето за „Тортура“ се емитуваат телевизиските прилози од 2011

На денешното рочиште за случајот „Тортура“, во кој првообвинет е Сашо Мијалков, во судот се презентираат снимки од дневникот на...

Македонија2 часа

(Видео) Активистката Моника Ристеска осудена на две години условна казна

Активистката Моника Ристеска денеска на првото судско рочиште беше осудена на две години условна казна за сторено кривично дело „неовластено...

Европа3 часа

Туск: В четврток самит на ЕУ за брегзит, нови преговори нема

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, вчера изјави дека за в четврток, на првиот ден од самитот на ЕУ во...

Свет4 часа

Руската шпионка Марија Бутина уапсена во САД призна вина

Марија Бутина, која е обвинета од американските власти дека е руски шпион и дека се обидува да влијае на политиката...

Економија5 часа

Од денеска поевтини горива на бензинските

Од ноќеска на полноќ бензините поевтинија за 1,5 денар, а дизелот за 2,5 денари. Со новата одлука на Регулаторната комисија...

Европа15 часа

(Видео) Макрон најави зголемување на минималната плата и даночни олеснувања

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, во долгоочекуваното обраќање до јавноста вети зголемување на минималната плата и даночни олеснувања в година....

Македонија19 часа

Вработени во Министерството за локална самоуправа биле ангажирани како експерти и добиле 36.000 евра

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против четири лица, и тоа Љирим Шабани, поранешен министер...

Македонија20 часа

Кривична пријава против Тодоров и Кралев – осомничени се дека го оштетиле буџетот за 80.000 евра

Поранешните министри за образование и наука, Никола Тодовор и Панче Кралев, се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластувањето...

Македонија22 часа

Имотот на Камчев во Русија, Бугарија и на Бахамите – пречка да излезе од притвор

Фирми во Русија, Бугарија, Холандија, Косово, Србија и Хрватска и офшор компании во даночните раеви се само дел од имотот...

Македонија22 часа

Советот одлучи: Вработените на клинички ќе плаќаат двојно поскап паркинг

Советот на Град Скопје на денешната седница ја усвои Одлуката за изменување и дополнување на ценовникот на услугите што ги...

Топ22 часа

Забелешки за нацрт-законот за амнестија, работната група се консултира

За помалку од еден час заврши состанокот на Работната група за помирувањето, каде во фокус на средбата беше нацрт-верзијата на...

Крвав четврток24 часа

Кацарска до Димитриевски: Каков професионалец сте кога не може да се сетите на ниту една команда од Чавков

Судијката Добрила Кацарска, која го води случајот за 27 април по сведочењето на Никола Димитриевски, поранешно обезбедување на ексдиректорот на...

Македонија1 ден

Затворениците од „Идризово“ почнаа штрајк: Бараме амнестија за сите, не само за упадите во Собранието

Затворениците кои одлежуваат казна во затворот „Идризово“ од денеска штрајкуваат со глад бидејќи не се опфатени со законот за амнестија...

Македонија1 ден

Семејствата на убиените кај Смилковско нема да ги слушаат наодите од судската медицина

Семејствата на петтемина убиени кај Смилковско Езеро нема да присуствуваат на денешното рочиште во кривичниот суд каде што ќе бидат...

Свет1 ден

„Не можам да дишам“ – Си-ен-ен објави транскрипт од последните зборови на Кашоги во конзулатот 

„Не можам да дишам”, се последните зборови што ги кажал саудискиот новинар Џемал Кашоги пред да биде убиен, објави Си-ен-ен....

Македонија1 ден

(Видео) Пулмолозите тврдат дека ќе се зголеми бројот на заболени од рак поради загадениот воздух

Алармантните податоци за загадениот воздух, кои покажуваат дека Скопје е еден од петте најзагадени градови во светот, ги вознемири пулмолозите,...

Крвав четврток1 ден

Вељаноски ќе сведочи за 27 април

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, денеска во Основниот суд Скопје 1 е повикан да сведочи за насилниот упад на...

Европа1 ден

Европскиот суд пресуди: Велика Британија може да го откаже брегзит

Европскиот суд на правдата (ЕСП) пресуди дека Велика Британија може да го откаже брегзит без дозвола на другите 27 членки...

Досие