Контакт

Забава

Ед Ширан го објави новиот албум

Објавено пред

Музичката ѕвезда Ед Ширан го објави својот четврти соло албум „=” во петокот среде самоизолација поради Ковид-19, и најави дека ќе прослави со соло забава.

Британскиот пејач, познат по хитовите на врвот на топ-листите, како Shape of You и Thinking Out Loud, им кажа на фановите претходно оваа недела дека е позитивен на коронавирус и дека ги откажал сите настани за промоција на албумот.

„Очигледно е дека сè уште сум во изолација од ковид, но ве молам да ми кажете што мислите кога ќе излезе. Тоа е најгордото парче од мојата работа што некогаш сум го направил и едвај чекам да го слушнете“, напиша тој на Инстаграм во петокот.

„Ќе имам соло забава вечерва и утре за да прославиме, пуштете на гласно!“

Ширан, кој своите претходни албуми ги именуваше по математички симболи, напиша дека „=” е неговиот омилен аудиозапис, со песни за сопругата и ќерката.

Според музичките критичари, добитникот на „Греми“, кој има продадено повеќе од 150 милиони албуми ширум светот, се задржал на својата формула за успех со искрени, емотивни текстови во неговото ново дело.

Забава

Нема Саманта? Ким Катрал никогаш не била вклучена во оживувањето на „Сексот и градот“

Објавено пред

Ким Катрал никогаш не била вклучена во новата сезона на „Сексот и градот“.

65-годишната актерка, која ја глумеше промискуитетната Саманта Џонс во оригиналната хит-серија и двата последователни филмови, не била планирана за новото поглавје „И едноствно така…“ бидејќи таа не сакала да продолжи да го игра ликот.

Сценаристот Мајкл Патрик Кинг изјави: „И едноставно така…“ никогаш не беше четири ликови. Никогаш не беа четри на радарот бидејќи Ким Катрал, од која било причина, не сакаше повеќе да ја игра Саманта додека го правевме третиот филм.

Сепак, Кинг (67) брзо ја отфрли секоја идеја дека ликот на Саманта навистина го нема, иако таа нема да се гледа покрај Кери Бредшо (Сара Џесика Паркер), Шарлот Јорк Голденблат (Кристин Дејвис) и Миранда Хобс (Синтија Никсон) во претстојното рестартирање.

Во интервју за „Холивуд репортер“, тој додаде: „Има празнина што треба да ја пополнам затоа што Катрал не е на бродот. Саманта не постои во нивните животи. And Just Like That … се роди од овие три лика: каков е нивниот живот и кого можам да доведам да информира за тоа.“

Оригиналната серија – која се емитуваше од 1998 до 2004 година – создаде два спин-оф филмови, а третиот беше во продукција, но беше откажана откако Ким стана незаинтересирана за проектот.

Прикажи повеќе...

Забава

Меган Маркл извојува правна победа против британски весник

Објавено пред

Издавачот на „Мејл он сандеј“ ја загуби правната битка за да ја поништи пресудата на Високиот суд дека ја нарушил приватноста на Меган Маркл со објавување делови од писмо што таа му го напишала на својот отуѓен татко.

Војвотката (40) го тужеше Associated Newspapers Limited (ANL), исто така издавач на „Мејл онлајн“, поради пет написи кои репродуцираа делови од „лично и приватно“ писмо до Томас Маркл (77) во август 2018 година.

Таа го доби случајот претходно оваа година кога судија на Високиот суд донесе одлука во нејзина корист без потреба од судење. Но, ANL поднесе жалба со образложение дека треба да има судење поради тврдењата на Меган.

Апелациониот суд во Лондон денес наутро ја отфрли жалбата.

Отфрлајќи ја жалбата, судиите на апелациониот суд сер Џефри Вос, Викторија Шарп и лорд Џастис Бин ја потврдија одлуката на лорд Џастис Ворби да донесе пресуда по скратена постапка, и пресудија дека војвотката има „разумно очекување за приватност“ во содржината на писмото.

„Тие содржини беа лични, приватни и не беа прашања од легитимен јавен интерес“, рече сер Вос во резимето на пресудата прочитана на глас.

Прикажи повеќе...

Забава

Ирина Шајк изгледа совршено на премиерата на „Алејата на кошмарите“

Објавено пред

Ирина Шајк го украде шоуто на светската премиера на ноар-трилерот на Гиљермо дел Торо „Алејата на кошмарите“ (Nightmare Alley) во средата во Њујорк, каде што се појави во знак на поддршка на својот поранешен партнер, ѕвездата на филмот, Бредли Купер.

Покажувањето на поддршка доаѓа во време на шпекулации дека поранешниот пар можеби повторно се здружил по низата јавни излегувања со нивната ќерка Леа (4), а Бредли (46) очигледно не сака да ги демантира ваквите тврдења кога ја нарече нејзината поддршка „посебна“ во кусото интервју за „Ентертеинмент викли“ на црвениот тепих.

Манекенката (35) доминира во атрактивна креација на црвениот тепих на кој ги засени присутните филмски ѕвезди.

Таа изгледа сензационално во стилски црн костум со пругаст дезен.

Палтото со двојно закопчување го носи отворено за да открие што има под него – впечатлив топ од црна кожа што го истакнува деколтето и едвај ги покрива градите.

Русинката  го комплетира својот изглед со црни чевли со високи потпетици.

Една од најубавите жени на светот веќе со години е заштитно лице на повеќе луксузни брендови. Харизмата со која зрачи и беспрекорната фигура се заслужни за големиот успех на модната сцена.

Нејзиниот поранешен партнер и човекот на вечерта Бредли на себе има елегантен црн костум со тенки ревери. Костимот го спои со класична бела кошула и тенка црна вратоврска.

Минатиот месец еден инсајдер забележа дека парот се зближува со заедничкото родителство, што ги подгрева шпекулациите за повторно обединување.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет14 минути

Стапија на сила санкциите на САД, ЕУ, Британија и Канада кон Белорусија

САД, Европската Унија, Велика Британија и Канада воведоа нови санкции за белоруски физички и правни лица. САД воведоа ограничувања за...

Македонија1 час

Денеска ќе пристигнат посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во Бугарија

Денеска се очекува со два воено-транспортни авиони да пристигнат посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во трагичната автобуска несреќа...

Свет11 час

Омикрон има способност да избегне имунитет од претходна инфекција со коронавирус, предупредуваат научници

Омикрон има значителна способност да избегне имунитет од претходна инфекција со ковид, покажува првата вистинска студија во светот за ефектот...

Европа13 часа

Британија со речиси 54 илјади нови случаи во еден ден, највисока бројка по Европското фудбалско првенство

Велика Британија забележа 53.945 нови случаи на коронавирус – највисока дневна бројка од средината на јули по Европското фудбалско првенство....

Регион14 часа

Бугарските истражители: Познати причините за пожарот во автобусот во кој загинаа 45 луѓе

Познати се причините за пожарот во автобусот што се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија. Ова го соопштија обвинителот Бисер...

Свет15 часа

Maж облечен како нинџа со меч нападна две полицајки во Франција

Маж облечен како нинџа нападнал со меч и повредил две полицајки во францускиот град Шербур, а досегашните податоци не укажуваат...

Македонија18 часа

333 нови случаи на Ковид-19 и 16 починати за 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.440 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на...

Европа20 часа

Курц се повлекува од политиката: Не сум ниту светец, ниту злосторник

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц се повлекува од политичкиот живот, објавија австриските медиуми. Курц денеска излезе пред новинарите и најави...

Економија21 час

Цената на кесите да се зголемува постепено, примената на законот да се одложи, бараат стопанските комори

Заштитата на животната средина и одржливо располагање со ресурсите е важен општествен приоритет, но за оваа цел да биде реализирана...

Македонија23 часа

Јовески: Oбвинителите и судиите да работат непристрасно и професионално

Предизвикот на обвинителите и судиите во битката за обезбедување на владеењето на правото и еднаков пристап до правдата е секојдневен....

Европа23 часа

Зголемени тензиите на Западен Балкан, предупредува Столтенберг

Тензиите на Западен Балкан се зголемени , вклучително и во БиХ и Косово, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг....

Македонија1 ден

Сарафов: Идентификувани се сите 45 жртви од автобуската несреќа на автопатот Струма

Заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов за БТА изјави дека веќе се идентификувани сите 45 жртви...

Свет1 ден

Гутереш: Затворањето на африканските граници поради омикрон е неправедно

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, рече дека затворањето на границите поради новиот сој на коронавирус омикрон е многу неправедно,...

Македонија2 дена

(Видео) Во СДСМ и во Алтернативата неделава партиски консултации за преговорите помеѓу Заев и Гаши

Се очекува до крајот на оваа недела да се обезбеди усогласување за влез на Алтернативата во Владата. Партиските тела на...

Македонија2 дена

(Видео) Имаме напредок, рече Гаши по средбата со Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на Алтернативата, Африм Гаши, по четири часа средба, заедно го напуштија Клубот на...

Македонија2 дена

Нови 410 заразени со Ковид-19, починале 11 луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.674 тестирања,...

Свет2 дена

СЗО со прва проценка за омикрон – заразените се со благи симптоми

Раните индикации сугерираат дека повеќето случаи на омикрон имаат благи симптоми, изјави претставник на Светската здравствена организација. Зборувајќи во име...

Македонија2 дена

Владата предлага да се продолжи кризната состојба за уште 6 месеци

Владата го утврди текстот на предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со...

Македонија2 дена

Ковачевски ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ – побара поддршка од членството и граѓаните

Заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски, поднесе кандидатура за претседател на СДСМ. Тој кажа дека поднел и програма која се базира...

Македонија2 дена

Филипче: Не се исклучува задолжителна вакцинација доколку не помогнат апелите на матичните лекари

Само со апели од матичните доктори, без дополнителни мерки ќе се стимулира вакцинацијата и спречувањето на ширење на коронавирусот. Ова...

Досие